Author: Media Point
И З В Е С Т У В А Њ Е Од Свештенството и Црковното настојателство при храмот Св. Успение на Пресвета Богородица во нашиот град Македонска Каменица Почитувани верници! По повод празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим (Цветници) 28.04.2024 година Недела , ке се отслужи Света Архиерејска Литургија на која ке богослужи Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско каменички г.Марко со свештенство од Епископијата. Пречекот на Архиерејот ке биде во 07:30 часот. По тој повод ги повикуваме сите православни христијани на света, соборна и заедничка молитва! Од црковната управа
Македонска Каменица, 24. Април 2024 година – Вчера, во спортската сала ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица се одигра првиот четвртфинален натпревар помеѓу актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, нашата екипа ЖКК Баскет Кам и екипата на делчевски ЖКК Клубски Патриот. Натпреварот заврши со резултат од 101:52 во корист на домашната екипа од Македонска Каменица. Со целосна доминација на теренот и резултатска позитива во текот на целиот натпревар, која на полувреме изнесуваше 53:22 поени. Сите кошаркарки од домашната екипа имаа можност за поголема минутажа на теренот и покажаа видлива надмоќност во нападот и одбраната. Најпрецизни во…
Македонска Каменица, 23. Април 2024 година – Нашиот сограѓанин, 28 годишниот Андреј Малчев се враќа со медал од бодибилдинг Купот на Македонија 2024. Тој, во конкуренција од триесетина бодибилдери, го освои третото место во категорија до 90 килограми. Како што денеска истакна Андреј Малчев, подготовките за неговиот голем подвиг траеле околу 5 месеци. Со интензивна работа и строг режим под менторство на познатиот балкански светски тренер Аднан Госто од Босна и Херцеговина. Малчев, за себе ќе каже дека негова прва спортска љубов е ракометот. Со бодибилдинг се занимава околу 10 години со повремени тренинзи, а интензивно на овој спорт е…
КОШАРКА: Баскет Кам со победата над Раднички среде Белград го покори Балканот Во големото финале на турнирот во Белград, екипата од Македонска Каменица го победи домаќинот Раднички со (72:59) Актуелниот македонски шампион, екипата на Баскет кам е освојувач на трофејот на женската Балканска лига. Екипата од Македонска Каменица „излезе“ како победник на последниот турнир од ова ново натпреварување во кое свое учество во премиерната сезона, освен македонскиот првак, земаа екипи од Србија, Црна Гора и од БиХ, односно од Република Српска. Согласно со однапред утврдениот систем за натпреварување, оваа премиерна сезона во Балканската лига беше поделена на неколку турнири, со „домаќинства“…
После 4 одиграни кола, екипата на Шаховскиот клуб Каменица САСА од Македонска Каменица има изгледни шанси за пласман во Втората шаховска лига на Македонија. Остварените позитивни резултати на натпреварите одиграни минатиот викенд во Скопје, ветуваат интересна разврска, но и реални шанси за продолжување на натпреварувањата во второлигашкото друштво на шахистите од нашиот град. После 4 одиграни кола, ШК Каменица САСА со пет освоени бодови се наоѓа на делбата на четвртото место од табелата. Им посакуваме успеси во понатамошниот дел од натпреварувањата, кои продолжуваат на 19. Мај 2024 година, со желби за пласман во повисокиот второлигашки ранг на натпреварување. Од ШК…
Денеска, на петтата недела од Велигденскиот пост, која Црквата и ја посветува на ,,Света Марија Египетска”, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. За време на Литургијата верниот народ ги прими божествените дарови, а епископот одржа пригодна беседа толкувајќи ја денешната евангелската перикопа.
Градоначалникот Атанасовски објави соопштение за јавност, каде споделува информација, дека целосно е завршено асфалтирањето на уште еден локален пат, во должина од 500 метри, до населеното место кај Филтер станицата во Македонска Каменица. – Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Ги подобруваме условите за секојдневното живеење на граѓаните од сите населени места во Општина Македонска Каменица, – истакнува градоначалникот Атанасовски во соопштението, каде додава дека продолжува посветеното работење за решавање на проблемите, за поубава Македонска Каменица. Општина Македонска Каменица во изминатиот период реализираше изградба на повеќе локални пристапни патишта во руралните средини. Паралелно со овие активности беа…
о Откако заработи потешка повреда уште на почетокот на неделното градско дерби со Вардар, напаѓачот на Работнички, Влатко Стојановски, денеска е опериран во Скопје. Стојановски имаше повреда на Ахиловата тетива, а хируршкиот зафат успешно го изведе д-р Несторовски во Градската општа болница „8 Септември“. „Влатче, ти посакуваме брзо опоравување и те чекаме да ни се вратиш на терен“, му порачаа од клубот. извор: sportsport.mk
Одрони утрово се регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се наоѓаат кај месноста Баткова Чешма на околу 7 километри пред Делчево. Од „Македонија Пат“ апелираат на внимателно движење долж овој патен правец, како и на патниот правец од Македонска Каменица кон Кочани, каде при вакви временски услов, честа е појавата на поголеми камени одрони. извор: денешен.мк
Се продава парцела погодна за изградба на деловен или објект за домување во Македонска Каменица Парцелата има површина од 910 м2, со излез на улица Церска. Погодна е за изградба на деловен објект, магацински простории или објект за домување. Има можност за приклучок на водоводна, канализациона и електрична мрежа до парцелата. Парцелата е со чист имотен лист. Цена за 1 м2 е 20 евра. Исто така, парцелата може да биде издадена на подолг временски период. Истата е погодна користење како автоплац, простор за вашите градежни машини, градежни материјали и слично. Повеќе информации можете да добиете доколку се јавите на контакт…
