Author: Media Point
Се затвора Клиниката за кожни болести и сите 64 вработени одат во домашна изолација заради конатактот со директорката која е заразена од коронавирус, информира министерот Венко Филипче. Сите 14 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 кои што се лекувале во дневната болница на клиниката исто така одат во домашна изолација. Ќе биде затворено и кожното одделение во штипската болница бидејќи сите лекари присуствувале на симпозиумот кој го држела заболената директорка од Кожна клиника. Во изолација ќе бидат ставени сите 103 лекари кои што присуствувале на симпозиумот, дел од нив се од клиниката, дел од штипската и други болници. Во изолација…
Завршена е изработката на техничката документација за реконструкција и изградба на нови 3000 метри локални патишта и улици во општина Македонска Каменица. Врз основа на Јавниот повик бр. 26-4553/1 од 23.05.2019 година од страна на Министерството за финансии преку проектната единица МСИП се финансираше изработката на техничка документација за реконструкција на локалниот пат кој води низ село Луковица кон село Костин Дол со должина од 2500 метри и улица Миле Јаневски Џингар со должина од 500 метри. По изработката, целокупната техничка документација и беше предадена на општина Македонска Каменица. Според Програмата за работа на Општината, истите ќе бидат реализирани според…
Синоќа, како што беше најавено, беше промовиран спотот за песната „YOU“ со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата држава на овогодишното издание на Евровизија. „YOU е покана за сите да се поврзат, отворат, танцуваат и го слават моментот“, нагласи македонскиот пејач, кого на 12. мај го очекува настапот на „Евросонг“. Песната е дело на сестрите Невенка и Калина Нешкоски од Охрид, кои живеат во Чикаго. Популарното музичко натпреварување ќе се одржи во Ротердам, Холандија. Васил, кој минатата година ѝ беше придружен вокал на Тамара Тодевска на музичкиот хепенинг, ќе настапи на првата полуфинална вечер на 12. мај. додека големото…
Плитвички езера стануваат едни од најскапите национални паркови во светот со наплата на билети во текот на летото на 300 куни (40 евра), што администрацијата го оправдува со тоа што треба да го ограничи бројот на посетители бидејќи оваа дестинација за светско наследство е загрозена поради сообраќајниот метеж. Цената од 300 куни за возрасни се однесува за посети во јуни, јули, август и септември, додека цената за деца и помлади од 18 години во овој период е 120 куни (16 евра). Ова значи дека билетите за четиричлено семејство ќе чинат 840 куни (112 евра), со додадена цена на храна, пијалок,…
Возете внимателно! Одрони на патните правци од Македонска Каменица кон Делчево и кон Кочани. Посебно е опасен по безбедноста на возачите и патниците поголем одрон во близина на село Драмче, каде едната коловозна лента е целосно блокирана. Од ,,Македонија пат”, потврдуваат дека состојбата на теренот се следи и во рамки на можностите интервенираат на критичните места. Сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани во текот на целиот викенд се одвива по влажни коловози, поради што се препорачува внимателно возење и следење на патната сигнализација.
Македонска Каменица,08.03.2020 година – Денес во организација на ЕД”Здравец 2002″ од Македонска Каменица се одржа работилница на тема „Следење на Климатски Политики – Работилница Источен регион“. Работилницата беше водена од страна на екологистите “Еко Правда”. ЕД “Здравец 2002” продолжува со едукативните предавања и практично показни вежби за кои покажуваат интерес и учествуваат во нив десетици ученици и млади од Македонска Каменица.
Во рамки на одбележувањето на 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалничката на општина Македонска Каменица упати честитки до своите сограѓанки и припадничките на понежниот пол. Во честитката упатена од градоначалничката Стаменкова се вели: Почитувани, По повод одбележувањето на 8-ми Март – Меѓународниот ден за правата на жените, сакам од срце на сите припаднички од понежниот пол да им упатам срдечни и искрени честитки. По тој повод, до сите Вас, упатувам порака дека рамноправноста на жените во современото општеството е реалност. Со силната поддршка кон активностите поврзани со унапредувањето политичкиот, економскиот и општествениот статус, го постигнавме највисокиот степен…
Македонска Каменица, 06.03.2020 година – Со денес распишаниот тендер од страна на ЈП Државни патишта во Македонска Каменица започнува постапката за реконструкција и изградба на регионалниот пат до село Саса. Тендерската постапка за реализација на проектот започнува денес, а првите градежни работи, како што информираат надлежните се очекува да започнат на средината од месец Мај. – По направените опсежни анализи, темелната подготовка и неизбежните корекции на проектот, жителите на село Саса, граѓаните на општина Македонска Каменица и најголемиот економски субјект во нашата општина Рудник Саса, после скоро 5 децении ќе добијат нов и современ регионален пат. Патната инфраструктура се гради…
Во земјава засега останува само една пациентка заболена од коронавирусот. Најновите случаи со двајцата странски државјани се негативни, но предлогот на епидемиолозите е да продолжи уште една недела препораката за неодржување на масовни јавни собири и спортски натпревари без публика. Од Министерството за здравство вчера излегоа со информација дека тестовите кај двајцата странски државјани, едниот од Сингапур и другиот од Австралија, се негативни. По пријава на хотелот во кој престојуваа во центарот на Скопје, епидемиолози од Центарот за јавно здравје земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба. Тие ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби…
Македонска Каменица, 06.03.2020 година – Во ООУ “Св. Кирил и Методиј” по повод 5 март – Ден на заштеда на електрична енергија според светскиот еко-календар беа спроведени повеќе активности од едукативен и практичен карактер. Во рамки на проектот, од страна на учениците беа изработени хамери со приказ на електрични апарати, бела техника и насоки и совети за заштеда на електрична енергија. Изработките беа презентирани, со цел подигање на свеста кај учениците за заштеда на електрична енергија и употребата на алтернативни извори на енергија.
