Општина Македонска Каменица објави информација дека во завршна фаза се подготвителните активности за асфалтирање на улица Новопроектирана.

Станува збор за улица во централното градско подрачје на Македонска Каменица, каде решавањето на имотно правните односи и активности за изградба на истата започнаа минатата година. Со асфалтирањето на улица Новопроектирана и претходно инсталираните водоводни, фекални атмосферски системи, трајно се решаваат инфраструктурните потреби на домаќинствата во овој дел од градот.

Паралелно со овие активности, кои се извршуваат преку работењето на Јавното претпријатие “Камена Река”, се врши поставување на пропусти за регулирање на атмосферската вода во повеќе селски средини.


