Author: Media Point

На 05.02.2024 во 15.45 часот во Полициската станица Кочани, социјална работничка во Центарот за социјални работи Кочани пријавила дека од домот на нејзиното згрижувачко семејство се оддалечила Ј.А.(12), која и претходно се оддалечувала и била пронаоѓана и враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ПОВЕЌЕ ...

Движењето Антикоцкање од Тетово одржа прес-конференција од која побара ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи усвојувањето на законот со кој објектите на игри на среќа ќе се оддалечат 500 метри од образовни и други установи. Движењето Антикоцкање кое првично бараше да оддалечат објекти три километри од населени места, сега бара и затворање на сите објекти. – Законот да не го спречува специјално ВМРО ДПМНЕ зошто три години и повеќе го држи законот во фиоките во комисијата за финансии и буџет а на крај, едноставно мораат да го донесат законот со европско знаме за да може утре да помине во парламентот. Затоа апелирам…

ПОВЕЌЕ ...

ИТНО СЕ БАРА СТАН ИЛИ ДЕЛ ОД КУЌА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ПОД КИРИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Доколку имате стан или дел од куќа за изнајмување под кирија во Македонска Каменица можете да ги побарате заинтересираните лица на следниов контакт телефонски број 075 282 226. Потребно е станот или делот од куќа што се издаваат да бидат наместени со мебел.

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица, според претходно утврден Правилник за условите, постапката и начинот на распределба, градоначалникот Димчо Атнасовски, го објави Јавниот повик за финанскиска помош за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани. До Јавниот повик можете да пристапите ОВДЕ, а содржината на истиот ви ја пренесуваме во целост:  ЈАВЕН ПОВИК  Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2023 година и согласно Правилникот за условите, начинот…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – Во петок, на 02. Февруари 2024 година, Општинската организација на Црвен крст – Делчево предд ушениците од Средното општинско училиште “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица одржа обука од кампањата за прва помош под мотото “Првата помош спасува живот”. – Продолжуваме со спроведување на кампањата по прва помош под мотото”Првата помош спасува живот”. Целта на оваа кампања е да се едуцираат што поголем број на ученици и наставници со основните вештини по прва помош,- изјавуваат од ОО Црвен Крст – Делчево На обуката присуствуваа сите ученици од прва година и дел од наставниците во средното каменичко училиште.…

ПОВЕЌЕ ...

Социјалната мрежа Фејсбук е основана пред 20 години, на 4 февруари 2004 година. Како и интернетот, така и Фејсбук е креација на визионер кој имал уникатна дарба, а тоа е Марк Цукерберг. Тоа не беше првата социјална мрежа, но Фејсбук се појави како доминантен играч на овој пазар во своето време. Кога се појави, многумина го споредија Фејсбук првенствено со Мајспејс, но она што го издвои од другите слични сајтови беше, освен техничката способност на неговиот основач, фактот што беше ексклузивен на почетокот – за да станете член, моравте ќе биде студент на еден од најелитните американски универзитети – Харвард.…

ПОВЕЌЕ ...

Ова прашање како што пишува Фокус било отворено на првата владина седница со која раководел новиот премиер , а како што потврдија двајцата клучни министри, шефот на дипломатијата и техничкиот министер за внатрешни  во опција е и враќање на парите е што граѓаните ги дадоа за да извадат нови пасоши и лични карти пред да им истече нивната важност. Најавено е дека МВР ќе го прифати секое решение за личните документи кое е во интерес на граѓаните, а министерот во ресорното министерство работи на реорганизација за побрзо аплицирање и добивање на документите за да се намалат гужвите пред пунктовите на…

ПОВЕЌЕ ...

Една одлична четвртина им беше доволна на кошаркарите од Македонска Каменица да го совладаат Куманово-Гризли, (70:54) Добрата форма во која полека влегува актуелниот шампион во овој втор дел од сезоната ја потврди и на гостувањето во Куманово. Одлични десет минути, и пред се ефикасни, во втората четвртина (ја решија во своја корист со 27:13) им беа доволни на кошаркарките на Баскет Кам 2011 да излезат како победници против мотивиранито кумановски состав. На крајот тоа изгледа и убедливо (70:54) во корист на екипата од Македонска Каменица која сега е на скор (11-2), и има победа повеќе во однос на Вардар, кој…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса го одигра вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Детонит Плачковица. Домашната екипа со минимални 2-1 славеше на пријателскиот натпревар против тимот на Горан Гоцевски, одигран на Градскиот стадион во Радовиш. Детонит преку новото засилување Зоран Ивановски дојде до водство од 1-0, а откако Каменица Саса израмни со голот на Исмаил Бектеш, домаќините во финишот, со гол на Хубрев дојдоа до конечните 2-1.

ПОВЕЌЕ ...

Дизелот од утрово поскапи за 2 денари од литар, со што сега ќе изнесува 78,50 денари за литар, одлучи вчера РКЕ. Цените на бензините остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 денари/литар.

ПОВЕЌЕ ...