Author: Media Point
Вчера во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани во болницата во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
Кога бебето почнува да си го препознава името? Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име. Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини…
Исчезна девојче од Скопје, ова го соопшти нејзина другарка на Фејсбук која напиша „исчезна Ени, другарка ми“. Според описот на другарката на исчезнатото девојче, Ени е висока 160 цм, тешка 55 кг, има црвено-кафеава коса, кафени очи и носи фиксна протеза на горната вилица. Последен пат е видена во сабота сабајле на бензинска пумпа во населба Илинден. На себе носи фармерки, црна јакна и ранец. Семејството и пријателите апелираат доколку некој ја види да пријави во најблиската полициска станица.
Македонска Каменица, 31.01 2024 година – Дури 5 првотимки на ЖФК Каменица САСА се најдоа во составите на младинската и А репрезентацијата на Македонија. Македонската А репрезентација во рамки на квалификацискиот циклус за Европското првенство, на 05. Април во Рига ќе одигра натпревар против Летонија, а веднаш потоа на 09. Април, во Скопје ја пречекува репрезентацијата на Словенија. Покрај, Елена Паневска и Радица Велкова,, кои се станардни репрезентативки, свој прв повик во составот на Македонија доби и нашата млада сограѓанка Стефанија Маринковска. Таа има 18 години, игра на позицијата десен бек и во составот на ЖФК Каменица САСА од 2017…
Недостатокот на сон може да има негативно влијание врз здравјето, зголемувајќи го ризикот од проблеми како што се замор, намалена концентрација и меморија, па дури и хронични болести како срцеви заболувања. Ова го потврди неодамнешното истражување во кое беа опфатени еден милион луѓе во шест земји. Студијата покажа дека спиењето помалку од седум часа го зголемува ризикот од развој на висок крвен притисок за 7 отсто, а помалку од пет часа го зголемува тој ризик за 11 отсто. Наодите, претставени на годишниот научен состанок на Американскиот колеџ за кардиологија во САД, покажаа дека жените се изложени на поголем ризик…
Вечерва (31 март) започнува летното сметање на времето. Па така, со поместување за еден час нанапред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот. Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот, се смета како 2 часот. Одлука за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви, соопштија претходно од Владата.
Во неделата на православието, нашиот сограѓанин и патохиски свештеник при МПЦО – “Св. Кирил и Методиј” – Пантан, протоереј отец Даниел Стојчевски, на градските гробишта во градот Бонди, отслужи Панихида во спомен на големиот македонски научник д-р. Анастас Коцарев. Во рамки на настанот, градоначалникот на град Бонди г-дин Стефан Ерве, претставниците на Македонското здружение – “Заборавени Македонци” и еден од потомците на д-р. Анастас Коцарев, д-р. Предраг Николовски од Италија) и семејството Пинел (Женевјев Брине од Париз), положија венци. Потоа во Македонската Православна Црква – ” Св. Кирил и Методиј” – Пантан, беше отслужена Света литургија. По завршувањето на службата…
Започна асфалтирањето на локален пат во село Дулица со должина од 950 метри – Важно е да останеме посветени за поубава и подобра Македонска Каменица, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски. Атанасовски, во претходниот период го објави завршувањето на изградбата на неколку локалните пристапни патишта во село Моштица, со должина од приближно 1400 метри. Исто така, завршена е изградбата на улица Новопроектирана во централното градско подрачје на Македонска Каменица, каде претходно беа инсталирани водоводната и канализациона мрежа, а активностите продолжуваат со поставување на улично осветлување.
Ако се консумира во мали количини, црвеното вино има одредени здравствени придобивки, но помалку е познато дека промовира губење на тежината. Имено, црвеното вино содржи ресвератрол, растителна материја која влијае на процесот на слабеење, особено ако се пие пред спиење. Една студија покажа дека ресвератролот помага да се намали апетитот. Истражувањето спроведено од универзитетскиот професор Џејсон Дајк покажа дека здравствените придобивки од ресвератролот, соединение кое се наоѓа во црвеното вино, се слични на оние што ги добиваме од вежбањето. Ресвератролот делува така што ги спречува масните клетки да добиваат повеќе маснотии. Оваа добра вест е поддржана од научниците од Државниот универзитет во Вашингтон и Харвард, кои…
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба” и две „тешка кражба” на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени…
