Author: Media Point

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави соопштение за јавноста, каде ги истакна тековните градежни активности кои се спроведуваат во урбаната и во приградските средини од градот. – Станува збор за реконструкција на главниот цевковод за водоводна мрежа кај филтер станицата за потребите на жителите на Македонска Каменица во вкупна должина од 200 метри, изградба на пешачка патека за поврзување на улица 28-ми Август со паркинг просторот на улица Рударска, изградба на пешачката патека кај Стопанска банка во централното градско подрачје, – истакнува во соопштението градоначалникот Атанасовски Претходно, преку извршувањето на тековни работни активности на ЈП Камена Река…

ПОВЕЌЕ ...

Загрижувачкиот раст на нови случаи со пертусис, причина за прогласување на епидемија на голема кашлица во Скопје. Комисијата за заразни болести со препораки до Министерството за здравство да се забрани деца кои не се вакцинирани или делумно вакцинирани да посетуваат градинка. Досега регистрирани се 18 случаи со пертусис или голема кашлица во земјава. Се препорачува и вакциналните пунктови да работата во две смени и во сабота. Во меѓувреме е потврден нов случај на голема кашлица кај четиригодишно дете, хоспитализирано на Универзитетската детска клиника, кое е вакцинирано, но има хронична болест Медицинските лица со апел да се вакцинираат децата и препорачаните…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса покрај интензивните подготовки пред почетокот на пролетниот дел од првенството, продолжува со ангажман на нови засилувања на тимот. ФК Каменица Саса денеска објави три нови засилувања во своите редови. Станува збор за Беким Алиев, Александар Смилков и младинскиот репрезетативен голман на Македонија до 21 година, Иван Николовски. Талентираниот млад македонски репрезентативен голман, Иван Николоски има 20 години. Како големо засилување во Каменица Саса, доаѓа од прилепска Победа. Претходно има настапувано за прволигашките состави на Беласица, Воска, Силекс, Работнички, Дрита и Влазними. Роден е во Прилеп. И 20 годишниот Александар Смилков е ново фудбалско име во редовите ФК…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(29) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Осомничениот во два наврати на 16.01.2024 и на 21.01.2024, и тоа во моменти кога тој се наоѓа на издржување казна затвор во затворот Штип преку електронски пораки им се заканувал на неговата мајка и на неговиот брат при што истите случајот го пријавиле во полиција.

ПОВЕЌЕ ...

Со 55 гласови „за“ Собранието денеска ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце. Измените, меѓу другото, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта. Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред законодавниот дом изразувајќи го револтот за предлог-законот. Оттаму, тие побараа претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот, велејќи дека со измените ќе се затвори гранка во која има…

ПОВЕЌЕ ...

Екипата на Каменица Саса која презими на второто место на табелата во Првата женска фудбалска лига го претстави своето второ зимско засилување. Станува збор за Стефанија Ристова која доаѓа од редовите на Истатов, а новото засилување на Каменица Саса во својата кариера има настапувано и за Борец, Интернационал и Скопје, а интернационална кариера градеше и во Србија настапувајќи за екипата на Машинац. Саса добива одлично засилување во нападот, брза, квалитетна и снаодлива фудбалерка на теренот, која треба да биде голем адут во поход по титулата. Претходно, Каменица Саса се засили со Радица Велкова, за што објави телевизија М Нет.

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот женски кошаркарски првак, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица доведе големо засилување за битката во одбрана на тронот. Нова кошаркарка на клубот од Македонска Каменица е Драгана Зубац. Оваа 22-годишна кошаркарка е една од најталентираните во Босна и Херцеговина, веќе е сенироска репрезентативка и бележи одлични партии за националниот тим. Зубац својата кариера ја започна во Млади Крајисник во Бања Лука, па играше за Бановичи пред да го направи првиот интернационален трансфер во романска Тара Барсеи. Следеа трансфери во Пинк Пецси од Унгарија и турски Хатај. Во декември 2022 година Зубац се пресели во Бенфика, кој за неа беше последен…

ПОВЕЌЕ ...

Гореше куќа во село Косевица – во гаснењето на пожарот учествуваше каменичката ТППЕ По примената пријава за пожар во 07:20 часот, екипите на ТППЕ Македонска Каменица учествуваа во гасење на пожар од поголем обем во запалена куќа во село Косевица. Пожарот, како што напиша на фејсбук командирот Малин Трајчевски, целосно е изгаснат во 12:15 часот. На местото е извршен увид од надлежните органи. Повеќе информации очекуваме во текот на денот. Како што можеме да забележиме од фотографиите во прилог, станува збор за поголеми оштетувања, особено на приземниот дел ос објектот каде е причинета голема материјална штета.

ПОВЕЌЕ ...

Започнуваат со работа Креативни работилници за децата во Македонска Каменица Започнува пријавувањето за учество во Креативните работилници за деца во Македонска Каменица. Проектот покрај креативно изразување на децата, нуди можност за Градење на позитивна слика за себе; Градење самодоверба; Препознавање и изразување на сопствените емоции и развивање емпатија, како и Прифаќање на разлики и ненасилно разрешување конфликти. Станува збор за Креативни работилници за деца на различна возраст. За учество во Креативните работилници можат да се пријавуват деца од 6 до 8 години, како и деца од 9 до 12 години за учество во повозрасната група. Двете возрасни групи се распоредени…

ПОВЕЌЕ ...

По пријавата добиена во 12:30 часот, ТППЕ Македонска Каменица со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, интервенираше во гаснење на пожар кај месноста Близна во Чукаревско маало, село Саса. – Опожарена е површина од околу 4 хектари на отворен простор обраснат со сува трева и папрат, – изјави командирот Малин Трајчевски кој додаде дека пожарот е настанат од невнимание на локален жител при чистење на нива. Пожарот, како што изјави командирот Трајчевски, целосно е изгаснат во 14:30 часот, без да биде предизвикана поголема материјална штета по имотите и безбедноста на локалното население.

ПОВЕЌЕ ...