Author: Media Point
Денешната Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела. Овој ден во некои краишта на Македонија е познат под името Умрело дете за баничка, а во други Умрело дете за кора.Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете што гледајќи како богатите носат секој ден на фурната сукани јадења, побарало од мајка му да му меси баничка. Мајка му, бидејќи немала брашно, постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи плачело и умрело. Во спомен на тој ден и детето, на овој ден се меси баничка,…
Лионел Меси во интервју за „Мундо Депортиво“ ги отфрли сите шпекулации дека е решен да ја напушти Барселона по сите оние турбулентни денови. Тој го даде првото интервју по јавната кавга со спортскиот директор, Ерик Абидал. „Не знам што се случи со тој човек, но морам да му одговорам оти се чувствувам нападнат. Не само јас, туку цел тим. Се зборува за носење на нови играчи, менуваат тренери, да сум моќен…Секако дека тоа ми е проблем кога така размислува директорот. Навистина е лудо да кажеш дека играчите го смениа тренерот. Абидал е директор и тој мора да ја превземе одговорност,…
Признавањето на сторено дело се нарекува „кралски доказ“, бидејќи безмалку се изедначува со законската пресуда. Затоа е чудно што невините луѓе, понекогаш, се инкриминираат себеси, признавајќи нешто што всушност не го сториле, пишува „Лајв саенс“. Поновите истражувања покажуваат дека во изминативе 60 години, повеќе од 300 мажи и жени откако минале поминале години во американските затвори поради злосторства што ги признале, а не ги сториле, пред да бидат ослободени. Овие податоци се од Националниот регистар за помилување, програма што е водена од универзитетот „Калифорнија“, Правниот факултет на Универзитетот во Мичиген и Државниот универзитет во Мичиген. Овие податоци покажуваат зголемување од…
Македонска Каменица, 20.02.2020 година – На неколку локации во градското подрачје, како и во неколку населени места, во Македонска Каменица вчера заврши акцијата за заловување на кучиња скитници. Акцијата, како што информираа надлежните, се спроведе врз основа на Договорот склучен со ветеринарна служба од Куманово. – Кучињата скитници кои беа затекнати, како во градот, така и во дел од населените места, беа успешно заловени од страна на ветеринарната служба. 1Вкупно 11-те заловени кучиња, во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, а ќе следува и третирање со вакцинација и кастрација, информираат надлежните. Тие најавија дека постојано се спроведуваат акции…
Македонска Каменица, 20.02.2020 година – Вчера, во Министерството за економија градоначалничката Соња Стаменкова заедно со министерот за економија Крешник Бектеши присуствуше на потпишување на Договорите за Јавно- приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување општина Македонска Каменица како корисник и ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје. Овој проект е дел од Регионална Програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор, преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестиционата рамка на Европската Унија за Западен Балкан. Изјава на градоначалничката Стаменкова и…
Македонска Каменица, 18.02.2020 година – Денес во Домот на култура во Македонска Каменица Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор за управување со ИПАРД фондови одржа Инфо ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020. Присутните граѓани на општина Македонска Каменица покрај можноста за поставување на прашања имаа можност да се запознаат со ИПАРД можностите за рурални средини. Денешниот Инфо ден е одлична пракса на МЗШВ и можност граѓаните да се запознаат со начините за диверзификација на фарми, развој на бизниси и со начините со кои…
Откако во петокот и официјално беа пуштени во употреба блоковите В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за сместување студенти во овие два блока. Електронско пријавување почна вчера и ќе трае до 24 февруари. Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни во В и Г се 408 легла. Во конкурсот се наведени условите за аплицирање, потребните документи и рокот за нивно доставување во МОН. Конечниот список за прием на студентите треба да биде објавен на 14 март 2020. Со реновирањето на блоковите В и Г, целосно обновен и воедно енергетски ефикасен е…
Македонска Каменица, 18.02.2020 година – На 20. февруари,четврток, со почеток од 19:00 часот во Домот на култура, каменичани ќе имаат можност да проследат невообичаена театарска претстава која изобилува со импровизации, спонатаност и интеракција со публиката. Станува збор за Импров Настап, во кој актерите ќе играат сцени за кои немаат сценарио, но имаат правила, во зависност од играта. Овој вид на ‘целовечерна претстава без сценарио ѝ дава можност на публиката директно да учествува во создавањето на содржината преку задавање на локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите тогаш, за прв пат, ќе ги одиграат. Билетите по цена од 100 денари…
Македонска Каменица, 18.02.2020 година – Шумското стопанство Голак ги известува сите заинтересирани граѓани од Македонска Каменица дека можат да започнат со пријавување за огревно дрво за грејната 2020/2021 година од 18.02.2020година до 31.03.2020 година. Овозможено е плаќање во готово и на рати. Пријавувањето се врши директно во просториите на шумското стопанство во Македонска Каменица (Цинкара). Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации на телефонскиот број +389 071/206-898
Времето утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер. В среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне. Како што соопшти УХМР, в среда утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од 9 до 16 степени. Слично време ќе има и наредните денови. В недела утринската температура ќе…
