Author: Media Point

ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА НЕ ПОМИНА! Заврши процедурата со овој закон во Собранието Законот доби поддршка од 51 глас „за“, со што не се исполнети условите Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон, соопшти Собранието. Законот за игри на среќа вчера доби поддршка од 51 глас со што не се исполнети условите за негово усвојување во Собранието. „Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас „за“, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на роднокрајни автори „ Пијанечки Глас“ од Делчево во соработка со Меѓународен фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица, по повод Меѓународниот ден на шегата 1 Април, распиша Конкурс за хумористична поетска творба Конкурсот е регионален и право на учество имаат сите граѓани од Општините Делчево, Пехчево, Берово, Виница и Македонска Каменица Темата за творење е слободна, а ова пропозициите за учество: – Песните да не се подолги од 12-20 стихови (3-5 строфи ) на А4 формат,  Times New Roman, 12 ( македонска поддршка)  Да бидат потпишани  со полно име и презиме на авторот, возраст, телефон и електронска…

ПОВЕЌЕ ...

Во војна само 34 % од граѓаните би се бореле за Македонија Денес помалку луѓе во светот се подготвени да се борат за својата земја во споредба со пред една деценија. Исклучок не е ниту Македонија. Според последното истражување на светската асоцијација „Галуп интернешнл“, доколку има војна, само 34 % од граѓаните би се бореле за Македонија. Во Европа, луѓето во земји што се надвор од ЕУ искажуваат поголема подготвеност да се борат за својата земја. Таков е примерот со Албанија, каде што 60 % одговориле „да“ – ќе се борат ако има војна во нивната земја. Уште повисок е…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14. Март 2024 година – Во рамки на Втората мала македонска математичка олимпијада одржана на 16. Септември минатата година на Машинскиот факултет во Скопје, Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица го претставуваа тројца ученици кои постигнаа одлични резултати на натпреварите. Златен медал за освоено прво место на национално ниво од Втората мала македонска математичка олимпијада има Каја Малчовска, тогаш ученичка во V одделение. Со златен медал се закити и Бисера Малчовски, помалата од сестрите Малчовски, тогаш ученичка во второ одделение, за освоено второ место на национално ниво. Со сребрен медал за освоено 13 место…

ПОВЕЌЕ ...

Дебата која ја водат родителите низ целата земја е дали треба да им дозволат на своите деца да имаат мобилни телефони и, ако имаат, кога да им ги дадат. Терапевтката Сари Тејлор вели дека родителите често се соочуваат со оваа дилема бидејќи пријателите на нивните деца имаат мобилни телефони или едноставно сакаат дополнителна безбедност кога децата ќе почнат сами да излегуваат. Сепак, постојат одредени работи кои треба да се земат предвид. „Важно е пред сè да се признае дека секое дете е различно и дека секој родител има право да донесува одлуки и да ги поддржува своите деца на начин…

ПОВЕЌЕ ...

Младите од село Истибања имаат нова и убава иницијатива. Собираат средства за спроведување на активностите за “Заградување на споменикот во нашето село”, односно споменикот од Втората светска војна кој се наоѓа на среде село во Истибања. За таа цел, младите од село Истибања, одлучија да приредат детски активности т.е. детски натпревари, со многу игри за деца. Доста инвентивно и позитивно. Преку забава на дечињата, до реализација на уште еден проект за разубавување на Истибања. Претходно младите од селото, преку сопствени иницијативи учествуваа во Новогодишното украсување и хортикултурно уредување на просторот “Под Брестот”. Во продложение од текстот, прочитајте ги деталите…

ПОВЕЌЕ ...

Пчеларско Здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица ги информира своите членови , пчеларите од регионот како и останатите граѓани дека организира предавање на темите “Користење на Пчелните производи и апитерапијата во здравата исхрана” и “Грешки во пчеларењето”. Предавањето ќе биде на 16.03.2024 г. (сабота) во 18 часот во Домот на културата во М.Каменица во големата сала. Предавач ќе биде Проф. Д-р Миќа Младеновиќ од Белград, дипломиран инжинер на земјоделство, магистер по помологија и доктор на агрономски науки. Редовен професор на земјоделски факултет во Белград, предмет- Пчеларство, со магистерски труд „Испитување на медоносната пчела како полинатор за зголемување на приносот…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера одекна веста за свадбата на младата пејачка Антониа Гиговска и избраникот на нејзиното срце, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер на која присуствуваа бројни имиња од македонската естрадна сцена. Инаку, Антониа и Џокер се зедоа уште лани, пред раѓањето на нивниот син Киан, но сепак, одлучија да напрват свадбена прослава за роднините и пријателите која во неделата продолжи во еден од скопските познати ресторани. Убавата невеста за свадбената церемонија одбра две венчаници. Првата, за официјалниот дел од церемонијата, односно за венчавањето во црква, елегантен дизајн од Ателје Коцарева. Изгледот беше украсен со бидермаер од црвени рози кој Антониа го држеше…

ПОВЕЌЕ ...

Кочани, – Во сабота, на 09. Март 2024 година, во 17.00 часот 36 годишна жена пријавила дека на 08.03.2024 околу 19.30 часот, во Кочани била нападната физички од нејзиниот син М.Л. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Неполни седум дена по натпреварот во финалето од Купот на Македонија 2024, екипата на МЗТ Скопје Аеродром и освојувачот на Купот, екипата на ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица одиграа уште еден натпревар кој повторно помина во целосна доминација на кошаркарките од Македонска Каменица. Променато е единствено местото на одигрување на натпреварот, кој денеска со почеток од 12. часот, се одигра во салата „Независна Македонија“. Резултатски скоро идентично од претходниот дуел, денешниот натпревар заврши со 64:86 во корист на гостинската екипа од Македонска Каменица. Актуелниот првак Баскет Кам од Македонска Каменица, сега има големи четири бодови предност во однос на…

ПОВЕЌЕ ...