Author: Media Point

Македонска Каменица, 01.04.2020 година – Продолжуваат хуманитарните активности на каменичките општествено одговорни компании. По обезбедените прехрамбени продукти за потребите на локалната самоуправа, кои ќе бидат поделени на социјално ранливите категории граѓани, Ресторан „Шизик“ продолжува со хуманитарните активности во насока на обезбедување на заштитни медицински маски за јавните локални установи директно вклучени во борбата против коронавирусот. Ресторан „Шизик“ за потребите на Полицијата, Итната медицинска станица, Територијалната противпожарна единица, Шумската полиција и ЈП „Камена Река“ првично обезбеди 600 заштитни медицински маски. Ова претставува одличен пример за општествена одговорна компанија која во овие тешки моменти, по повикот за солидарност и одговорност од општина…

ПОВЕЌЕ ...

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека по направените тестови едно лица од Кочани се покажало дека е позитивно на тестовите од Ковид – 19. Мажот на околу четириесетгодишна возраст се пријавил за тестирање по што тестовите покажале дека е позитивен. Не е позната причината како се заразил но сепак сега се прават дополнителни анализи за да се утврди со кого заразеното лице било во контакт.

ПОВЕЌЕ ...

Започна акцијата за делење на заштитни маски за граѓаните во Македонска Каменица Македонска Каменица, 01.04.2020 година – Со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, општина Македонска Каменица денеска ја започнаа акција за бесплатно донирање на заштитни маски за секое домаќинство. Во акцијата се вклучени неколку мобилни тимови од вработени во општина Македонска Каменица. Маските обезбедени од општина Македонска Каменица во соработка со Рудник Саса денес ќе добијат граѓаните од колективните станбени живеалишта. Во текот на утрешниот ден акцијата продолжува со делење на заштитни медицински маски за домаќинствата во индивидуалните живеалишта и ќе продолжи во селските средини. Од…

ПОВЕЌЕ ...

Мерцедес за една недела направи уред кој може да ги замени респираторите За помалку од една недела направен е апарат за помош при дишењето кој може да им помогне на пациентите да избегнат интензивна нега, јавува Би-би-си. Инженерите на Лондонскиот универзитет работеле со британски УЦЛХ и Мерцедес Формула 1 на изработка на апаратот кој доставува кислород во белите дробови без потреба од респиратор. Уреди за континуиран позитивен притисок во дишните патишта (ЦПАП) веќе се користат во болниците, но ги има малку. Кина и Италија ги користат за помош на заболените од ковид-19. Четириесет нови уреди се испорачани на УЛЦХ и во…

ПОВЕЌЕ ...

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а многумина беа трогнати од креативноста и ентузијазмот на музичарите. Поради глобалната пандемија на коронавирусот речиси сите случувања во живо се одложени се додека земјата буквално не се поврати во живот, но многумина токму во оваа тешка ситуација пронајдоа инспирација, со која одлучија да им помогнат на другите кои се изолирани дома, односно да им го разубават денот. Благодарение на технологијата, Ротердамскиот филхармониски оркестар ја изведе Ода на радоста од Бетовен со 19 музичари кои ја отсвиреа секој од својот дом. Секој музичар одделно го снимил својот дел, а деловите од секој музичар потоа…

ПОВЕЌЕ ...

Штипјанец со симптоми на корона вирус и кој пред половина месец се вратил од Англија заедно со првиот и најмал пациент не ги почитувал мерките за изолација. Полицијата и епидемиолозите пред неколку дена не го нашле во домот, иако имал решение за задолжителен здравствен надзор. Откако го лоцирале направен му е тест и вчера е потврден дека е позитивен на Ковид 19. Од обвинителството за Телма потврдуваат дека работат на овој случај. „Заедно со полицијата работиме на случајот. Тоа се предмети што се работат по итна постапка, штом ќе биде комплетиран случајот ние ќе изработиме казнен налог“, велат од Основното обвинителство…

ПОВЕЌЕ ...

Македонското знаме попладнево беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, додека се интонираше македонската химна, на церемонија со која е значено официјалното пристапувањето на Македонија во Алијансата. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и посака добредојде на Македонија Северноатлантската алијанса во пресрет на кревањето на знамето. – Триесет знамиња сега ќе се веат заедно како симбол на нашето единство и солидарност. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа по години посветеност и заложба за реформите. Посилни сме заедно. Добредојдовте во НАТО – истакна Столтенберг. Tехничкиот премиер Оливер Спасовски преку видеоврска од Скопје ја следеше свечената церемонија пред…

ПОВЕЌЕ ...

Италија: Тишината ја прекинуваат само амбулантните возила и црковните ѕвона Животот во Италија стана непрепознатлив, откако во земјата повеќе од 90.000 илјади луѓе беа заразени со Ковид-19 за помалку од осум недели, а за граѓаните воведени се и строги мерки на карантин, налик на куќен притвор, со цел да се спречи ширењето на вирусот. Италија, европска земја која е најтешко погодена од налетот на новиот вирус, се соочува со невообичаена тишина во нејзините градови, пусти улици и затворени продавници, бидејќи граѓаните со недели не ги напуштаат своите домови поради строгите карантински мерки, воведени од италијанската влада за борба против вирусот.…

ПОВЕЌЕ ...

Волци нападнаа стадо овци во подножјето на делчевското село Бигла. Нападот се случил во раните утрински часови. Нападнатите овци ги најдов денес во близина на стадата и цела среќа е што дивото животно успеало да изеде само две од овците. Не сум сигурен дали бил еден или повеќе волци – вели сточарот Антон Антовски. Делчевските ловџии велат дека во вакви ситуации со посебни дозволи се прават хајки на волци, кои биле чести во изминатиот период. Ловот сега е во мирување и ваквите случаи на хајки на волци ќе ги направиме при првата поволна прилика. Она што сега согласно законот сме…

ПОВЕЌЕ ...

Kочанцанец нападнал полицајци кои вршеле сообраќајна контрола Г.И. (32) од Кочани вчера бил приведен откако на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани нападнал полицајци кои вршеле редовни работни задачи од областа на сообраќајот. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...