Градоначалникот Атанасовски објави соопштение за јавност, каде споделува информација, дека целосно е завршено асфалтирањето на уште еден локален пат, во должина од 500 метри, до населеното место кај Филтер станицата во Македонска Каменица.

– Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Ги подобруваме условите за секојдневното живеење на граѓаните од сите населени места во Општина Македонска Каменица, – истакнува градоначалникот Атанасовски во соопштението, каде додава дека продолжува посветеното работење за решавање на проблемите, за поубава Македонска Каменица.

Општина Македонска Каменица во изминатиот период реализираше изградба на повеќе локални пристапни патишта во руралните средини. Паралелно со овие активности беа спроведени градежни работи за изградба на улица Новопроектирана и улица 28. Август во централното градско подрачје на Македонска Каменица.


