Author: Media Point

Започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Првата прозивка и тренинзи започнаа на 15 јануари, а денеска тренерот Горан Гоцевски ги промовираше и првите 6 засилувања кои му се приклучија на каменичкиот второлигаш во зимскиот преоден рок. – Условите за работа во клубот се добри. Верувам дека со пожртвувана работа и максимална вложеност на теренот, ќе успееме да ја подобриме нашата игра во преостанатиот дел од првенството и ќе успееме да обезбедиме продолжување на натпреварувањето во второлигашкото друштво, – истакна Гоцевски кој додаде дека „покрај денеска објавените 6 нови засилувања. клубот е во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската фудбалерка Ана Ристовска од Македонска Каменица има нов клуб. Таа си заминува од матичниот клуб Каменица Саса, каде настапуваше во изминатите натпреварувачки сезони. 20-годишната Ристовска е младинска репрезентативка на Македонија, каде исто така забележува одлични настапи како играч во одбраната. Со заминувањето од САСА има нов предизвик пред себе. Кариерата ја продолжува во странство, надвор од Македонска Каменица и Македонија. Таа беше редовна на мечевите на Саса, важи за рекордерка во клубот по бројот на настапи, а исто така играше и во квалификациите за Лигата на шампионите. Заминува шест месеци порано од предвиденото. Договорот со матичниот клуб…

ПОВЕЌЕ ...

Дамјан Стоименовски освои 3 место на меѓународниот фестивал WAF CONTEST На меѓународниот фестивал Waf Contest кој се одржа во Скопје, а траеше од 8 до 11 Јануари младиот македонски пејач освои 3 место. Со оглед на тоа што конкуренцијата беше силна и меѓународно, оваа награда е високо признание за нашиот млад пејач Дамјан Стоименовски. На меѓународниот фестивал Waf Contest имаше повеќе активности. Целиот фестивал беше на светско и врвно ниво. Учествуваа 70 учесници од целиот свет и тоа од Русија , Казакстан, Малта, Чешка, Израел, Хрватска, БиХ, Словенија и Македонија. Дамјан Стоименовски се претстави со песната од Тоше Проески ,,Јоs…

ПОВЕЌЕ ...

Времето утрово студено, преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -4, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Македонска Каменица ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура утрово се спушти до -8, а максималната ќе достигне 3 степени. Викендов ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност во текот на денот. Во почетокот на следната седмица времето ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Во делчевското село Ѕвегор сè е подготвено за годинешното издание на обичајот под маски „Сурва“ кој традиционално се одржува на 14 јануари, ден кога се прославува Василица. Годинава шеесетина суроваскари ќе го бркаат злото од Пијанец со што ја зачувуваат автентичната традиција на весела свадбена поворка. Тие извикувајќи „Сурова“ ги благословуваат домаќините за зелена, здрава Стара Нова година, облечени и маскирани во традиционалните маски.  Во свадбената поворка која тргнува рано наутро, се задолжителните ликови на невестата и младоженецот, белаците, бабите, мечкарите во Ѕвегор, тие не одминуваат ниту една куќа и задолжително ја играат улогата на ликот кој го претставуваат. Така, еротските игри асоцираат…

ПОВЕЌЕ ...

По иницијатива на свештенството во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица, со благослов на Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г.Марко се постави подно греење, – стои во сооопштението од Делчевско – каменичката епархија На овој начин се реши деценискиот проблем со греењето во храмот. Од Делчевско – каменичката епархија се надеваат, дека присуството на верниците за време на Богослужбите ќе биде поголемо, заради подобрување на услови во храмот. Од таму, упатуваат благодарност до свештенството и екипата која го поставуваше подното греење и за несебичното залагање во овој проект.

ПОВЕЌЕ ...

Центарот за управување со кризи информира дека вчерашната спасителна акција е успешно спроведена за заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, при што лицата се однесени на безбедно место, а возилото е извлечено од снегот. Тоа синоќа, е рапортот, поточно, кусата повратна информација од терен по спасителната акција на Доброволна планинска спасителна служба ДПСС „Осогово“ од Кочани, на МВР и на други ангажирани субјекти и граѓани. Конкретно, вчера во 17.45 била пристигната информацијата за заглавени лица со теренско возило во снег на Поникава, Осоговски Планини, по што веднаш од ЦУК е извршен контакт со ДПСС „Осогово“, а во меѓувреме…

ПОВЕЌЕ ...

Научници од Универзитетот Колумбија во Њујорк открија дека купеното пластично шише вода од еден литар може да содржи неверојатни 240.000 микроскопски пластични честички, што предизвикува огромна загриженост поради потенцијалните импликации по здравјето. Причината за тоа загадување со пластика се различните човечки активности, вклучувајќи ја рибарската индустрија и отпадот од домаќинствата, што резултира со производство на милиони тони пластика годишно. Микропластиката, со големина од 1 до 5 микрометри, доминира со тоаа еколошка криза. Беижан Јан, научник ос американскиот Универзитет Колумбија, забележал дека микропластиката може да функционира како преносител на загадувачи и патогени. Уште повеќе загрижува тоа што нанопластиката, со големина под…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.И.(30) од село во општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.12.2022 во Македонска Каменица, од страна на полициски службеници извршена е контрола на патничко возило „бмв“, сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Извор на веста: Дневен Билтен на МВР 11.01.2024 година ОГЛАС: СЕ ПРОДАВА КУЌА КАЈ ШКОЛОТО ВО ДОЛНА САСА

ПОВЕЌЕ ...

Познатиот сајт World Population Review објави мапа на светот според просечниот коефициент на интелигенција. Како што истакнува сајтот, резултатите од тестовите за интелигенција (IQ) имаат тенденција да го одразуваат квалитетот на образованието и ресурсите достапни за луѓето во нивните локални географски региони. Областите во светот со пониски IQ резултати имаат тенденција да бидат посиромашни и помалку развиени, особено во областа на образованието, во споредба со земјите со повисоки IQ резултати. Според нивното истражување, Јапонија е на прво место, а нивниот просечен коефициент на интелигенција е 106,48. Следат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија…

ПОВЕЌЕ ...