Author: Media Point
Со обраќање до публиката, Националната установа- Центар за култура “Бели мугри” од Кочани ја објави богатата Програма за претстојниот период *28.03.2024- Цветко и неговата градина- детска претстава *29.03.2024- Премиерот- хит комедија *02.04.2024- “Ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски” *03.04.2024- Бојан Велевски *05.04.2024- Сашко Коцев- ШИРОК ДИЈАФАЗОН (билетите се распродадени) *10.04.2024- РАЗГАЛЕНИОТ ЧОРБАЏИЈА детска претстава *11.04.2024- Сашко Коцев- ШИРОК ДИЈАФАЗОН (билетите се распродадени) *18.04.2024- кино проекција на филмот НЕДЕЛА *19.04.2024- кино проекција на филмот НЕДЕЛА *20.04.2024- Кино проекција на филмот НЕДЕЛА *22.04.2024- Фестивал на песни за деца ВЕСЕЛО ШТУРЧЕ За секој од горенаведените наслови, како што истакнаа на НУЦК “Бели Мугри” ќе…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М.(49) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.03.2024 во трговски центар во Кочани, пријавениот се заканувал на адвокат од Кочани.
Горан Иванишевиќ повеќе не е тренер на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Двајцата ја прекинаа соработката по речиси шест години. Веста дојде неочекувано, а ја објави Ѓоковиќ преку својот Инстаграм профил. „Јасно се сеќавам на денот кога штотуку го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Беше во 2018 година и јас и Маријан баравме некоја иновација, да донесеме некоја магија на сервисот во нашето дуо. Всушност, не само што добивме сервис, добивме и многу смеење, забава, години на првото место, соборени рекорди и уште 12 Грен слемови и неколку финалиња од тогаш. Спомнав ли малку драма? Нолефам…
Куманово-Гризли го доби дуелот со Баскет Кам со убедливи (76:61), и влезе во жестока битка со МЗТ Скопје за позицијата број 3 Со 22. реализации Муса ја предводеше екипата од Куманово до изненадувачки убедливата победа над бранителот на титулата. Американскиот двоец, Џане и Џонсон реализираа по 20.поени, додека искусната Алексиќ имаше 16. реализации во победата која ги држи девојките од Куманово во трката за третото мето на табелата. Во слабото издание на екипата од Македонска Каменица (трет пораз во сезоната), Зубац реализираше 25.поени, и беше најефикасен актер на овој дуел, Кметовска постигна 18, а Димова уште 10. поени.
Тепачки меѓу малолетници низ цела Македонија Во последново деноноќие полицискиот билтен изобилува со тепачки меѓу малолетници. Во 18.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода 42 годишен жител од Македонска Каменица затоа што околу 16.30 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица физички нападнал малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Ноќеска, во 2 часот по полноќ во Полициската станица Гази Баба, Д.К. од Скопје пријавил дека на 22.03.2024 околу 21.30 часот на спортско игралиште во населба Автокоманда, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои тројца познавал. Се…
Македонска Каменица, 24. Март 2023 година – Како што стои во соопштението објавено од Делчевско – каменичката епархија, денеска во неделата на Православието, или првата недела од Велигденскиот пост, Неговото Високопреосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко Богослужеше во Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица. – По Светата Литургијата епископот благоизболи, да изврши осветување на новата проширена и реновирана продавница за црковни предмети која се наоѓа во склоп на црквата. Исто така, го освети и новото црковно ѕвоно кое ќе се постави како второ ѕвоно на црковната камбанарија. Епископот за време на чинот во обраќањето кон присутните,…
Во рамки на 18. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, нашата екипа ЖФК Каменица САСА со 5:0 ја совлада прилепска ЖФК Цевитана. Стрелци на головите беа Нанока Иригучи со два погодока, Ана Димитровска, Мајса Делгадо и Ева Андонова со по еден погодок. – Висока победа и нови три бодови. Целосна иницијатива и доминација на теренот во сите 90 минути, резултираа со уште една заслужена победа во низа, – истакнуваат од каменичкиот женски фудбалски клуб Во прилог табела од моменталниот распоред на табелата и резулатите по комплетирањето на 18. Коло од ПМФЛ (Жени).
Македонска Каменица, 23. Март 2024 година – Од Општина Македонска Каменица со несмален интензитет продолжува со изградба на нови улици и со реконструкција на веќе постоечките локални патишта. Од таму истакнуваат дека императив во нивното работење е обезбедување на квалитетна и безбедна патна инфраструктура за сите жители на Македонска Каменица. – Целосно е завршена изградбата на улица „Новопроектирана” во централното градско подрачје, каде денеска беше поставен асфалтот и бекатон плочките од пристапната пешачка патека. Градежните активности ќе продолжат со поставување на канделабри и со инсталирање на улично осветлување, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски Исто така, како што истакна Атанасовски, во…
Малолетник е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Виница помеѓу мопед и автомобил „тојота“. „На 21.03.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со винички регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.
Македонска Каменица, 22. Март 2024 година – В понеделник, на 25. Март 2024 година, со почеток од 18:30 часот, започнува турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2024. Оваа година на турнирот во Мал фудбал 2024 ќе се натпреваруваат екипите на Машинско одржување, Технички служби, Администрација, Хоризонт 990, Електро одржување, Хоризонт 910, САСА – Транзициони проекти, Хоризонт 800 – Капитални објекти, Рудник – Транспорт, Флотација и Епирок. Натпреварите од турнирот за вработени во Рудник САСА ќе се играат во спортската сала од основното училиште во Македонска Каменица. Со почеток од 18:30 часот, првиот натпревар и практично отварањето на турниорт…
