Author: Media Point

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 22 Целзиусови степени, Маврово 15, Охрид 18, Битола 21, Крива Паланка 19, Берово 18, Кавадарци 23, Дојран 24. И за утре временската прогноза е сончево и топло со мала до умерена облачност, со слаб југозападен ветер и повисоки дневни температури – Скопје 25, Маврово 19, Охрид 21, Битола 24, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 27 степени. Од понеделник ќе имаме промена на временските прилики, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни кон крајот на денот.…

ПОВЕЌЕ ...

Според последните податоци од синоќа, во светот од Ковид-19 се заболени околу 2.250.000 луѓе, од кои излекувани се 572.000. Бројот на починатите е околу 154.000. Од нив најмногу се во САД – 36.000, во Италија 22.750, Шпанија – 19.600, Франција -18.700, Велика Британија – 14.600, Белгија – 5.160, Иран – 4960, Германија – 4.200… На Балканот, во Македонија вчера бројот на заболените достигна до 1.117, а на починатите на 49, во Бугарија има 846 заразени и 46 починати, Србија – 5.690 (110), Грција – 2.224 (108), Хрватска – 1.814 (36), Црна Гора – 303 (5), Косово – 480 (12), Босна…

ПОВЕЌЕ ...

Сателитски воз го украси ноќното небо, или што би рекле неинформираните „нѐ прскаа со корона“ Некои успеаа да го сликаат феноменот и да го споделат на социјалните мрежи, што повлече лавина реакции и теории на заговор На македонското небо вчеравечер беа забележани низа светли точки подредени како вагони од воз. Некои успеаа да го сликаат феноменот и да го споделат на социјалните мрежи, што повлече лавина реакции и теории на заговор, генерално од наивци кои секое истражување го прават на Google, YouTube и неколку антиваксерски и рамноземски страни за (не)информираност. Од поинтересните претпоставки на самоуките експерти, беа оние дека…

ПОВЕЌЕ ...

Верниците во своите домови ќе го дочекаат воскресението / Фото: Игор Бансколиев Поради пандемијата на коронавирусот и полицискиот час, наместо во црквите, верниците ќе останат во своите домови каде што ќе го дочекаат воскресението, а црковните отци, наместо на светите богослужби во храмовите, повикуваат на молитва за починатите, заболените, медицинските лица и за сите други што во овие моменти се најизложени на заканата МПЦ-ОА СО ПОРАКА ВО ПРЕСРЕТ НА НАЈГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Христовото воскресение, Велигден, е најголемиот христијански празник. Настанот што на овој ден се случил и кој претставува најголемата победа за луѓето, победата над гревот и смртта, оваа година…

ПОВЕЌЕ ...

Митрополитот на Европската епархија на МПЦ – ОА, Отец Пимен во разговор со ТВ 24 поради мерките воведени поради ситуацијата со коронавирусот и реакциите на јавноста за забрана за посета на црквите изјави дека нема да се случи Христос да не воскресне оваа година поради тоа што народот не може да дојде -Имам под своја надлежност 38 црковни општини дневно во 12 различни земји и искуството од секаде покажува дека никаде не е изрично забрането да се затворат црквите туку е дозволено да сеодржуваат богослужбите во присуство на народ,а црквите да бидат затворени за индивидуална молитва доколку се придржуваат на…

ПОВЕЌЕ ...

Лоши вести за пензионерите, можно е да им се забрани движење до крај на годината Кон крајот на летото Министерството за здравство ќе прави скрининг на населението, односно тестирање со серолошки тестови по старосни групи со цел да се испита имунитетот на населението. Ако се покаже при овие тестирања дека пензионерите немаат имунитет можно е да дојде до забрана за нивно движење до крајот на годината. Тоа ќе ни биде показател како да се димензионираат мерките, помалку или повеќе рестриктивни, по возрасни групи тогаш кога евентуално би слетале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста. -рече Филипче…

ПОВЕЌЕ ...

По опуштање на мерките за заштита на корона вирусот или кон крајот на летото Министерството за здравство ќе прави скрининг на населението, односно тестирање со серолошки тестови по старосни групи со цел да се испита имунитетот на наслението во однос на вирусот. -По опуштањето на мерките или кон крајот на летото планираме со еден скрининг со серолошки тестови по старостни групи, со цел да го процениме имунитот на постарите од 67 години, на децата од школска возраст. Тоа ќе ни бидепоказетел како се димензионериаат мерките тогаш кога евентуално би можело да се соочиме со нов пик на болеста, можеби на…

ПОВЕЌЕ ...

Маркетите и останатите места на кои се врши трговија на мало се должни да обезбедат редарска служба пред и во внатрешноста на  објектите, објави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес конференција. Според донесената Уредба, од денеска сите трговци се должни да постават и соодветни ознаки за одбележување на правецот на движење и запазување на минимално потребното растојание. „Доколку не се почитуваат одредбите од Уредбата, ќе следуваат и глоби. За малите и микро трговци кои нема да воспостават ред и дисциплина пред објектите предвидена е глоба од 500 до 1.000 евра. За средните и големите трговци, предвидена е глоба…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16.04.2020 година Согласно одлуките и мерките донесени на 36. Седница на Владата за воведување на забрана за движење на граѓаните поради спречување на внесувањето и ширење на заразата со Коронавирус Covid 19, а која стапи на сила од среда (08.04.2020), Општинскиот Кризен штаб ги информира граѓаните за можноста да вршат OnLine нарачка не неопходни продукти за време на претстојниот празничен викенд во периодот од 18.04.2020 година (сабота) до 20.04.2020 година (понеделник). Врз основа на спроведниот Повик бр. 03-642/6 од 10.04.2020 година за пријавување на online работа и достава на продукти од маркети, аптеки, достава на храна од ресторани…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 15.04.2020 година – Во текот на денешниот ден, ЈП Камена Река започна со повторна дезинфекција  на влезовите, скалите и заедничките простории кои ги користат станарите од колективните згради за домување во Македонска Каменица. Дезинфекцијата се врши како дел од мерките кои ги презема општина Македонска Каменица за спречување на појавата на зараза од Ковид-19 на територијата на Македонска Каменица. Дезинфекцијата се врши согласно со Оперативниот план и заклучоците донесени на Општинскиот кризен штаб. ЈП Камена Река ги известува претседателите на куќните совети од колективните станбени објекти, согласно со мерките и активностите за превенција од појавата и евентуалното ширење…

ПОВЕЌЕ ...