Author: Media Point

Нашиот Бојан Трајковски оди во пензија – вечерва можеби го игра последниот натпревар во богатата играчка кариера Вечерашниот натпревар меѓу Феникс и Работнички, трет од четвртфиналната серија во домашниот плејоф, може да биде последен во кариерата за ветеранот во македонската кошарка Бојан Трајковски. Тоа го соопшти неговиот клуб Феникс кој објави дека по завршувањето на сезоната, кога и да се случи тоа за тимот од Гази Баба, ветеранот заминува во пензија. „Последен танц на великанот! Сезоната 2023/24 за нашиот сениорски тим може да заврши уште на денешниот трет натпревар од четвртфиналната серија против Работнички, а тоа воедно ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Во петок на 12 – ти април, Епископот Делчевско – каменички г. Марко, заедно со Патријархот српски г. г. Порфириј, молитвено присуствуваа на Литургијата на претходноосветените дарови во храмот Свети Пантелејмон во Мирјево – Белград, Р. Србија, со која началствуваше Епископот новобртски г. Иларион, викар на Патријархот српски. По Литургијата настојателството на храмот приреди трпеза за гостите.

ПОВЕЌЕ ...

Не е познато дали граѓаните на чие име некој измамник зел брз кредит ќе ги враќаат парите, или ќе се бара опција да се спасат (Фото:СДК.МК) Министерот за финансии Фатмир Бесими конечно донесе Правилник за заштита на граѓаните од подигање брзи кредити на нивно име од трети лица. Правилникот е објавен два дена откако САКАМДАКАЖАМ.МК минатата сабота објави дека на таков правилник се чека повеќе од осум месеци. НА МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ФАТМИР БЕСИМИ 8 МЕСЕЦИ МУ Е ТЕШКО ДА НАПИШЕ ПРАВИЛНИК ОД НЕКОЛКУ СТРАНИ ЗА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ЗЕМАЊЕТО БРЗИ КРЕДИТИ СО ТУЃА ЛИЧНА КАРТА Отсега натаму…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, посета на основното училиште “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица остварија претседателот на Здружението на роднокрајни автори ,,Пијанечки глас” – Делчево, Христина Деолска; претседателот на Меѓународниот фестивал ,,Јаков од Камена Река” М. Каменица, Влатко Ситновски и Миле Ѓорѓијоски – писател и еден од најпознатите македонски сатиричари. – Гостите присуствуваа на литературното поетско читање на лични творби од ученици од V до IX одделение. Беа доделени дипломите и наградите за победниците на Конкурсот за хумористична творба реализиран по повод 1. Април – Денот на шегата, – изјавуваат од училишниот Клуб Инфо Медиум при каменичката деветолетка. Дипломи и награди добија…

ПОВЕЌЕ ...

Бизарен инцидент во Кочани предизвика тепачка меѓу две семејства, при што се вмеша и полицијата. Човек со автомобил југо влетал во двор на куќа и се забил во масата на која седеле сопствениците и семејството. По настанот, двете семејства влегле во физичката пресметка во која имало повредени, според пријавеното. „На 10.04.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.С.(23) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле С.Т.(52) од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко.

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски изврши увид на завршните градежни активности за асфалтирање на улица 28 Август. Со вкупна должина од околу 300 метри, оваа улица овозможува поврзување на Градскиот кеј на Каменичка Река со централното градско подрачје и новоизградениот Повеќенаменски спортски комплекс. – Се грижиме за сите граѓани подеднакво да добијат современа, нова и безбедна инфраструктура. При секојдневните средби со граѓаните на терен, разговараме за начините и посветеноста во работењето на локалната самоуправа за подобрување на инфраструктурните услови за живеење и животен стандард на сите наши граѓани, – изјави градоначалникот Атанасовски Претходно во централното градско подрачје беше…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10. Април 2024 година – Пензионерите од Македонска Каменица спроведоа пролетна екоакција со хортикултурно уредување на просторот пред просториите на Здружението на пензионери во градот. Ова е редовна активност на Здружението на пензионери. Тие се редовни учесници на сите екоакции кои локалната самоуправа ги спроведува на територијата на општина Македонска Каменица. Со денешната екоакција пензионерите активно се вклучуваат во уредувањето и разубавувањето на јавните простори од централното градско подрачје во нашиот град.

ПОВЕЌЕ ...

Огромен интерес кај пензионерите од Македонска Каменица за реализираната акција за бесплатна проверка на крвна слика. Акцијата беше спроведена по повод Светскиот ден на здравјето. Прегледите беа вршени во просториите на Здружението на пензионери во Македонска Каменица. Средствата за реализација на акцијата се обезбедени од Здружението на пензионери во Македонска Каменица. Според информациите добиени од Здружението на пензионери спроведени се над 100 прегледи и проверки на комплетна крвна слика на пензионери од нашиот град.

ПОВЕЌЕ ...

КСОМ се прошири со СПАЈС, ќе бараат од новата влада да се зголеми минималната плата На Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ денеска и се приклучи Синдикатот на приватен, административен и јавен сектор – СПАЈС во кој членуваат синдикални организации од рударството и синдикати од јавните претпријатија во локалната самоуправа. Договорот за приклучување го потпишаа претседателот на КСОМ Марјан Ристески и претседателот на СПАЈС Јовица Јовановски. -Со денешното пристапување на голема бројка на синдикалци во нашите редови нашата Конфедерација веќе прераснува во синдикат кој го препознаваат работниците. Од новата Влада веднаш ќе бараме да почне социјалниот дијалог…

ПОВЕЌЕ ...

Бројни противпожарни возила се упатија на местото на пожарот Пред малку избувна пожар во Универзалната сала во Скопје. Чадот е видлив од многу места во Скопје. Бројни противпожарни возила се упатија на местото на пожарот. Засега нема информации за причините за пожарот.

ПОВЕЌЕ ...