Author: Media Point

Како жена градоначалник, за да ги задоволите очекувањата на граѓаните, треба да направите два пати повеќе од маж градоначалник November 27, 2019 Градоначалничката на Општина Македонска Каменица во разговор за ЦИВИЛ Медиа, зборуваше за младите и можностите кои Општината им ги става на располагање на младите во Македонска Каменица, но и за предизвикот да се биде жена градоначалничка во мала општина. Нашата Општина годинава доби признание од Глобал Локал за креирање на поволна бизнис клима и креирање клима за претприемништво. Ова награда ја добивме како резултат на заложбите кои ги направивме овие две години да ги поттикнеме младите на претприемнички…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27.11.2019 година – Детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица во соработка со родителите и дечињата на 25. Ноември ја започна организацијата на хуманитарната акција „Од дете за дете“. Од детската градинка изјавуваат дека, собирањето и распределувањето на обезбедениот хуманитарен материјал ќе биде координиран од Совет на родители во ЈОУДГ „Бамби“. Акцијата започна од 25. Ноември, а ќе трае до 05.Декември. Акцијата е организирана со цел да им помогнеме на дечиња од социјално ранливи категории преку подарена облека, храна, играчки, постелнина и друго. Од детската градинка „Бамби“ ги повикуваат родителите во текот на наредните денови до детската градинка „Бамби“…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27.11.2019 година – Општина Македонска Каменица ја продолжува практиката за хуман третман на кучињата-скитници. Од почетокот на Договорот за заловување и хумано третирање на кучиња, според однапред утврдена годишна динамика, извршено е заловување на вкупно 48 кучиња по пријави од граѓаните. При последното заловување извршено на 21.11.2019 година се заловени 8 кучиња. Заловувањето го врши Ветеринарно-сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово, со кој согласно тендерската постапка, општината склучи договор во врметраење од една година и направи план и динамика за спроведување на оваа активност. Согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, заловените кучиња првин се стерилизираат, кастрираат…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.11.2019 година – Просторот на едниот излез од Македонска Каменица, кој во изминатиот период беше опфатен со неколку еко акции спроведени од страна на вработените во општина Македонска Каменица, институциите во градот, граѓаниски организации, спортски клубови и здруженија на граѓани, во соработка и логистичка поддршка од ЈП Камена Река, повторно е целиот во шут и отпадоци од несовесни граѓани и минувачи. Иако просторот го опремивме со контејнер за отпадоци, натписи кои укажуваат дека е забрането фрлање на отпад, тоа не влијае во голема мера кај граѓаните со ниска еколошка совест. Како што можете да видите и на приложените…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.11.2019 година – Вчера поставените клупи од страна на ЈП „Камена Река“ со поглед кон Калиманско Езеро, денес веќе ги нема. Истите се отстранети заедно со поставените бетонски постаменти. Оваа урбана опрема беше поставена со цел, на ова попатно место за одмор да му дадеме еден сосема поинаков лик, а во наредниот париод во соработка со ЈП Државни патишта просторот да биде осветлен и доопремен со дополнителна урбана опрема и соодветна сигнализација, изјавија од ЈП Камена Река – Македонска Каменица Ние како претпријатие задолжено за одржување на урбаната опрема, чистотата и зеленилото во градот со вакви облици на…

ПОВЕЌЕ ...

Поради сообраќајна незгода на патот Македонска Каменица – Делчево кај село Очипала сообраќајот е во прекин. Товарно возило од засега непознати причини се превртело и го блокира сообраќајот. Возачи јавуваат дека станува збор за возило на Штипска млекара.   -Овде сме од 10 часот, патуваме за М.Каменица и наидовме на блокиран пат. Комби превретно стои на патот и се чека да заврши полицискиот извештај. не ја знаеме причината освен што се гледа дека е мало товарно возило на Штипска Млекара, велат очевидци.   Од полицијата во Делчево детали најавуваат во текот на денешниот ден. Според првични информации од Здравствен дом…

ПОВЕЌЕ ...

Британскиот комичар Саша Барон Коен истакна дека доколку „Фејсбук“ би постоел во 30-тите години, би му дал простор на Хитлер за неговите антисемитски убедувања. Во својот говор, кој го одржа во Њујорк, комичарот ги критикуваше и „Гугл“, „Твитер“ и „Јутјуб“ дека на милијарди луѓе им пласираат апсурди. Говорејќи на самитот „Никогаш е сега“ во организација на Лигата против клевети, комичарот го критикуваше основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, кој во октомври го бранеше ставот на неговата компанија да не ги забрани политичките реклами што содржат лаги. – Ако му платите, од „Фејсбук“ ќе ја емитуваат која било „политичка“ реклама што…

ПОВЕЌЕ ...

Од синоќа на полноќ бензините ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се точат по повисоки цени за 0,5 ден/лит. Нивната цена ќе биде 68.50, односно 70.50 денари. Еуродизелот ќе се намали за 1 денар, па ќе се продава за 61 ден/лит. Ова е одлуката на регулаторното тело кое стапува на сила на полноќ и ќе трае до следниот понеделник.

ПОВЕЌЕ ...

Бројот на загинати во земјотресот што рано изутринава ја погоди Албанија се искачи на 7. Како што пренесуваат агенициите, една од жртвите е жителка на селото Тумане, а маж од Курбин загинал откако во паника скокнал од прозорецот на зградата. Тројца загинати се од градот Драч, а за двајца се уште нема официјални информации. Земјотресот со сила од 6,4 степени што изутринава, околу 04:00 часот ја погоди Албанија. Земјотресот бил регистриран 30 километри западно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

ПОВЕЌЕ ...

ЈП КАМЕНА РЕКА ПРОИЗВЕДУВА ОРГАНСКО ЃУБРИВО ВО КОЛИЧИНИ КОИ ГИ ЗАДОВОЛУВААТ ГОДИШНИТЕ ПОТРЕБИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО Македонска Каменица, 26.11.2019 година – Од ЈП Камена Река изјавуваат дека „продолжува акцијата за активно собирање на листопадните лисја од јавните повшини. Покрај подобрената чистота во градот, ЈП Камена Река во соработка со општина Македонска Каменица дополнително  обезбедува производство на доволни количини од органско ѓубриво за сопствени потреби“. „За таа цел, наместо на градската депонија, околу 180 метри кубни суров материјал ќе бидат складирани и комостирани во специјално прилагодени простори. Компостот првенствено ќе биде употребуван во цветниот расадник на Јавното претпријатие, каде годишно се произведуваат…

ПОВЕЌЕ ...