Author: Media Point

Министерот за здравство, Илир Демири ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) за спречување на ширењето на голема кашлица (пертусис) и ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предивидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица. Од министерството упатија апел до родителите дека вакцинацијата е најдобра првенција за големата кашлица и затоа треба да ги вакцинираат своите деца. Според Календарот за имунизација,…

ПОВЕЌЕ ...

Родителите на мака во пресрет на празникот на жената – Осми март. Иако идејата е да се подари цвеќе или некој мал симболичен подарок, трендовите се изместија, па така најголем проблем за родителите е каков подарок да изберат за учителките на своите деца. Кај оние кои ќе успеат да се организраат да купат групен подарок, односно подарок од целото одделение, решението е многу полесно. Обично се собираат од 150-500 денари и со собраната сума се купува еден, но повреден подарок за учителката. Родителите велат дека во повисоките одделенија учениците веќе сами се организираат и го избираат подарокот за учителката, класната,…

ПОВЕЌЕ ...

Младинките на ЖФК Каменица САСА во рамки на Младинската женска фудбалска лига на Македонија ги одиграа натпреварите против првопласираната екипа ЖФК Скопје од Скопје. – Викендов одигравме одличен натпревар со нашите млади фудбалерки против првопласираната екипа од Скопје. Младите девојки прикажаа одличен фудбал и голем напредок! Браво на сите, – изјави Зоран Златковски по завршувањето на натпреварите, притоа упатувајќил багодарност за поддршката од многубројната публика на трибините од помошните спортски терени во Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликацијата за комуникација Месинџер пријавиле дека имаат проблеми со најавувањето на нивните профили. Околу 16:20 часот, корисниците на Facebook и Messenger почнаа да пријавуваат проблеми со апликацијата. Многу корисници се одјавени од нивните сметки преку Фејсбук и не можат повторно да се логираат. Повеќето од нив се пожалија дека не е можно да се испраќаат и примаат пораки, но и дека не можат да се поврзат на серверот и да се логираат на нивните профили. Причината за појавата на овој проблем не е позната, со оглед на тоа што Facebook се…

ПОВЕЌЕ ...

Свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” го објави распоредот на нивното присуство на вечните почивалишта за задушница, во сабота на 09. Март 2024 година, во Македонска Каменица. Моштица – 06:00часот, отец Мартин Саса – 06:00 часот, отец Дарко Луковица – 07:30, отец Дарко Грчки гробишта – 07:30 часот, отец Мартин Св.Илија – 08:30 часот, отец Мартин и отец Дарко Капела – 09:30 часот, отец Дарко и отец Мартин Во петок, на 08. Март 2024 година, на вечните почивалишта кај старата градска црква Св. Илија, од 15:00 часот, ќе биде присутен свештеникот отец Мартин. Исто така, во истиот период…

ПОВЕЌЕ ...

Убедлива игра, и висока победа на екипата од Македонска Каменица во големото финале против МЗТ Скопје Аеродром (67:39), за трет трофеј Големото финале, 31.по ред во Куп-историјата на македонската женска кошарка, донесе супериорна игра на екипата која беше во улога на „предизвикувач“, Баскет Кам, против онаа која го бранеше пехарот во ова натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром. БАСКЕТ КАМ 2011 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ       67:39 Уште во раната фаза од финалето, Баскет Кам обезбеди солидна позитива од девет поени (13:4). Имаа максимални „три од три“ во шутот за три поени (Димова даде две), за идентични (15:6). А крајот на…

ПОВЕЌЕ ...

По неколку годишната пауза од натпреварувања во бенч прес (Bench Press) и останатите слични спортски дисциплини, шампионот и светски рекордер Бошко Стаменковски од Македонска Каменица повторно им се враќа на златните медали и освоените први места на меѓународните турнири. Викендов Стаменковски учествува на силниот меѓународен турнир во Књажевац, Република Србија каде во категорија до 83 килограми го освои Првото место во дисциплината Bench Press. Златниот медал дојде во рацете на Стаменковски по успехот да крене бенч од 120 килограми. Упатуваме честитки за Бошко и му посакуваме нови учества на светските и европски првенства, со освоени уште многу зларни медали.

ПОВЕЌЕ ...

Оваа учебна година државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик. Целта на новиот начин на реализирање на испитите  е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои…

ПОВЕЌЕ ...

На 01.03 2024 во 18.10 часот во Полициската станица Виница, како што стои во Дневниот билтен на МВР, било пријавено дека на магистрален пат А3 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со винички регистарски ознаки, управувано од Г.И.(52) од с.Јакимово, виничко и товарно возило „сканиа“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(39) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.И. констатирани во Клиничка болница Штип, додека неговата сопатничка Л.Е.(46) од Виница се здобила со телесни повреди, – стои во билтенот на МВР Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип,…

ПОВЕЌЕ ...

Делчевско – каменичката епархија го соопшти распоредот на богослужби на Епископот г. Марко за месец март 2024 година. Според објавениот распоред Епископот на делчевско – каменичката епархија во нашата црква “Успение на Пресвета Богородица” ќе чиноначалствува со богослужбите на 10. Март 2024 година, во недела. Подоцна на 24. Март во март и 29. Март во петок.

ПОВЕЌЕ ...