Утре, пчеларите го чествуваат СВ.Харалампиј – патрон и заштитник на пчелите.
– Празникот традиционално ќе го прославиме пред црквата Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица. Настанот почнува во 10 часот, со молитва за здравје за пчеларите и пчелите. Следува традиционалното делење на садници за членовите на пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица, кои секогаш се донација од Фондација „Рудник Саса“, – велат од “Еко Кам Мед”

Во 11 часот, според она што го објавија од Здружението на граѓани “Еко Кам Мед”, пчеларите ќе засадат садници – багрем, кои исто така се донација од Фондација „Рудник Саса“, кај Падарница, во Македонска Каменица.
Оваа година, ќе бидат засадени 100 садници јавор и јасен донација од фирмата за хортикултурно уредување, одржување и цветно аранжирање на површини „Моја Мила Градина“ од Македонска Каменица.

