Author: Media Point
Општина Македонска Каменица покрај редицата апели и препораки до граѓаните за почитување на мерките од Министерството за здравство, денес на официјалните социјални медиуми објави известување до граѓаните дека е започната дезинфекција на јавните површини и фрекфентни улици во градот. Известувањето до јавноста го пренесуваме во целост: “По вчера одржаниот состанок на Локалниот совет за превенција и донесените препораки и заклучоци од истиот, општина Македонска Каменица со сите свои ресурси се вклучува во спречувањето на ширењето на корона вирусот и зголемена заштита на здравјето на граѓаните. Од раните утрински часови машински и рачно се врши дезинфекција на градскиот плоштад и останатите…
Вкупната бројка на заболени од коронавирус во нашата држава изнесува 31, од кои четворица здравствени работници. Лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски се согласија дека треба да бидат одложени парламентраните избори на 12 април – приоритет во актуелната ситуација треба да бидат животите и здравјето на граѓаните. Министерот за здравство Венко Филипче, вчера соопшти дека се дијагностирицирани пет нови случаи со коронавирус, од кои четворица се здравствени работници од приватна здравствена установа од Дебар. – Од петте новозаболени освен четирите здравствени работници од Дебар, позитивен е тестот на сопругата на веќе дијагностицираниот пациент којшто тест го…
Казна од 2 500 евра доби жителот на селото Дебриште, Оштина Росоман, кој по враќањето од Германија вчера не ги почитувал мерките за задолжителна изолација. „Тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа, одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13 часот, кога од страна на полицајци од Кавадарци е направена контрола во неговиот дом, обвинетиот не бил затекнат таму и телефонски изјавил дека е на истовар на стока…
Забележано е дека домородците од некои примитивни племиња кога се среќавале се поздравувале со заемно душкање. На пример, оваа практика постои и денес во традиционалниот поздрав „соги“ на пацифичките острови Тувалу, кои делумно ја практикуваат само роднините и блиските пријатели кога ќе се сретнат и допирајќи си ги образите, заемно се мирисаат. Не е неразумно да се заклучи дека во древното, препотопско минато сите припадници на човечкиот вид кога се среќавале не се фаќале за дланките, потоа ги стегале и треселе меѓусебно, туку дека разменувале мирисни дразби онака како што прават жителите на малиот архипелаг на Пацификот. Животните, вклучувајќи ги…
Денес со почеток од 13 часот, се одржа состанок на Локалниот совет за превенција на општина Македонска Каменица. На состанокот беше разгледана актуелната состојба предизвикана од новиот вирус Ковид – 19 и во согласност со мерките на Министерството за здравство беа донесени следниве препораки и заклучоци: Преку службите на граничните премини, МВР во соработка со СВР и ОВР и останатите служби, да се достави список на повратници од странство кои се со постојано место на живеење во општина Македонска Каменица. Од страна на Пазарниот инспекторат и МВР да се зајакне контролата во работењето над трговските објекти, како во градската, така…
Стравот од ситуацијата со коронавирусот ги празни маркетите, а граѓаните панично купуваат залихи. Од друга страна, здравствениот систем докажа дека совршено функционира, а тоа е резултат на стара воена школа. -Голем дел од граѓаните воопшто немаат свест. Сведоци сме што се случува во болниците. Се доаѓа со лажни податоци. Сведоци сме што се случува по маркетите и пазарите. Главниот проблем е страв и незнаење. Клиниките се одлично спремни. Јас сум горд на здравствениот систем. Се покажа дека системите во бивша Југославија подобро функционираат од сите западни држави. Тоа е резултат на стара воена школа каде што ја учевме за епидемии,…
Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 6 до нула, а дневната од 9 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 2, а дневната ќе достигне до 16 степени. Во Маврово 9, Охрид 12, Битола 14, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 16, Дојран 17. До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во среда ќе дува умерен северен ветер.
Во рамки на едукативната програма „ТВ училница“, учениците денеска на Македонската радио-телевизија ќе можат да проследат повеќе лекции по различни предмети што ги изучуваат на училиште. Како што соопшти Министерството за образование и наука, денеска со почеток од 10:30 часот на МТВ 1 училишниот час по Природни науки, за прво одделение, Математика, за прво и второ одделение, Музичко образование, за второ одделение и Слободно време (од прво до трето одделение) на македонски наставен јазик ќе ги одржи одделенскиот наставник Билјана Ивановска од ООУ „Вера Јоциќ“ од Општина Гази Баба. Со почеток од 12:30 часот на МТВ 2 истите предмети на…
Владата ги замрзна цените на основните продукти-леб, сол, млеко, зејтин, брашно, лекови… Владата на вечерашната седница донесе одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури. Оваа одлука, како што стои во соопштението објавено на веб-страницата на Владата, влегува со сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, и е усвоена со цел…
Од петте потврдени случаи со заболени од коронавирус во Македонија, во текот на вчерашниот ден според анализите направени преку тестови на центрите на институтот за јавно здравје, четири случаеви се од Дебар и се заразиле поради контакт со лице кое веќе било заболено додека едниот случај на заразен пациент вирусот го добил во странска држава а е со место на живеење во Скопје. Според податоците, три лица се женски лица а две се машки лица. Еден пациент од новите пет случаеви е на возраст од 39 години, втората пациентка има 40 години, третиот пациент има 45 години, четвртата пациентка има…
