Стапуваат во сила уредбите на Владата со кои се овозможува директна финансиска помош со исплата на плата од 14.500 денари за април и мај, мерка со која може да бидат опфатени околу 250 илјади вработени и 35 илјади компании, дел од вториот пакет за помош од Владата. Алтернатива на оваа мерка е покривање на 50 отсто од придонесите за вработените. Со неа се очекува да бидат опфатени околу 20 проценти од осигурениците и за субвенционирање на нивните придонеси за двата месеца се потребни 568.690.000 денари. Минимална плата од 14.500 денари добиваат и занаетчиите, за кои испатата ќе се врши преку…
Author: Media Point
Како што корона вирусот се ширеше низ светот, така и љубопитноста и желбата на луѓето да се заштитат од него се зголемуваше. Па, што гуглаа оние кои решија да се информираат онлајн за овој вирус? 1. Какви се симптомите и кои се разликите помеѓу корона вирусот и обичен грип? 2. Што би требало да имам на залиха во време на ваква криза? Оваа листа може да ви помогне. 3. Дали корона вирусот е полош и поризичен од обичниот грип? 4. Дали маските штитат? Овој и повеќе одговори ќе пронајдете ТУКА. 5. Дали има вакцина против вирусот? 6. Кој се разболува најчесто и зошто? 7. Можам ли да добијам корона…
Не ги миете рацете пред да одите во тоалет. Перницата ја користите долго време и не ја перете. За да бидете здрави мора да внимавате на хигиената, но сепак и притоа да се држите до одредени правила. Перете ја перницата на температура од барем 50°C и уште неколку совети за добро здравје треба да почитувате. Хигиенски грешки од кои треба да се збогувате: 1. Се туширате пречесто – звучи чудно, но со оваа навика кожата ви станува сува и иритирана, па пука и во неа се населуваат микроби. 2. Не ги миете рацете пред да одите во тоалет – бактериите…
Лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува, а Постапува и Центарот за социјални работи, објави на „Фејсбук“ дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска Неофицијално, двајцата насилници се од Штип и во тек е акција за нивно приведување На социјалните мрежи, со огромна брзина, се шири видео на кое се гледа како двајца мажи тепаат девојче. Насилниците зборуваат на источен македонски дијалект. За случајот се огласи дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, која вели дека МВР веќе постапува: „Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека…
Kamenica Mk Ви го претставува новиот сериал од долго очекуваната хумористично забавна емисија “Балканска Е-Банка” насловена како “По-враќање На Отпишаните”. Линк до стримот на „Балканска Е-Банка“ во живо ТУКА. Емисијата ќе се емитува секоја среда со почеток во 21:30ч, на youtube каналот Balkanska E-banka и на официалниот page на facebook. Како и порано, така и сега ќе ве дружат Викса и Докторот во новиот концепт livestream каде ќе има многу зезање и музички анти-хитови. Ова е емисија која не е препорачлива за луѓе со слаб имунитет, ниско либидо и одело со кравата! Не заборавајте да направите SUBSCRIBE…
58- годишната кочананка Јаворка Дончева завчера жива е прогласена за почината. Некој од кочанската болница се јавил на семејството и изразил сочувство соопштувајќи дека таа штотуку починала. Веста била прифатена болно, но и без сомнеж зашто Дончева пред само неколку часа била однесена во болницата: „Се има случено на мајка ми која е тешко болна, има два мозочни удари викнавме брза помош ја прегледаа и докторот кој ја прегледа ја качи во колата и ја однесоа во болница. По неколку часа не известија дека до крајот на денот вашата мајка нема да преживее, а во текот на денот ни кажаа…
Македонска Каменица, 01.04.2020 година – Продолжуваат хуманитарните активности на каменичките општествено одговорни компании. По обезбедените прехрамбени продукти за потребите на локалната самоуправа, кои ќе бидат поделени на социјално ранливите категории граѓани, Ресторан „Шизик“ продолжува со хуманитарните активности во насока на обезбедување на заштитни медицински маски за јавните локални установи директно вклучени во борбата против коронавирусот. Ресторан „Шизик“ за потребите на Полицијата, Итната медицинска станица, Територијалната противпожарна единица, Шумската полиција и ЈП „Камена Река“ првично обезбеди 600 заштитни медицински маски. Ова претставува одличен пример за општествена одговорна компанија која во овие тешки моменти, по повикот за солидарност и одговорност од општина…
На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека по направените тестови едно лица од Кочани се покажало дека е позитивно на тестовите од Ковид – 19. Мажот на околу четириесетгодишна возраст се пријавил за тестирање по што тестовите покажале дека е позитивен. Не е позната причината како се заразил но сепак сега се прават дополнителни анализи за да се утврди со кого заразеното лице било во контакт.
Започна акцијата за делење на заштитни маски за граѓаните во Македонска Каменица Македонска Каменица, 01.04.2020 година – Со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, општина Македонска Каменица денеска ја започнаа акција за бесплатно донирање на заштитни маски за секое домаќинство. Во акцијата се вклучени неколку мобилни тимови од вработени во општина Македонска Каменица. Маските обезбедени од општина Македонска Каменица во соработка со Рудник Саса денес ќе добијат граѓаните од колективните станбени живеалишта. Во текот на утрешниот ден акцијата продолжува со делење на заштитни медицински маски за домаќинствата во индивидуалните живеалишта и ќе продолжи во селските средини. Од…
Мерцедес за една недела направи уред кој може да ги замени респираторите За помалку од една недела направен е апарат за помош при дишењето кој може да им помогне на пациентите да избегнат интензивна нега, јавува Би-би-си. Инженерите на Лондонскиот универзитет работеле со британски УЦЛХ и Мерцедес Формула 1 на изработка на апаратот кој доставува кислород во белите дробови без потреба од респиратор. Уреди за континуиран позитивен притисок во дишните патишта (ЦПАП) веќе се користат во болниците, но ги има малку. Кина и Италија ги користат за помош на заболените од ковид-19. Четириесет нови уреди се испорачани на УЛЦХ и во…
