Author: Media Point
Училиштата во Македонска Каменица ги отворија вратите – учениците го започнаа второто полугодие од учебната 2023/24 година Македонска Каменица, 22. Јануари 2024 година – Двете училишта во Македонска Каменица, Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” и Средното општинско училиште “Миле Јаневски Џингар” со кратки соопштенија на социјалните мрежи ги известија учениците, дека денеска во понеделник на 22. Јануари 2024 година, започнува второто полугодие од учебната 2023/24 година. -Од училиштата велат дека “паузата од зимскиот распуст на учениците е искористена за целосно чистење на училиштето. Исчистени се сите училници, холови, спортската сала, училишна кујна и канцелариите. Настава во…
До средината на оваа седмица времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Како што соопштуваат од УХМР, најстудено ќе биде утре и во вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст. Времето утре наутро ќе биде ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -8, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени. Во…
Со сосема различен тим во однос на оној од првиот дел, славеа „баделки“ со неочекувано убедливи (94:72) против актуелниот шампион Екипата на Бадел 1862 направи неколку измени во играчкиот ростер во текот на зимскиот преоден рок, и тоа веднаш даде резултат. И тоа како, трите нови имиња во ростерот им донесат голема, и неочекувано убедлива победа прогив бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011. Славеа девојките во „жолто-сина“ комбинација со високи (94:72), и најавија уште поинтересен втор дел од сезоната во женската елитна конкуренција. Иако имаа водство од (26:18) на истекот на десетте минути, решавачки за конечниот исход беа…
Денес бев присутен на ,, островчето” како дел од Калиманска брана, за среќа копнено достапно во зимски период, бев на покана на Претседателот на Риболовното здружение, кое организираше една платоновска гозба која на денешен ден на риболовците од Каменица им било веќе неколку години традиција. Пре, преубава блага зимска идила покрај мирните води на вештачката акумулација, многу народ и енергија, трубачи и приказни. Видов многу ликови од мојот живот кој во најубавиот период го живеев таму, архивирани во мојата датотека но денес обновени и присутни во мојот микросвет. На тој островски свет денес не му требаше вештачка интелигенција па да…
Вчеравечер лице кое изгубило пари во казино во Велес, подметнало пожар во просторијата каде играл, по што морала да интервенира пожарната и полицијата. Пожарот се случил во просторија од станбениот комплекс кај црквата Св. Јован во новиот дел на градот. „На 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. Лицето било приведено во полициска станица, известен…
На 19.01.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на патот Гевгелија – Богданци, на мостот на реката Вардар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски таблички од друго возило, управувано од Б.М.(48) од Македонска Каменица, во кое превезувал и криумчарел седум лица мигранти од Сирија, патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(63) од с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(42) од Гевгелија и патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ќ.(37) од с.Стојаково. Во несреќата, од здобиените повреди починал Б.Ј., а смрт…
Рибарите од Македонска Каменица и регионот ја одржаа традиционалната јануарска рибарска средба на брегот од Калиманско Езеро Македонска Каменица, 20. Јануари 2024 година – Денеска, на брегот од Калиманско езеро, членови на СРК “Шаран” од Македонска Каменица и љубители на риболовот од повеќе градови во Источна Македонија, беа дел од седмата традиционална рибарска средба. Одржувањето на оваа рибарска средба започна во 2018 година, како настан со кој рибарите од Македонска Каменица и регионот го одбележуваат заштитникот на рибарите – Свети Стефан. – Веќе седма година по ред, на иницијатива од нашите членови, ја одржуваме оваа средба, која започна како настан…
ИВАН МИЛЕНКОВСКИ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА КАМЕНИЧКА РЕКА 19 годишниот Иван Миленковски од Македонска Каменица го фати Светиот крст положен во водите на Каменичка Река на денешниот голем христијански празник Богојавление-Водици. По Светиот крст во Македонска Каменица скокаа околу 30 верници, меѓу кои Иван М. беше најсреќниот. Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски му врачи пригодни подароци и посака годинава да биде исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба за сите жители во општината. Оваа година, Светиот крст во водите на Каменичка река, го положи Неговото Пеосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко. Претходно беше…
Веднаш на почеток сакам да кажам дека јас сум „економски активист“. Верувам дека само богата држава може успешно да ги реши еколошките, социјалните, културните и другите проблеми на своите граѓани. Оваа наша убава држава страда од едно загадување кое е насекаде и се продлабочува, а тоа е сиромаштијата. Како рударски инженер, се движам по траекторијата што го преобликува рударството на Балканот, непосредно учествувајќи во еволуцијата на модерното рударство и неговото спојување со одржливите практики. Почнав како помлад инженер во рудникот Саса, каде што со макотрпна работа ги имплементирав основните принципи на рударството. Преку посветеност и труд, ги поминав сите раководни…
Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица го објави распоредот на Богослужбите и претстојните случувања при честувавањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Истиот ви го пренесуваме во целост: Богојавление Водици 2024 г. Распоред на Богослужбите 1.На 18.01.2024 година – четврток Водокрст; строг пост на вода ; Со почеток од 07:00 часот утрена , часови со литургија на св.Василиј Велики; Голем Богојавленски водосвет во храмот . 2. На 19.01.2024 година – петок; Богојавление – Водици; утрена 07:00 часот и света литургија од 08:00часот ; По завршувањето на службата Лицитација на Икони , и Лицитација на Чесниот Крст…
