Македонска Каменица, 23. Март 2024 година – Од Општина Македонска Каменица со несмален интензитет продолжува со изградба на нови улици и со реконструкција на веќе постоечките локални патишта. Од таму истакнуваат дека императив во нивното работење е обезбедување на квалитетна и безбедна патна инфраструктура за сите жители на Македонска Каменица.

– Целосно е завршена изградбата на улица „Новопроектирана” во централното градско подрачје, каде денеска беше поставен асфалтот и бекатон плочките од пристапната пешачка патека. Градежните активности ќе продолжат со поставување на канделабри и со инсталирање на улично осветлување, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски

Исто така, како што истакна Атанасовски, во село Моштица веќе е завршена изградбата и на останатите четири локални пеистапни патишта, при што сега вкупната должина на сите асфалтирани локални патишта изнесува од 1.430 метри.

Во наредниот период Општина Македонска Каменица ќе продолжи со реконструкција на патишта, водовод и канализација и во останатите населени места, додаде градоначалникот Димчо Атанасовски, односно секаде каде што потребно. Со тоа ќе покажеме дека секој граѓанин ни е важен.
Продолжуваме да работиме за поубава, почиста и модерна Македонска Каменица, – велат од општина Македонска Каменица


