Author: Media Point

Македонска Каменица, 12.03.2020 година – Почитувајќи ги препораките на Владата за преземање на дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот општина Македонска Каменица објави соопштение до јавноста за прекин на прием на странки и приемни денови кај градоначалник на Општината. Дополнително во соопштението е приложена контакт листа од вработени во општинската администрација преку која граѓаните ќе можат да стапат во контакт со службите на ЕЛС Македонска Каменица. Текстот од соопштението и контакт листата од вработени Ви ја пренесуваме во целост: Почитувани, Ве известуваме дека привремено се укинуваат приемните денови и прием на странки во општина…

ПОВЕЌЕ ...

Сите информации за коронавирусот, прес-конференции, одлуки од седница на влада, прашања и одговори, како и листата на земји со ниско, средно и високо ниво на ризик од коронавирус можат да се следат на веб страницата http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/. Министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук станица објави дека страницата се ажурира, но можни се повремени отстапувања. Според последните објавени информации за состојбата со кoронавирусот во земјава, шест пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се стабилни, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа вчера по втор…

ПОВЕЌЕ ...

Поради мерката за прекин на образовниот процес со цел спречување на ширењето на коронавирусот, родителот кој нема да доаѓа на работа треба да обезбеди соодветна потврда за детето од градинка или од училиште кое го посетува. Потврдата треба да гласи само на едниот родител и да се достави до работодавачот до терминот за пресметка на следната плата. На таков начин ќе го регулира своето отсуство од работа. Тоа го соопшти синоќа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во имисијата 24 анализа на ТВ 24, појаснувајќи као ќе се регулира отсуството на родителите со деца до 10 години кои…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.03.2020 година – По пристигнатата информација од општина Македонска Каменица дека од утре, 11.03.2020 година (среда) основното и среднотоучилиште, како и предучилишната установа (детска градинка) на територијата на општина Македонска Каменица, времено ќе го прекинат воспитно – образовниот процес таква одлука за прекин на сите активности, донесе и КУД „Вера Јоциќ“ каде пробните играорни вежби се откажани во целост. ЈП Камена Река ги извести граѓаните за времено затворање на градската теретана, а училиштата ја објавија мерката за затварање на спортските сали кои нема да можат да се користат за било какви активности. Исто така, сите спортски клубови од Македонска Каменица како дел…

ПОВЕЌЕ ...

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци: 1.  Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот. 2. Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.03.2020 година – Општина Македонска Каменица ја објави мерката донесена согласно со одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести, за прекин на воспитно образовниот систем во основното и средното училиште и во детската градинка со времетраење од 14 дена. Целиот текст од Соопштението можете да го прочитате овде

ПОВЕЌЕ ...

Децата принудно на распуст 14 дена, а повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз предлага Комисијата за заразни болести Учениците, студентите и децата од градинките ќе бидат 14 дена на принуден распуст, дознава „Република“ од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Комисијата заклучила дека треба да се зајакнат мерките на превенција и упатува сите основни, средни и воскообразовни институции, како и детски градинки да запрат со одвивање на наставно воспитниот процес во следните 14 дена. Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на Македонија, а спортските настани да се одвиваат без публика.…

ПОВЕЌЕ ...

Отстранета карпата тешка 4 тона која го попречуваше движењето на патниот правец Делчево – М.Каменица – Кочани кај село Истибања. Такси превозници кои сообраќаат на релација Делчево – Скопје потврдија дека патот е чист и дека утрово немало поголеми проблеми со нови одрони на коловозот. -Состојбата е добра, на патот не наидовме на поголеми проблеми со одрони, освен неколку ситни камчиња кои се наоѓаат на неколку места од делницата М.Каменица – Кочани и од Делчево до М.Каменица, информираат такси превозниците. Од ,,Македонија пат” сепак препорачуваат и понатаму внимателно возење. -Делницата се уште е влажна и поради огромните количини дожд кои…

ПОВЕЌЕ ...

Со доаѓањето на коронавирусот во овој регион, многу е важно да ги знаете неговите главни симптоми. Досега многубројни доктори потврдија дека е многу тешко коронавирусот да го разликувате од сезонскиот грип затоа што симптомите се речиси исти. Коронавирусот предизвикува респираторни проблеми, треска, кашлање и краток здив. Главната разлика помеѓу коронавирусот и грипот е тоа што короната се развива постепено додека грипот настапува нагло. – Поголемиот дел од денешните вируси се слични на грипот. Американците ги нарекуваат „flu like“ или пак болести слични на грипот. Сè е тоа исто па и овој коронавирус има исти симптоми – изјавил неодамна д-р Бранимир…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.03.2020 година – Баскет Кам од Македонска Каменица и оваа година бележи одлични резултати, како во првенствата од првата женска и втората машка лига, така и во младинските натпреварувања. Екипата на ЖКК Баскет Кам е веќе пласирана екипа на разигрувањето од куп завршницата, за кое натпреварување напорно се подготвуваме. Оваа година како екипа сме далеку  поорганизирани во играта и освојувањето на еден од медалите е наша цел. Интензивно работиме, силен тренажен процес е пред нас и се надеваме дека ќе оствариме успех кој ќе ги задоволи нашите желби  – изјави Јордан Цветановски, тренер на Баскет Кам – Македонска…

ПОВЕЌЕ ...