Author: Media Point
Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, ги известуваме сите вработени и работодавачи дека претходно обезбедените потврди издадени од градинките, основните училишта и центрите за социјална работа за корисниците на услугата дневен центар за деца/лица со попреченост, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение), продолжуваат да…
Министрите за надворешни работи и европски прашања го отворија патот на земјата кон полноправно членство. Одлучија безусловнo да одобрат почеток на преговори на денешниот совет на министри за надворешни работи. Заложбите дека Европската комисија ќе ја збарза работата гаранции даде и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, честитајќи им на Македонија и Албанија за добиената препорка за преговори. „Им честитам на двете земји за кои земјите-членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори, со ова го враќаме во колосек прашањето на проширување на ЕУ. Обете земји ја забрзале работата од октомври 2019 и испорачаа резултати на многу полиња. Северна…
Изминативе два дена преку матичните лекари биле закажани 170 термини за тестирање за коронавирус, а со тоа зафатени сите термини за тестирање во следните два – три дена, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Поради големата потреба за тестирање, а за да се излезе во пресрет на сите пациенти, министерот Филипче најави мобилна екипа за земање брисеви. – Со оглед на тоа што стигнуваат голем број барања за тестирање воведуваме уште еден модел за земање брисеви. Тој ќе биде во функција од утре пробно, а веќе од четврток и целосно. Се работи за мобилно тестирање, со возила од здравствените домови.…
Македонска Каменица, 24.03.2020 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова за „Каменица.Мк“ соопшти дека на територија на општината има 12 лица кои се во самоизолација со изјава, поради тоа што се вратени од странство, но нема лица со решенија за карантин -Мерките од Владата и Министерството за здравство главно се почитуваат и спроведуваат. Нема лица со решенија во карантин. Има 12 луѓе со изјава кои се во самоизолација, бидејќи патувале во странство. Во соработка со МВР им укажавме на граѓаните дека не смеат да се собираат за време на пандемијата, – изјави градоначалничката Стаменкова За спроведувањето…
Македонска Каменица, 24.03.2020 година – Oпштина Македонска Каменица обезбеди производство на 4 000 медицински заштитни маски за потреби на Општината, граѓаните и службите вклучени во борбата против коронавирусот. Повеќенаменските маски првично ќр бидат наменети за потребите на полицијата, медицинските лица, комуналните работници и пожарникарите. Платнени повеќенаменски маски ќе им бидат делени и на учениците од основно и средно образование, волонтерските мобилни тимови формирани од општината, на лицата од Дневниот центар, на Здружението на пензионери, хронично болните и на сите лица од социјално ранливите категории. Во моментов се изработуваат околу 4000 парчиња маски, од платно за повеќекратна употреба, а според потребите…
5 минути факти: Има резерви на производи кои се чуваат во тајни складишта Коронавирусот живее на студено, но и во топли, а и влажни реони, изјавија од Светската здравствена организација за емисијата „5 минути факти”. Вирусот кој константно се шири може да биде уништен на топло и на суво време. Екипата на „5 минути факти“ направи емотивна сторија за пациентка која е заболена од коронавирусот и во моментов е на Инфективната клиника во Скопје. „Ме земаа од дома, ме донесоа на Инфективната клиника, ме прими комплетно опремен персонал. Да се биде позитивен на коронавирусот не значи дека че се умре,…
Според Чанг пандемијата би можела да биде запрена доколку целиот свет престане да се движи четири недели Борбата против новиот коронавирус во Европа би можела да потрае до две години, изјави шефот на тимот медицински експерти за Ковид-19 од Шангај, Чанг Венхонг. Тој преку видео-конференција изјави дека е „совршено нормално“ вирусот да се појавува и исчезнува и пандемијата да трае една или две години. – За да најдеме решение за ширењето на заразата во краток временски период, мерките мора да бидат екстремно радикални – посочи Чанг. Според Чанг пандемијата би можела да биде запрена доколку целиот свет престане да…
Колку родителите се обучени за родителство? од Деца.мк на March 24, 2020 Многу работи може да се менуваат, но со семејството почнуваме и завршуваме. Со раѓањето на детето родителите ја преземаат најтешката работи – одговорност за детското физичко и психичко здравје и одгледување за тоа да стане продуктивен граѓанин подготвен на соработка и способен да придонесе во општеството во кое живее. Има ли потешка работа од родителството? А колку родители се обучени за тоа? На тоа би требало да се сетат оние што за сè што ќе направи детето, ги обвинуваат родителите. Квалитетната соработка меѓу училиштата и родителите овозможува континуирано следење…
Ловното друштво „Каменица Саса“ во континуитет врши прихрана на дивечот Ловното друштво „Каменица Саса“ во целиот изминат зимски период вршеше прихрана на дивеч во подрачјето кое е под концесија на Друштвото. Најголем помагател за набавка за храна за дивечот е Рудник „Саса“ и од Ловното Друштво упатуваат огромна благодарност за компанијата која со години ги помага речиси сите локални акции, активности и настани. Ловното друштво „Каменица Саса“ упатува молба до сите ловци да не ги пуштаат нивните ловни кучиња на теренот , со што ќе се спречи вознемирување на дивечот кој е во период на размножување. Исто така, од ЛД…
Многу е важно е да се почитуваат и укажувањата и рестрикциите и за дневни движења, истакна претседателот на Владата Оливер Спасовски, при синоќешниот увид на неколку полициски пункта непосредно по стартувањето на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија од 21 до 6 часот наутро. Одговорноста е на сите нас. Не е само на здравството, на полицијата, на армијата, туку оваа мерка треба да ја почитуваат сите граѓани на нашата земја. Колку поодговорно се однесуваме, толку поодговорно ќе се справиме со целата оваа ситуација. Јас во оваа прилика апелирам до секој граѓанин на одговорност, апелирам да останат…
