Author: Media Point
Момче од Делчево било уапсено откако под дејство на алкохол ја нападнало својата мајка и кршел инвентар во домот. -Вчера во 21:55 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода 27-годишниот К.Ѓ. од Делчево поради тоа што, под дејстов на алкохол, физички ја нападнал неговата мајка, ја кршел покуќнината во домот и се заканувал дека ќе ја убие неа и неговиот татко. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира МВР. извор: Press24
Еден месец порано од планираното, на крајот од мај од Италија во 18 македонски општини се очекува да бидат предадени 41 камиони за собирање и транспорт на смет од марката Ивеко. Овие возила се за проектот за регионална депонија во светиниколско. 16 се со зафатнина до четири кубици, додека седум со зафатнина 10 метри кубни, 9 од 16 кубици, 3 од 25 и 6 возила се специјализирани кранови за за подигнување и киперски сандак. Овие возила се платени преку проектот на Европската Унија за отворање на регионалната депонија за Источна и Североисточна Македонија, со кој се опфатени 18 општини. Денеска…
Радио и тв водителот Виктор Петров познат во јавноста како Викса на својот фејсбук профил објави видео на кое може да се види како им се помага на две лица врз кои најверојатно удрил покривот од зградата во Карпош по силниот ветер во Скопје. Според неофицијалните информации, двете лица не биле повредени. Ветерот кој околу половина час дуваше во Скопје достигнал и брзина од 70 километри на час а социјалните мрежи беа преплавени со слики од настанати материјални штети односно откорнати покриви, искршени автомобили, паднати дрвја врз објекти… Администратор 27/02/2020 03:15
До училиштата, универзитетите, јавните научни и образовни институции доставени се детални насоки како да постапуваат со цел да се заштитат учениците, студентите и вработените од евентуално заболување на коронавирусот. Од Министерството за образование и наука информираат дека наложено им е на образовните установи да ги одложат планираните екскурзии во Италија, а во најкус можен рок по телефонски или електронски пат да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти дали во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, како и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку,…
Задолжително и често да се мијат рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употребата марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете. Ова се дел од препораките на Светската здравствена организација за заштита од коронавирусот. Потребно е да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни…
Речиси километарска колона од возила настана на патот Штип – Миладиновци откако возило удрило во куче. Екипа на Канал 77 забележа попречено возило и мртво куче, додека полицијата врши увид. Ова не е прва сообраќајка предизвикана од куче и други животни на патот. Од пуштањето во времена употреба, на делот кај Свети Николе често се случуваат вакви незгоди ,каде луѓето завршуваат во болница. Прочитај повеќе: Извлечени добитниците од Наградната игра на ЈП Камена Река за редовни плаќачи на услуги
Со положување венци на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 16-годишнината од неговата смрт. Од владината прес-служба информираа дека министерот за дијаспора Едмонд Адеми ќе ја предводи делегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски, во Мостар, кај Ротимље, каде што се случи авионската несреќа. Во делегацијата на Владата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. На одбележувањето најавено е присуство и на претставници на Владата на Босна и Херцеговина и на градот Мостар. Делегација на Владата што…
Сончево и топло време со умерена на места значителна облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигне брзина од над 70 километри на час. Во вечерните часови ќе се зголемува облачноста. Во западните делови ќе има локален дожд, а на планините снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Во Македонска Каменица слично време со повремено засилен ветер од јужен правец и максимална температура до 19 степени. Утриново најстудено е во Берово каде се измерени -2 степена и во Струмица -1 степен,…
Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни канцеларии. Исто така денеска почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на Комисијата и од оваа година пред овластен нотар. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вчера апелираше до сите оние што сакаат да гласаат на изборите да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список, но исто така предупреди дека доколку немаат важечки лични документи граѓаните нема да може да гласаат. – Како ДИК ќе направиме максимални напори на…
Најчесто еден од најголемите проблеми на женската популација се вишокот на килограми, па често се жалиме дека имаме плус на килограми и се трудиме да ослабеме со разни диети, третмани, физички активности. Поп и оперската пејачка Наде Талевска Спасовска во последно време може да се пофали со одличниот изглед и одличната нова линија. Имено, Наде за „Женски магазин“ откри дека ослабела 20 килограми со помош на хроно исхрана. „ После 3 бремености, брзо една по друга имав голема трансформација на телото, што е многу нормално и природно. Но, дојде до степен кога почна да ми пречи и морав да превземам нешто околу…
