Одрони утрово се регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се наоѓаат кај месноста Баткова Чешма на околу 7 километри пред Делчево. Од „Македонија Пат“ апелираат на внимателно движење долж овој патен правец, како и на патниот правец од Македонска Каменица кон Кочани, каде при вакви временски услов, честа е појавата на поголеми камени одрони.

извор: денешен.мк
