Author: Media Point
Од денеска почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата. -Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем…
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека секоја фирма за која ќе се докаже дека екстра-профитирала на име на здравјето на граѓаните и актуелната ситуација со коронавирусот ќе биде национализирана. Владата претходно ги замрзна цените на основните производи. Потоа ја врати цената на повеќе производи на вредноста од 11 март, пред да почнат да скокаат цените поради зголемената побарувачка. Најпрво скокна цената на заштитните маски. Потоа забележлив беше скокот на цената и кај лимоните, кои достигнаа цена и по 180 денари за килограм, а пред кризата се продаваа по 70-тина денари
На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека има прв смртен случај од корона вирус во Македонија. Се работи за жена 57 години од Куманово. Навремено биле земени два теста и двата биле негативни, но и покрај негативните тестови таа била третирана во изолација. Во моментов нејзиниот син е исто така во изолација.
Утрово во 06:23 минути силен земјотрес го погоди Загреб и околината. Епицентарот бил на 6 километри од главниот град со јачина од 5,3 степени според Рихтер. На видеото може да се видат материјални штети предизвикани од земјотресот, а додека трае снимката на новинарката од Загреб, следи уште еден земјотес. Погледнете:
Табелата која ја прикажуваме во продолжение ја покажува разликата меѓу народ кој ги почитува препораките и дисциплинирано се преодржува кон нив и оние кои не го прават тоа.
Сите што сакаат да бидат хумани и да помогнат во спречувањето на коронавирусот, да се тргнат настрана, да ги остават стручните и надлежните да си ја вршат задачата. Работа на докторите е да даваат третман, да прават анализа, да ги интервјуираат пациентите, потенцијално заболените или луѓето кои биле во конаткт со нив, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче. Според Филипче, хуманитарни акции може да се спроведуваат за хронично болните кои се самоизилирани во домашни услови, а не се ризични во однос на коронавирусот. Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот информира дека веќе е одржан состанок со директори…
Во согласност со мерките и препораките усвоени на 23 Седница на Влада на Република Северна Македонија и заклучоците на состанокот на Кризниот штаб на општина Македонска Каменица поради коронавирусот, ЈП „Камена Река“ како претпријатие задолжено за јавна чистота, во овие вонредни услови спроведува дезинфекција на сите градски и приградски улици, јавни површини, забавни паркови, шетачки патеки и урбана опрема. За подобра ефикасност во справувањето со коронавирусот Кризниот штаб на општина Македонска Каменица на станарите од колективните живеалишта им наложува секојдневно да ги чистат заедничките простории со средство кое можат бесплатно да го добијат од Јавното претпријатие. Исто така граѓаните кои…
„Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот“ напиша премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук. „Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, напиша тој.
Почитувани сограѓани, Со почеток од 15:30 часот, се одржа состанок на Кризниот штаб на општина Македонска Каменица за спречување и ширење на заразата со вирусот Ковид – 19. На состанокот беше разгледана моменталната состојба предизвикана од појавата на Ковид – 19 во нашата држава. Исто така, од страна на МВР беше соопштена инфомацијата за бројот на лица во самоизолација на територијата на општина Македонска Каменица и моменталните прилики при спроведувањето на јавниот ред и мир во вонредни услови. Во согласност со мерките и препораките на Влада на Република Северна Македонија, на состанокот беа донесени следниве препораки и заклучоци: 1. Преку…
Македонска Каменица, 20.03.2020 година – Согласно заклучоците донесени на 23 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март, а поради спречување на опасноста од ширење и зараза со Ковид – 10 вирусот, општина Македонска Каменица ќе работи со скратено работно време во периодот од 08:00 до 12:00 часот секој работен ден. Претходно донесената забрана за влез на странки продолжува да важи: Поради тоа ги известуваме странките кои имаат потреба и соработка со ЕЛС Македонска Каменица, преку електронски пат да ни се обратат во наведениот период од денот.
