Author: Media Point

Крвавиот распад на поранешната заедничка држава пред речиси три децении исфрли на површината примери кога беа манифестирани најниски човекови особини, години обележани со злосторства извршени од различни побуди на сите страни, честопати и заради проста омраза кон различното. Но, и во тие тешки времиња на хаосот има светли примери што говорат за човечноста, за хуманоста, за вербата во доброто во луѓето, барем кај поединци… Таков е примерот на Љупчо Атанасов, младиот офицер од Охрид од поранешната ЈНА, човекот што од извесна смрт спаси 70-тина лица од озлогласениот притвор „Велепромет“ во Вуковар. Човекот што оние што му го должат својот живот…

ПОВЕЌЕ ...

Кочани  неможе економски да им парира не  само  на  еднаквите  туку и на општините што се далеку помали од него.  Стопанскиот чекор на Кочани изгуби и долги години резервираното второ место во Источниот регион.   Сега, пред Кочани   се  Виница  и Прибиштип а според  анализите на Фактор дури и Македонска Каменица. Што за ова вели градоначалникот Николчо Илијев? „Таа е во една стабилна сосотојба. Единствениот проблем со кој се соочуваме е недостиг на работна сила која ќе одговори на потребите на бизнис секторот. Во овој момент можам да  кажам дека најголемиот проблем го имаме во текстилството кои се соочуваат со големи…

ПОВЕЌЕ ...

Земјотресот кој околу 4 часот утрово се случи во градот Драч во соседна Албанија причини материјална штета и вознемири многу од граѓаните во оваа земја и засега нема информации за повредени луѓе или жртви. Приморскиот град е без струја по земјотресот со јачина од 6.4 степени според Рихер, а потресот беше почувствуван во Скопје и делови од Македонија. Следете не на Instagram и Facebook, или да бидете наш subscriber на Youtube.

ПОВЕЌЕ ...

Нова магична претстава на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ и 11-та победа на Далас Маверикс во тековната сезона од НБА лигата. Синоќа во дербито на денот, кошаркарите на Далас одиграа импресивен шутерски меч на гостувањето кај Хјустон и однесоа убедлива гостинска победа од 137:123. Дончиќ и компанија обезбедија и петта последователна победа која ги искачи на 4. место во Западната конференција, додека „ракетите“ го претрпеа и шестиот пораз. Словенечкиот ас средбата ја заврши со 41 поен, додаде 10 асистенции и реализираше шест скока, а од друга страна, првиот стрелец на лигата, Џејмс Харден, постигна само 32 поени со исклучително лоша статистика…

ПОВЕЌЕ ...

Победник на детската Евровизија со најмногу освоени бодови е 15-годишната претставничка на Полска, Вики Габор, на второто место се најде Казахстан, а како третопласирана заврши Шпанија. Нашата Мила Москов со добиени 150 бодови го освои шестото место на детската Евровизија. Песната „Fire“ Мила ја отпеа маестрално. Со својата изведба 14-годишната Мила ги воодушеви сите присутни и измами огромен аплауз. Досегашни пласмани на нашите натпреварувачи: 2003 Марија и Викторија „Ти не ме познаваш“ 12 место 2004 Мартина Силјановска „Забава“ 7 место 2005 Денис Димоски „Роденденски бакнеж“ 8 место 2006 Зана Алиу „Вљубена“ 15 место 2007 Росица Кукалова и Димитар Стојменовски „Динг…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25.11.2019 година – Времето во текот на ноќта и изутринава беше облачно со повремени врнежи од дожд. Во Маврово и Крушево е магловито со намалена видливост. Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2). Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 11 до 14 степени. Во Македонска Каменица, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

ПОВЕЌЕ ...

Многу нешта луѓето ги прават механички, без да обрнуваат внимание на детали и финеси, а тоа важи и за првото утринско кафе, кое многумина традиционално го пијат дома, пред да ги започнат дневните обврски. Ова се неколку супер трикови благодарение на кои ќе ја совладате техниката на варење совршено турско кафе. Изборот на кафе Било да го купувате свежо мелено или пакувано, обрнете внимание на аромата, но и пената која се создава при варењето. Ако е густа и богата, тоа значи дека се работи за квалитетно кафе. Испробувајте, додека да го најдете она кое ви одговара. Пената која се создава…

ПОВЕЌЕ ...

Сензација на Каменица Саса со голот на Здравков во Штип. Со еврогол успеа да ги замолчи штипјани и тоа, токму на роденденот на „фалангата“. Брегалницаодигра само 1:1 против Саса, во екстра значаен меч за штипските „сини“. Брагалница загуби два големи бодови во битката за првото место, а Саса со добрата игра фаќа приклучок кон горниот дел на табелата. Најголем  виновник за вчерашната сензација на Саса е штипјанецот Горан Здравков, миленикот на публиката кој вечерва во Штип во дресот на Саса постигна супер гол од 25 метри. Значи Здравков и Саса просто ја расплакаа Брегалница, која сега може да жали и…

ПОВЕЌЕ ...

На 22.11.2019 во 21,30 часот на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Корса“ со винички регистарски ознаки, управувано од К.И. (19) од Виница, патничко моторно возило „Ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Т. (20) од Виница, и патничко моторно возило „Цитроен“ со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.И.(34) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.И. и М.Т., кои биле пренесени во општата болница Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 22.11.2019 година – Општина Македонска Каменица распиша тендер за доопремување на Товарно возило тип Great Wall Steed 5 Доопремата вклучува инсталирање на агрегатна високопритисна противпожарна пумпа, витло со млазница и резевоар за вода и пенило. Со ова општина Македонска Каменица ќе задоволи дел од потребите на ТППЕ за непречено интервенирање и во најоддалечените рурални средини и планински простори на територија на општината. Ќе се зголеми ефикасноста на единицата и безбедноста на граѓаните и нивните имоти ќе биде на повисоко ниво. Целосниот Јавен оглас можете да го погледнете овде.

ПОВЕЌЕ ...