Author: Media Point

Вработените во ЕЛС Македонска Каменица и ЈП Камена Река ја спроведоа акцијата „Засади дрво“ Македонска Каменица, 21. Март 2024 година – Со акцијата “Засади дрво” денеска во Македонска Каменица беше одбележан првиот Ден на пролетта. Во акцијата учествуваа вработените во ЕЛС Македонска Каменица и ЈП Камена Река.  кај м.в Магилка. – Влогот во животната средина е секојдневен. Засадувањето дрвја е само еден од примерите како може да придонесеме кон поздрава, почиста и позелена околина. Нека пролетта ни биде радосна и полезна, со добри услови за земјоделците и за културите кои ги одгледуваат, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски по завршувањето на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 21. Март 2024 година – Денеска, на Денот на пролетта детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица го одбележа својот 33-ти роденден. Настанот го отвори диркеторката на детската градинка, Тодорка Велиновска која со поздравно обраќање до присутните родители и гости, ја најави пригодната музичка програма подготвена од дечињата и воспитно- негователски тим при установата. Пред присутните родители и гости со свои музички точки се претставија групите јаболчиња, цветови, срнички, пеперутки, ѕвездички, печурки, пчелички и буба мари. Дечињата измамија бурни аплаузи полни со восхит, по некоја солза радосница како подарок за нивните преубави изведби. Покрај родителите на дечињата,…

ПОВЕЌЕ ...

Дечињата од „Бамби“ ги покануваат родителите да присуствуваат на пригодната програма по повод 33-от роденден на детската градинка Детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица на 21. Март – Денот на пролетта го прославува својот 33-ти роденден. По тој повод дечињата на „Бамби“ ги покануваат своите родители, да ја проследат богатата пригодна програма подготвена од нив и воспитно- негователски тим при установата. Пригодната програма започнува во 10:00 часот, истата ќе биде изведена во холот од установата. – Вкупно 33 генерации на дечиња од нашиот град поминале низ „јаслите“ и „занималните“ од детската градинка „Бамби“ што за нас вработените претставува голема радост…

ПОВЕЌЕ ...

Асфалтирани локалните пристапни патишта до Селиште и Влаинци во село Моштица Општина Македонска Каменица со изградбата на локалните пристапни патишта во населените места Селиште и Влаинци од село Моштица со вкупна олжина од 575 метри, ја завршува првата фаза од најавената градежна офанзива во општината. – Силна динамика, како никогаш досега. Продолжуваме со градежната офанзива, ветувањата кон граѓаните се реализираат. Во наредниот период ќе се асфалтираат улици во централното градско подрачје и во останатите населени места, – изјави градоначалникот Атанасовски, кој додава дека „општината работи на подобрување на патната мрежа во сите населени места, а приоритет добиваат населените места каде…

ПОВЕЌЕ ...

Православните верници денеска го обележуваат почетокот на Велигденскиот пост. Овој пост се нарекува и Чесен, поради неговата посебна важност, но и поради должината. Се нарекува и преподобен затоа што го опфаќа времето на страдањето на Исус Христос. Заедно со воздржувањето од силна и мрсна храна, уште поважно за постот е воздржувањето од гнев, лоши мисли и дела. Велигденскиот пост секогаш започнува во понеделник – првиот понеделник од постот се нарекува Чист, како и првата седмица од постот. Обичај е за време на првата – Чиста недела да се подготвува целата куќа. Се верува дека денес е добро да се започне голем бизнис, бидејќи…

ПОВЕЌЕ ...

Со голот на Махир Ајрули нашата екипа Фк Каменица Саса успеа да слави победа од 1:0 над ФК Башкими. Одличниот и брз продор по левата страна и прецизното нафрлање на топката од Андреј Симевски, успеа да го искористи Махир Ајрули, кој со силен удар стрелаше за 1:0 и победа на нашата екипа. – Со пожртвуваност и дисциплина во играта на сите поединци, денешната заслужена победа, ја потврдивме со одлична игра и целосна доминација на секој дел од теренот во текот на целиот натпревар. Игравме со борба за секоја топка, одигравме цврст фудбал против добар и искусен противник, – стои во…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Атанасовски организираше преим за екипата на Баскет Кам по повод освојувањето на Купот на Македонија – Со огромно задоволство и благодарност за искажаната почит, во мојот кабинет извршив прием на екипата од нашата Општина, ЖКК Баскет Кам 2011 – актуелен шампион на Македонија и лидер на табелата во натпреварувачката 2023/24 сезона, – истакна по средбата градоначалникот Атансовски Повод за нивната денешна посета е нивниот огромен успех со освојувањето на Купот на Македонија 2024 – “Благој Ѓорѓиевски – Буштур”. Нивните успеси за Македонска Каменица, како што изјави Атанасовски, значат и дополнителна промоција на нашиот град, како на национално…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, на големиот христијански празник Прочка – Големи Поклади, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко, чиноначалствуваше на Светата Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Свети Великомаченик Димитриј” во делчевското село Габрово. За време на Литургијата епископот Марко одржа пристојна беседа, во која истакна дека сите ние, меѓусебното проштевање и почитување треба да го практикуваме секојдневно во животот. После Богослужбата верниот народ ги прими Светите Божествени дарови.

ПОВЕЌЕ ...

Екипата на ЖФК Каменица САСА се врати со победа од натпреварот против ЖФК Истатов На стадионот во Пржино, Скопје во рамки на последното одиграно коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, вчера со почеток од 15:00 часот се сретнаа екипите на ЖФК Истатов и нашата екипа ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица. Девојките од Македонска Каменица успеаја да слават со 2:1 на овој исклучително важен и тежок натпревар. Со вчерашната победа и само еден бод заостанување зад лидерот на табелата, екипата на Љуботен од Тетово, остануваат во игра и се сериозни конкуренти за освојување шампионатот на Македонија во оваа…

ПОВЕЌЕ ...

Кошаркарките на Баскет кам 2011 од Македонска Каменица ја задржаа предноста од три победи во однос на конкуренцијата откако со уште еден убедлив настап, славеа висока победа на свој терен. Против Крива Паланка, имаа вишок од 30.поени (84:54), и на три кола пред крајот на втората фаза, скоро извесно ја потврдија првата стартна позиција пред плеј-офот. Имаа одлична прва четвртина девојките од Македонска Каменица, која ја решија во своја корист со (26:10), а работата им беше доста олеснета со неиграњето на најдобрата кошаркарка во гостинската екипа, Американката МекКала. До полувремето, таа разлика порасна и на недостижни (45:24). Тренерот Жаклина…

ПОВЕЌЕ ...