Author: Media Point
Според одлуката на РКЕ, цените на бензините и дизелот од ноќеска се зголемуваат за еден и пол денар за литар Од ноќеска на полноќ цените на горивата се зголемуваат за еден и пол денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 од ноќеска ќе изнесува 79,50 денари за литар, литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,50 денари, а цената на дизелот ќе изнесува 76,50 денари за литар. За еден и пол денар од ноќеска на полноќ се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се…
Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје добиено е известување за почувствуван земјотрес, информираат од ЦУК. -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 28.01.2024 година во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km источно од Скопје, во епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5, велат од ЦУК. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Извор:…
Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше во големото финале со 3-2 во сетови, односно 3-6, 3-6, 6-4, 6-4 и 6-3 против Данил Медведев на Австралијан опен за да се закити со првата гренслем-титула во кариерата. Искусниот руски тенисер го доби првиот сет со 6-3, откако направи два брејка, додека во вториот следеше идентичен почеток, по кој Синер врати само еден загубен гем, но тоа не му беше доволно да го спаси сетот (3-6). Медведев играше добро и во третиот сет, па делуваше дека ќе го освои пехарот во Мелбурн, меѓутоа Италијанецот се разбуди и со брејк во 10. гем стигна до…
Во согласност со проектот за затворање на диви депонии во Источниот регион – ЛОТ 1, денеска од страна на економскиот оператор Eskavatori MK DOOEL – Skopje, започна расчистувањето на градската депонија во Македонска Каменица, – објави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој притоа истакна дека зачувувањето на животната средина останува врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа. Проектот е финансиран од Европската унија, со вредност од 4.565.600,80 евра, а предвидува изградба на собирна и претоварна станица во Македонска Каменица, за современ третман на отпадот до идната регионална депонија преку собирната и претоварна станица во Кочани, до Мечкуевци кај Свети…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, денеска 24. Јануари 2024 година, поднесе кривична пријава против 23 годишен жител на Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Како што стои во соопштението од Дневниот билтен на МВР, на 15.04.2023 во Македонска Каменица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Извор на веста: Дневен Билтен на МВР од 24. Јануари 2024 година
Учениците во Македонија покажуваат слаби резултати и не се задоволни од животот во државата, УНИЦЕФ апелира образованието да стане натпартиски приоритет На Меѓународниот ден на образованието, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани истакнува дополнителни докази за потребата од натпартиски заложби за реформи на образованието во земјата. Квалитетното образование, вели таа, е клучен двигател на економскиот раст и развој и го забрзува остварувањето на сите човекови права. Образованието овозможува стекнување на потребните вештини и знаења, за да може, по завршувањето, учениците да се вклучат на пазарот на трудот и да придонесат кон подобар економски развоја. Исто така, образованието помага да се…
Градоначалникот Атанасовски го посети семејството на првороденото бебе во Македонска Каменица во 2024 година Со неизмерна радост, изразувам најискрени честитки до семејството Стојковски за нивната новородена Деа – првороденото дете во нашата Општина во Новата 2024 година, – вели во објавата, градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој на родителите, мајката Глорија Сугарева Стојковска и таткото Дени Стојковски , им честита на најблескавиот благодет во нивното семејство. – Нека малата Деа им биде непресушен извор на радост и среќа, да ги исполнува со бескрајни моменти на љубов и задоволство, – продолжува Атанасовски во честитката, при што на малата прекрасна…
На 19.01.2024 во 04.10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле Б.Ѓ.(35) од Виница затоа што во Итна медицинска помош Кочани го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон вработените. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови се запалила куќа во Берово. Во пожарот едно лицо е повредено, и има изгореници, при што е однесено во Здравствениот дом во Берово. – Пожарникарите од Берово, вчера, во период од 22:55 до 00:30 часот со 2 Противпожарни возила и 4 Пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот Берово. Во пожарот едно лице се здобило со повреди (изгореници) и истото е пренесено во Здравен дом Берово – соопштија од Центарот за управување со кризи. Од таму додаваат дека во последното деноноќие, имало извештаи дека речиси секаде пожарникарите имаме помали интервенции, што најчесто…
Поранешниот репрезентативец на Македонија, нашиот сограѓанин Бојан Трајковски си обезбеди место во историјата на македонската кошарка како прв играч кој успеал во иста натпреварувачка сезона да стигне до два трипл-дабл натпревари. Ветеранот Трајковски беше во главна улога во триумфот на Феникс над Академија ФМП со 109-76. Крилниот центар доминираше против младиот гостински состав од Кисела Вода, реализирајќи 19 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Покрај одличниот Трајковски, во победничкиот тим се истакнаа и Рис со 24 поени и 18 скокови и младиот Стојковиќ со 12 поени и пет асистенции. Најефикасни во таборот на Академија ФМП беа Петровски и Масевски со…
