Author: Media Point
Македонска Каменица, 07.04.2020 година – Во насока за што подобро информирање на граѓаните на општина Македонска Каменица, со цел спречување на внесување и ширење на заразата со коронавирусот, во целост ви го пренесуваме известувањето упатено до граѓаните од општина Македонска Каменица, кое произлегува од одлуките и мерките донесени на 36. Седница на Владата: Следејќи ги одлуките и мерките донесени на 36. Седница на Владата за воведување на забрана за движење на граѓаните поради спречување на внесувањето и ширењето на заразата со Коронавирус Covid 19, а која стапува во сила од среда (08.04.2020), Ве известуваме: Економските оператори (аптеки, маркети, ресторани,…
Македонска Каменица, 07.04.2020 година – ЈП „Камена Река“ покрај дезинфекцијата на сите градски улици и јавни површини започна повторна дезинфекција на влезовите и заедничките простори во колективните живеалишта. Од денес започна целосно дезинфицирање на сите станбени згради, просторите и приодите кон маркетите, банки, пошта и јавни установи. Покрај овие активности од ЈП „Камена Река“ изјавуваат дека продолжува миењето и дезинфекцирање на сите градски улици, поради што апелираат до граѓаните да ги отстранат своите возила. Исто така, ЈП „Камена Река“ ги известува граѓаните кои живеат во индивидувални живеалишта дека продолжува делењето на дезинфекционо средство кое можат секој работен ден да го…
Во денешното соопштение за јавност упатено од општина Македонска Каменица во кое се апелира до граѓаните за координација со мобилните тимови при доставата на хуманитарни пакети и донации се вели: (текстот Ви го пренесуваме во целост) Согласно мерките и препораките на Влада на Република Северна Македонија и Координативниот штаб за заштита од зараза и спречување на ширење на Ковид 19, Општинскиот Кризен штаб во Македонска Каменица упатува апел до сите хуманитарни организации, фирми и граѓани поединци своите донации кон јавните установи и ранливи категории на граѓани да го вршат исклучиво во координација со Општинскиот Кризен штаб. Овој апел се упатува…
Денес со почеток од 12 часот, се одржа состанок на Општинскиот Кризен штаб за спречување и ширење на заразата со Ковид 19. На состанокот беше разгледана актуелната состојба предизвикана од новиот вирус Ковид – 19 и во согласност со најновите мерки на Владата и Министерството за здравство беа донесени следниве препораки и заклучоци: 1. Да се изврши поставување на пунктови за дезинфекција на автомобили и товарни возила на влезовите во градот кон Делчево и Кочани (според можностите и на неколку локации во градската средина). 2. Интензивно да се продолжи со перење и дезинфицирање на градските улици и јавни површини во…
Возач на вилушкар се превртел на регионалниот пат Штип-Кочани април 6, 2020 На регионалниот пат Штип-Кочани во штипското село Чардаклија на коловоната лента се превртел возач на машина вилушкар. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека станува збор за лице на возраст од 38 години, кое со тешки телесни повреди е хоспитализирано на штипската Клиничка болница. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека возачот е примен и по направените прегледи, поради тешките телесни повреди ќе биде транспортиран во Клинички ценатр-Скопје. Несреќата во Полициска станица-Штип е пријавена во 12.10 часот. Сообраќајот на регионалниот пат Штип-Кочани се одвива нормално и во…
На сила стапи Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, а новините се однесуваат на користењето на деновите од годишниот одмор од 2019 година и 2020година. Годишен одмор од 2019 -Работниците од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, имаат обврска да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот; Годишен одмор од 2020 година -Работниците од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од…
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во јужните делови ќе биде пооблачно. Ќе дува умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6 степени, а дневната од 7 до 17 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и утринска температура до 3 степени, а дневна до 17 степени. /МИА
ВЕСТИ Влегуваме во пикот на заразата, се очекува врвот во следните 2 до 3 недели, властите бараат тимска игра од граѓаните Влeгуваме во пикот на заразата од Ковид 19. И министерот Венко Филипче и претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски се убедени дека следните 2 – 3 денели се очекува врвот. На онлајн брифингот со новинарите Караџовски го поцика насаелението, помогнете ни бидете нашиот 12 играч Апелирам да ни помогнете. Останете дома. Нашиот број е ограничен, а нема да можеме сега да продуцираме кадри. За тоа бидете наши тимски играчи, односно бидете нашиот 12 – ти играч. Ако…
Општинскиот Кризен штаб на Кочани бара ограничување на движењето како во Куманово април 5, 2020 Општинскиот Кризен штаб на Кочани на денешната итна седница донесе одлука да побара од Владата исти заштитни мерки како што важат во Куманово, односно за дополнително ограничување на движењето на граѓаните од понеделник до петок во периодот од 16 до 5 часот, а за викендите од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник. Причина за ова е брзиот пораст на бројот на лицата во регионот кои се позитивни на коронавирусот, при што е утврдено дека постојат три жаришта на ширење на заразата меѓу…
Се очекува пикот на коронавирусот, Куманово засега е најкритично Мери Јордановска Бројот на заболени од коронавирусот очекувано расте, иако големо изненадување е Куманово, град кој во изминативе 24 часа ја надмина и бројката на заразени во Скопје. Надлежните директори на здравствените установи на денешниот видео-брифинг со новинарите информираа дека се уште се испитува на што се должи ова, дали тоа може да се препише на културолошките карактеристики на граѓаните или можеби станува збор големи семејства кои живеат заедно па оттаму се и почестите контакти. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека ова е моментот кога треба да се направи пресек,…
