Author: Media Point

Градоначалникот Атанасовски ги посети институциите во градот и субјектите од приватниот сектор по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената. – Ми претставува огромна чест, задоволство и гордост што имам можност да го честитам Меѓународниот празник на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес во сите општествени процеси. Жените со нивната посветеност докажуваат дека сите сме еднакви и рамноправни, – истакна во таа прилика градоначалникот Атанасовски Со скромен подарок на сите жени-вработени во општинската администрација, општинските установи и претпријатија, но и во приватниот сектор, Атанасовски им се заблагодари за трудот и личниот придонес кон заедницата. При посетата…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, во Месопусната недела Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. После читањето на Светото Евангелие епископот одржа пригодна беседа во која истакна како да се подготвиме за почеток на Велигденскиот пост, – велат од делчевско каменичката епархија По Литургијата верниот народ од Македонска Каменица и регионот ги прими Божествените Дарови. По завршувањето на Светата Божествена литургија беше одржан работен состанок и ручек на кои присутен беше и Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица. Како што веќе претходно објавивме, градоначалникот Атанасовски истакна дека…

ПОВЕЌЕ ...

Бурни аплаузи од публиката за Фолклорната група „Копачката“ од село Драмче која вчера учествуваше на настан во Благоевград организан од Зружението „Ние жените“ и Регионалниот историски музеј. – Чест и задоволство беше да се биде дел од ЗФГ КОПАЧКА  од село Драмче во Благоевград. Извонредно ја изведовме предвидената програма со нашите помлади членови, како успеавме во најдобро светло да ја претставивме Македонија, – истакна Перса Стојановска по настапот во Благоевград која сподели импресии од настапите додавајќи, дека „Бурните аплаузи од публиката ја отсликуваа високата приемчивост на нашиот пијанечки изворен фолклор, овде во Благоевград. Присустните не ги криеа своите чувства и…

ПОВЕЌЕ ...

Нашата екипа ФК Каменица Саса извојува победа од 3:1 на гостувањето во Тетово против екипата на ФК Тетекс. Иако, домаќините го отворија резултатот и први дојдоа до водство преку пенал уште во првиот дел од натпреварот, нашите момци во текот на второто полувреме ја имаа иницијативата на теренот и успеаја преку неколку конкретни шанси, целосно да го свртат резултатот во своја корист. ФК Тетекс : Фк Каменица Саса конечни 1:3. Ова е прва победа на каменичката екипа во пролетниот дел од првенството по 5 одиграни кола. Се надеваме дека следуваат уште многу натпревари во пролетниот дел од првенството за посветла…

ПОВЕЌЕ ...

Истиот производ, со ист сериски број и рок на употреба, пред неколку дена е повлечен и од хрватскиот пазар поради истата причина – можно присуство на парчиња пластика Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од продавниците се повлекува чоколада „милка орео“ од 37 грама поради присуство на парчиња пластика. Чоколадниот бар „Милка орео“ кој се повлекува од македонскиот пазар Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година. Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“. Истиот производ, со ист сериски број и рок…

ПОВЕЌЕ ...

Митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае  pixabay Во разновидниот и сложен свет на кафето, одвојувањето на фактите од фикцијата овозможува поинформирано и попријатно искуство во уживањето во овој глобално популарен црн пијалок. Во светот на кафето, љубителите на кафе и оние кои навистина не го сакаат тој сеприсутен црн пијалок, постојат многу митови и заблуди. Од погрешното верување дека кафето потекнува од зрна до верувањето дека европското кафе потекнува од Европа, време е да се отфрлат некои нашироко распространети заблуди. 1. Кафето не доаѓа од зрна Прво, кафето не е зрно; тоа е семето. Зрната…

ПОВЕЌЕ ...

Во заостанатиот натпревар од второто коло во „Оролоџото“ актуелниот првак на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица, беше подобар од Вардар (68:63) Кошаркарките на Баскет кам од Македонска Каменица ја продолжија победничката серија и во првенствените натпревари. По освојувањето на националниот Куп на Македонија, девојките од Македонска Каменица им се вратија и на прволигашките обврски. Во заостанатиот натпревар од второто коло од „Оролоџото“ на свој терен беа подобри од екипата на Вардар со конечни (68:63). Гостинките од скопје го добија првиот период од играта со (15:11), домашниот тим се врати во вториот, и на полувреме се стекна со…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Виница ги уапсиле М.А.(63), А.А.(41) и Д.А.(33), сите женски лица од с.Трсино, виничко, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.03.2024 околу 16.30 часот физички ги нападнале нивните сосетки С.А.(58) и М.А.(31), при што употребиле и тврди предмети. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Извор: SkopjeInfo.Mk

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица објави информација дека во завршна фаза се подготвителните активности за асфалтирање на улица Новопроектирана. Станува збор за улица во централното градско подрачје на Македонска Каменица, каде решавањето на имотно правните односи и активности за изградба на истата започнаа минатата година. Со асфалтирањето на улица Новопроектирана и претходно инсталираните водоводни, фекални атмосферски системи, трајно се решаваат инфраструктурните потреби на домаќинствата во овој дел од градот. Паралелно со овие активности, кои се извршуваат преку работењето на Јавното претпријатие “Камена Река”, се врши поставување на пропусти за регулирање на атмосферската вода во повеќе селски средини.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска (07.03.2024) во 02.41 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, на место викано „Слатина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Е.Г.(32) од Република Бугарија и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Г.(47) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Г. констатирани во Јавната здравствена установа Кочани, соопшти полицијата.

ПОВЕЌЕ ...