Author: Media Point

Облачно со повремен дожд, наместа со поројни врнежи По утринската облачност и топлото време за овој  период од годината, метеоролозите за денеска прогнзираат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите се очекува да бидат пообилни, а на југоистокот и поројни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. И во Македонска Каменица се очекува променливо облачно и релативно топло со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 3 степеи во планинските места, 7 во скопската котлина, до 9 степени…

ПОВЕЌЕ ...

На 22.02.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Кочани, вработена во средно општинско училиште во Кочани пријавила дека околу 18.05 часот В.З. влегол во училиштето и физички нападнал ученичка. По целосно документирање на случајот против В.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица,23.02.2024 година (kamenica.mk) –  Пчеларите од Македонска Каменица го одбележаа Св. Харалампиј – заштитник на пчелите и пчеларите. Настанот, како и секоја година се одржа пред Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица. Како што претходно беше најавено, традиционално беа поделени садници за членовите на пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица, донација од Фондација „Рудник САСА“. Претседателот на пчеларското здружение, Боге Јанковски во своето обраќање ги покани пчеларите по завршувањето на настанот, да се приклучат кон акцијата за засадување на садници багрем, кои и годинава ги донираше Фондацијата „Рудник САСА“. Оваа акција беше спроведена на…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, пчеларите го чествуваат СВ.Харалампиј – патрон и заштитник на пчелите. – Празникот традиционално ќе го прославиме пред црквата Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица. Настанот почнува во 10 часот, со молитва за здравје за пчеларите и пчелите. Следува традиционалното делење на садници за членовите на пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица, кои секогаш се донација од Фондација „Рудник Саса“, – велат од “Еко Кам Мед” Во 11 часот, според она што го објавија од Здружението на граѓани “Еко Кам Мед”, пчеларите ќе засадат садници – багрем, кои исто така се донација од Фондација „Рудник…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса го најави дуелот против четвртопласираниот Арсими. Натпреварот од 17. Коло на Втората МФЛ, се игра во сабота на 24. Февруари, со почеток од 14:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Засилениот тим на ФК Каменица Саса има одлична можност, со победа пред домашна публика да се избори за значајни бодови на своето конто. Тимот од Македонска Каменица во зимскиот преоден рок реализираше повеќе засилувања во нападот и одбраната, со искусни фудбалски имиња и млади фудбалери кои добиваат шанса за докажување. Поддршката од публиката е повеќе од потребна. Атмосферата во екипата е позитивна, со оптимизам за пролетниот…

ПОВЕЌЕ ...

Нова сообраќајка на експресниот пат Штип- Кочани – Виничанка заврши со телесни повреди откако излета со Комбе Жена од Виница (40) заврши со телесни повреди откако комбе излета синоќа на експресниот пат Штип – Кочани. Нема други повредени, соопштија од СВР Штип. Во комбето жената била сама. Сообраќајката се случила на 5 километри од клучката кај Три Чешми на патот кон Кочани. Ова е втора сообраќајка за период од една недела, по трагичната несреќа на 14 февруари, во која загинаа 24-годишна девојка од Скопје 52 – годишен маж од Кочани, а пет лица беа потешко повредени. Двајца беа однесени на…

ПОВЕЌЕ ...

Покрај останатите фактори, влијанието на подолгиот животен век поврзано е и со крвната група. Секоја крвна група има одредени предности и маани, како и влијание на здравјето на поeдинецот во поширока смисла. Една крвна група е особено отпорна на разни болести, односно најотпорна. Зборуваме за крвната група 0 која исто така може да придонесе во долговечноста, тврдат научниците. Имено, докажано е дека луѓето кои ја имаат крвната група 0, имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести, како што се мозочни удари, но исто така тие поретко заболуваат од одредени видови карцином, како што се карцином на панкреас и карцином на желудник. Една од…

ПОВЕЌЕ ...

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 15 степени. Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

ПОВЕЌЕ ...

По повод 17 март – Денот на крводарителството, Општинската организација на Црвен крст од Делчево организира свеченост каде ќе бидат доделени благодарници и признанија на крводарители кои имаат дарувано крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 дарувања на крв. Крводарителите кои ги исполнуваат овие услови може да се пријават во просториите на Црвен крст секој работен ден од 08 – 16 часот или на телефон 071 346 227 до 03.03.2024 година.

ПОВЕЌЕ ...

Регионот одбележува три години од смртта на „Панонскиот морнар“ Целиот регион и секако родниот Нови Сад пред три години се простија од легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ. Панонскиот морнар, како што многумина сакаа да го нарекуваат, ненадејно, на 68-годишна возраст, почина од пневмонија. Во зимата 2021 година, кантавторот се разболе од пневмонија. Прво бил лекуван дома, а потоа бил хоспитализиран на белградската инфективна клиника. Тој починал по само неколку дена, а ги остави зад себе долгогодишната сопруга Оливера, ќерките Јелена и Јована и синот Алекса, како и безброј стихови, песни и спомени. Љубовта на Ѓорѓе и Оливера остана една од оние…

ПОВЕЌЕ ...