Author: Media Point

Најголем раст на бројот на заболени од коронавирусот во изминатите 24 часа има во Скопје, со 15 новозаболени, следува Куманово со 4, а од денеска прв случај е потврден и во Тетово Со овие 24 лица, вкупната бројка се искачи на 201 регистриран случај во земјава, информира министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на жртви, за среќа, останува три, а исто толку е и бројот на излекувани, бидејќи се подобрила здравствената слика на уште двајца пациенти од Инфективната клиника. Првиот случај од Тетово, пак, е 69-годишен маж, кој две недели се лекувал во Заводот за рехабилитација во Скопје и засега…

ПОВЕЌЕ ...

Бројката на заразени од коронавирус во светот достигна половина милион Над 22 илјади смртни случаи е досгеашниoт биланс на пандемијата на вирусот но и 121 илјада пациeнти кои биле излекувани Половина милион луѓе заразени од коронавирус е моментална бројка во светски размери според неофцијалните разултати кои сеуште не се потврдени од Светската здравствена организација. Бројката на заразени расте нагло, од ден во ден, а жаришта се Европа и САД, особено Италија и Шпанија каде што има најголем број на новозаразени и за жал смртни случаи. Според податоците на сајтот „worldometer“, каде секој час се објавуваат црните статистики од коронавирусот за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.03.2020 година – Општина Македонска Каменица објави Соопштение за јавност во кое ги повикува сите физички и правни лица кои имаат можност да донираат прехрамбени и хемиски производи за ранливите категории на граѓани. Во понатамошниот дел од текстот се вели: Средствата кои во моментов им се најпотребни на нашите сограѓани, да ги достават во општина Македонска Каменица. Мобилните тимови на општина Македонска Каменица ќе им ги достават на старите, изнемоштени, болни и ранливи лица. Телефонски број за контакт со општина Македонска Каменица 033 432 741  и 071 377 841 Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното…

ПОВЕЌЕ ...

Периодов сѐ е поврзано со мрачни настани и негативни вести, па затоа фотографијата од полицаец и медицинско лице кои разменуваат нежност преку стакло е позитивата која ни беше потребна. Фотографијата, направена во Србија, стана вирален хит, а описите од типот „Љубов во време на корона“ и „Херои на денешнината“ кажуваат доволно. Позитивата на денот: С. С. | Црнобело

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица упати барање до правните субјекти за вклучување во борбата против Ковид – 19 Македонска Каменица, 26.03.2020 година – Општина Македонска Каменица ги известува правните субјекти дека на ден 20 март со почеток од 15:30 часот, се одржа состанок на Кризниот штаб на општина Македонска Каменица за спречување и ширење на заразата со вирусот Ковид – 19. Во согласност со мерките и препораките на Влада на Република Северна Македонија, на состанокот беа донесени неколку препораки и заклучоци. Текстот од известувањето упатено до сите правни субјекти на територијата на општина Македонска Каменица ви го пренесуваме во целост на…

ПОВЕЌЕ ...

Кои површини во домот се „најризични“, од каде да започнете со чистење? Кога пристапувате кон дезинфекција на домот клучно е да знаете со кои површини да започнете. Нема потреба од паника и стрес, само со добра организација и соодветни одлуки ќе имате ефикасно чистење. Вирусот може да преживее неколку часа на тврдите површини, па затоа секојдневните предмети од вашиот дом може да бидат предизвикувачи на инфекција. На кои места треба да им обрнете посебно внимание при дезинфикацијата: Работни површини Кваки од врати Рачката на фрижидерот Чешмите Телефоните Тастатурата од комјутерот Масичките до креветите Неколку совети плус: – Користете антибактериски спреј…

ПОВЕЌЕ ...

Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, ги известуваме сите вработени и работодавачи дека претходно обезбедените потврди издадени од градинките, основните училишта и центрите за социјална работа за корисниците на услугата дневен центар за деца/лица со попреченост, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение), продолжуваат да…

ПОВЕЌЕ ...

Министрите за надворешни работи и европски прашања го отворија патот на земјата кон полноправно членство. Одлучија безусловнo да одобрат почеток на преговори на денешниот совет на министри за надворешни работи. Заложбите дека Европската комисија ќе ја збарза работата гаранции даде и  еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, честитајќи им на Македонија и Албанија за добиената препорка за преговори. „Им честитам на двете земји за кои земјите-членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори, со ова го враќаме во колосек прашањето на проширување на ЕУ. Обете земји ја забрзале работата од октомври 2019 и испорачаа резултати на многу полиња. Северна…

ПОВЕЌЕ ...

Изминативе два дена преку матичните лекари биле закажани 170 термини за тестирање за коронавирус, а со тоа зафатени сите термини за тестирање во следните два – три дена, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Поради големата потреба за тестирање, а за да се излезе во пресрет на сите пациенти, министерот Филипче најави мобилна екипа за земање брисеви. – Со оглед на тоа што стигнуваат голем број барања за тестирање воведуваме уште еден модел за земање брисеви. Тој ќе биде во функција од утре пробно, а веќе од четврток и целосно. Се работи за мобилно тестирање, со возила од здравствените домови.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 24.03.2020 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова за „Каменица.Мк“ соопшти дека на територија на општината има 12 лица кои се во самоизолација со изјава, поради тоа што се вратени од странство, но нема лица со решенија за карантин -Мерките од Владата и Министерството за здравство главно се почитуваат и спроведуваат. Нема лица со решенија во карантин. Има 12 луѓе со изјава кои се во самоизолација, бидејќи патувале во странство. Во соработка со МВР им укажавме на граѓаните дека не смеат да се собираат за време на пандемијата, – изјави градоначалничката Стаменкова За спроведувањето…

ПОВЕЌЕ ...