Author: Media Point
Завршија гарантираните цени. Од денеска трговците ќе можат слободно да ги формираат цените на лебот и печивата, млечните производи, месото, тестенините, брашното, оризот, јајцата, бисквитите и наполитанките. Дел од граѓаните ни рекоа дека основните продукти се уште се продаваат по старо. Дел, пак, веќе забележале мали поскапувања. Сепак, велат мора да се јаде. Пазарниот инспекторат најави засилени контроли. Директорот кажа дека е можно цените да одат нагоре, но ги повика трговците ако има можност, да продаваат како и досега. „Се очекува да се покачат цените, но повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на големо и трговците на мало“…
Македонска Каменица, 01.03.2024 година – Како што стои во известувањето од фудбалски клуб Каменица Саса, утре во сабота на 02. Март, каменичката второлигашка екипа патува во Битола, каде со почеток од 14:00 часот ќе го одигра натпреварот со екипата на ФК Пелистер. Натпреварот е дел од 18. Коло Втората МФЛ, каде екипата на ФК Каменица Саса е последнопласирана со 8 освоени бодови. Осогово и Караорман предничат со по 15 бодови на 14 и 15 место од табелата. Пелистер е второпласирана екипа со 39 бодови, 5 помалку од ФК Беса и бод повеќе од Детонит Плачковица. Еден Клуб, Една Љубов
Најдобрата закуска за отстранување на салото од стомакот е чинија грчки јогурт со свежи бобинки. Важно е да се напомене дека иако грчкиот јогурт со бобинки може да биде корисен за слабеење поради неговата содржина на протеини, влакна и хранливи материи, тој е само една компонента на урамнотежена исхрана. За одржливо губење на тежината, од суштинско значење е да се фокусирате на севкупните обрасци на исхрана, контролата на порциите, редовната физичка активност и други фактори на животниот стил. Грчкиот јогурт, освен што е вкусен и кремаст, е една од најомилените намирници меѓу љубителите на здравата исхрана ширум светот. Неговата популарност…
„Сите учесници ќе бидат максимално мотивирани и ќе атакуваат на освојување на Куп трофејот. Очекувам да имаме одлични натпревари со добар квалитет, за љубителите на женската кошарка да може да уживаат. Ние како лидери на првенствената табела ќе треба да ја оправдаме таа позиција. Во нашите редови има квалитетни кошаркарки. Поради тоа јас не гледам зошто ние не би биле тие кои што би имале позитивен исход на крајот на овој турнир. Ги повикувам нашите поддржувачи да бидат на трибините, па во недела сите заедно да се радуваме со исполнувањето на нашата цел“, – Жаклина Стојановска, тренер на Баскет Кам…
Топлото време во февруари ги изненади многу луѓе, но и ги забрза некои природни процеси. Дали ова значи дека овошките ќе процветаат порано и дали тоа е добро или лошо за реколтата? Температурите во Македонија во последните денови достигнале до 20 степени Целзиусови, што е над просечните вредности за овој период. Ова влијае развојот на овошките, кои се подготвуваат за пролетното цутење. За да дознаеме повеќе за оваа тема, контактиравме со специјалисти за овоштарство кои ни дадоа стручно мислење. „Топлото време во февруари не е невообичаено, но не е ни често. Тоа може да има различен ефект врз овошките, во…
Како што известуваат од Општина Македонска Каменица, со вклучена крупна механизација на Јавното претпријатие “Камена Река” се вршат работни активности за расчистување на просторот околу старата црква Свети Илија. – Активностите опфаќаат чистење на просторот и отстранување на стар и дотраен објект околку старата градска црква Свети Илија, со цел обезбедување на услови за изградба на објект за потребите на Каменичко – делчевската епархија, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски
Рудник САСА и оваа година обезбеди значителна финансиска поддршка за спортските клубови во Македонска Каменица Како општествено одговорна компанија, Рудник САСА, секоја година инвестира во одржливиот развој и просперитетот на локалната заедница. Подобрувањето на спортските капацитети и поддршката на локалните спортски клубови се две важни области кои се во фокусот на компанијата. Во текот на изминатите две години компанијата се фокусираше на инвестирање во нови рударски методи кои ќе обезбедат максимален работен век на рудникот. Оперативните трошоци кои се важни за одржување на безбедно, продуктивно и еколошки одговорно работење на САСА, како и континуирано растечките вложувања за…
На 26.02.2024, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица. Тој се сомничи дека допирал по телото 70 – годишна жена од истото село. За случајот е запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против А.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Скопје и во Ротимље денеска ќе биде одбележана 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во близина на Мостар. На гробот на Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата на градските гробишта во Бутел, како што е најавено, цвеќе ќе положи претседателот на државата Стево Пендаровски. Исто така, вечерва со почеток во 20:30 часот во Национална опера и балет ќе се одржи комеморативен настан, на кој свое обраќање ќе има претседателот Пендаровски. Претставник на Кабинетот на претседателот ќе присуствува и на церемонијата на одбележување на…
Денеска, на 25 – ти февруари во подготвителната недела пред Велигденскиот пост, посветена на митарот и фарисејот, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во храмот ,, Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. – На Литургијата, епископот г. Марко одржа содржајна беседа за денешниот настан од Светото Евангелие, но и за тоа како да се подготвиме за достојно, да го дочекаме големиот христијански празник Велигден, – изјавија од делчевско – каменичката епархија По Богослужбата, верниот народ ги прими Светите Божествените дарови.
