Author: Media Point

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 16.2.2024 година. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 41,881 ден/кг. Од 20.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС…

ПОВЕЌЕ ...

Петте најнеразвиените региони во Европа според Индексот на човечки развој се на Балкан, додека Југоисточниот регион на земјава (0,722) е најнеразвиената област во цела Европа. Најразвиените области на Европа се наоѓаат во западната половина на континентот, каде највисок индекс има Цирих (0,989). Индексот за човечки развој е композитен индекс на Канцеларијата за извештаи за човечки развој на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и се користи за мерење на развојот на една земја, врз основа на показателите за очекуваниот животен век, образованието и приходот по глава на жител. Овој индекс најчесто се пресметува на национално ниво, а Глобалната лабораторија…

ПОВЕЌЕ ...

Завршен фрескоживописот во храмот ”Свети Јован Крстител” во село Ѕвегор Конечно се заврши фрескоживописот во храмот ”Свети Јован Крстител” во с. Ѕвегор. Како што истакнуваат од Делчевско – каменичката епархија, фреските се изработија за нецели два месеци со посебна принт техника и потоа се излепија на ѕидовите од храмот. Од Делчевско – каменичката епархија, во име на епископ г. Марко и парохиското свештенство, упатуваат голема благодарност и благослов од Бога за сите донатори кои го помогнаа ова дело.

ПОВЕЌЕ ...

Попладнево земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер е регистриран во соседна Бугарија. Епицентарот на земјотресот е на 15 км југоисточно од Благоевград, на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и на територија на Македонија, посебно во источните делови од земјата.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Февруари 2024 година – Вчера се реализираше првата креативна работилница за деца на тема Тоа сум јас/ Кој сум јас. На овие теми учествуваа околу 30 дечиња од Македонска Каменица, кои низ игра и дружење се спознаваа и изразуваа себе на креативен начин, градејќи позитивна слика за себе. – Следниот викенд, продолжуваме да се дружиме на тема Моите емоции, – истакнуваат организаторите од Центарот за советување и креативен развој на деца и возрасни Контакт 3, од каде дополнуваат, дека во следниот период се подготвуваат и промотивни гешталт работилници за возрасни, наменети за личен раст и развој и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 17. Февруари 2024 година – Денеска, со почеток од раните утрински часови, членовите на Ловното друштво “М.Каменица – Саса” организираа хајка за отстрел на дивеч во ловиште “Вратиславци”. – По успешно завршената акција, за сите учесници во истата и бројните гости на настанот беше послужен ручек со војничко гравче на манастирот “Покров на Пресвета Богородица” на Јазова Чука – истакнуваат од Ловното друштво “М. Каменица – Саса” од каде упатуваат благодарност за постојаната поддршка за ваквите активности до Општина Македонска Каменица и градоначалникот Димчо Атанасовски кој утрово беше присутен на настанот.

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса објави соопштение за јавност во кое искажува благодарност до повеќе општествено одговорни компании кои преку донирање на спортска опрема и финансиски средства го помагаат функцкионирањето на клубот Соопштението ви го пренесуваме во целост: Почитувани, Со големо задоволство, нашиот фудбалскиот клуб Каменица Саса изразува огромна благодарност кон повеќе општествено одговорни компании од Македонска Каменица кои донираа спортска опрема за потребите на нашиот сениорскиот тим. ✅ Благодарност до “КАВКАМ ТРАНС” од Македонска Каменица за донирана спортска опрема – официјални тимски тренерки за нашата сениорска екипа ✅ Благодарност до Ресторан “ШИЗИК” од Македонска Каменица за донирана спорска опрема -…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, на празникот ,,Сретение на Пресвета Богородица” Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, богослужеше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. На Богослужбата епископот одржа пригодна беседа во чест на празникот.

ПОВЕЌЕ ...

Започна уредувањето на парковите и зеленилото во централното градско подрачје на Македонска Каменица Општина Македонска Каменица преку редовните работни акивности на одделението за одржување на јавното зеленило и хортикултурно уредување во ЈП “Камена Река” започна со расчистување на сите постари дрвни видови и друга обрасната вегетација во парковите и зеленилата во централното градско подрачје во Македонска Каменица. – Започна отстранувањето на стари и дотраени дрвни видови и грмушки во централното градско подрачје и уредување на јавните површини со нова тревна и растителна вегетација притоа градејќи пешачки патеки онаму каде што е неопходно, – истакна градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо…

ПОВЕЌЕ ...

Според информациите на СВР-Штип, во тешката сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила „голф“ со кочански, „ситроен“ со винички и „сеат ибица“ со скопски регистерски таблички повредени се пет лица. Двесет и четири годишната Н.П од Скопје сопатничка во возилото „сеат ибица“ со скопски регистерски таблички и 52 годишниот Г.А од Кочани, сопатник во автомобилот „голф“ со кочански регистерски таблички, се жртвите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во атарот на селото Жиганци, соопшти денеска за МИА портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Според информациите на СВР-Штип, во тешката сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила…

ПОВЕЌЕ ...