Author: Media Point

Повторниот тест на лицето од Кочани е негативен март 15, 2020 Министерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот. И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повтори. Сите 7 лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата. Министерството за здравство информира и дека професорот д-р. од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во Дебар и веќе е започната…

ПОВЕЌЕ ...

Двете бремени жени од Дебар, Охриѓанецот што работел во Дебар, Кичевецот, Кумановецот и Кочанчанецот и Тетовецот кои деновиве се вратиле од Геманија, Швајцарија и Австрија  се немаат корона вирусот покажаа резулатите од тестирањето. На пацинетот од Кочани два пати му се вршеше  тестирање бидејки  имал типични симптоми за Ковид 19 и вториот пат резултатите биле негативни, информираа од министерството за здравство. Претходно, министерот Филипче информираше дека неколку дена откако се вратиле од странство пацинетите развиле висока температура. Билансот на дијагностицирани од корона во земјава е 18.  13 од нив се хоситализирани во скопската инфективна клиника и 5-мина во Дебар. Во…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска од 18 часот во Скопје бубамарата ќе ја тркалаат фудбалерите на Вардар и Осогово во пријателски натпревар. На „Тоше Проески“ стадионот седењето дома за 90 минути ќе го прекинат играчите на Вардар, лидер во Првата лига и тимот на Осогово, кој се натпреварува во Втората лига Исток. Од Осогово веќе ги објавија и почетните 11 кои ќе истрчаат на теренот, а набрзо составот го открија и вардарци. Натпреварот, нормално, се игра без публика. Пренос ќе има на Twitter, текстуален: Matchday @FKVardar 18:00 h. Gradski stadium Skopje Live: text comentary on @Twitter#StayHome pic.twitter.com/48cEnyVxjb — GFK Osogovo (@gfkosogovo) March 15, 2020…

ПОВЕЌЕ ...

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот Фб-профил објави предупредувчка информација дека некои граѓани се однесуваат апсолутно неодговорно во овие сериозни времиња. Овие денови болниците и клиниките мора да бидат празни и спремни за пикот на пандемијата кој ќе уследи за 2-4 недели. НО, голем број граѓани, глумејќи ИТАР ПЕЈО, доаѓаат во здравствените установи, со претходно испиен ПАРАЦЕТАМОЛ, за да ја намалат фебрилноста и упорно криејќи дека биле во контакт со луѓе вратени од ризичните земји. 1. Ги доведувате во опасност Вашите најблиски, ПОСЕБНО ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ, БАБИ, ДЕДОВЦИ 2. Ги доведувате во опасност здравствените работници, кои овие денови,…

ПОВЕЌЕ ...

Во денес објавеното соопштение за јавност од општина Македонска Каменица стои дека во соработка со ЗГ „Глас на еднаквоста“ е форимиран мобилен тим за помош на стари и изнемоштени лица. Текстот од соопштението ви го пренесуваме во целост: 📯 Општина Македонска Каменица во соработка со Здружението на граѓани „Глас на еднаквоста“ формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност и превенција од корона вирусот COVID-19.   📍 Поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот општина Македонска Каменица формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни…

ПОВЕЌЕ ...

Погледнете ја првата мапа на раширеноста на корона вирусот во Македонија на следниов линк. На мапата можат да се видат градовите каде има појава на корона вирусот, број на заболени, излечени и изолирани лица во карантин. Досега главните насоки во борбата против корона вирусот на Светски рамки се насочени кон помала мобилност на населението и почитување на препораките за зголемена лична и хигиена во домовите и живеалиштата. За таа цел @kamenica.mk се приклучи кон националната и глобална кампања за едуцирање и навремено точно информирање на граѓаните. Следете нѐ од дома!

ПОВЕЌЕ ...

Оперскиот пејач Блaгоја Нацоски, кој живее и работи во Милано, упати видео апел до граѓаните на Македонија и до претседателот, премиерот и министерот за здравство да се сфати сериозно ситуацијата со коронавирусот. „Веднаш да се прогласи вонредна состојба“, порача Нацоски кој вели дека пред некој ден негов близок пријател починал од коронавирусот.

ПОВЕЌЕ ...

Коронавирусот промени сè, сега живееме во еден сосема нов свет Мал број луѓе пред два месеци, кога потврдените случаи на новиот коронавирус надвор од Кина сè уште се броеја во десетици, можеа да замислат колку оваа пандемија ќе го потресе целиот свет. Коронавирусот одамна не е само кинески проблем. Светот денес е по многу работи поинаков од тогашниот: земјите една по друга влегуваат во карантин, хаотични гранични контроли, пренатрупани болници, затворени училишта, градинки и колеџи, пусти улици, болничари во заштитни одела, полупразни полици и редици во продавниците, како и затворање дома, се дел од новото секојдневие. Карантин, самоизолација, социјално дистанцирање…

ПОВЕЌЕ ...

Облачно со пообилни врнежи од дожд, на планините снег Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Врнежите на планините ќе бидат од снег, а кон крајот на денот на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. На југозапад ќе има услови за појава на ретки грмежи, информираат од УХМР. Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од вчерашните. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5…

ПОВЕЌЕ ...

Медаљони со сирење Медаљониве се како памук. Многу убаво тесто за работа е, и многу се меки, вкусни… Топла препорака да ги подготвите. Во топлото млеко го ставме шеќерот, лажиче брашно и квасецот. Промешуваме и оставаме да се активира. За тоа време ги соединуваме дробеното сирење и белките. Тука по сопствен вкус може да се додаде оригано, буковец…. Во вангличка ги ставаме активираниот квасец, сол, масло, пециво. Промешуваме и додаваме постепено брашно. Замесуваме средно меко тесто. Го покриваме со прозирна фолија и оставаме да се дуплира. Втасаното тесто го делиме на половина, формираме две топки. Од секоја топка расукуваме кори…

ПОВЕЌЕ ...