
Македонска Каменица, 18.12.2019 година – Вработените и учениците при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица започнаа со Новогодиншното украсување на школскиот двор и внатрешноста на училиштето.
Новогодишната еуфорија е веќе присутна како помеѓу учениците,така и помеѓу вработените во училиштето. Ова што можете да го видите на сликите е изработено со кративноста на учениците, а водени под импресија од претстојните Новогодишни и Божиќни празници. Реализацијата на оваа активност на учениците е под водство на професорката по текстилни предмети Данче Донева Гоцевска, – се вели во кратката објава на социјалните медиуми
Целосната фотогалерија со кративни декорации од учениците можете да ја видите тука.

