Author: Media Point

Силна динамика на градежните активности во Македонска Каменица како никогаш досега. Заврши асфалтирањето на локален пат во приградската населба Грчка маала во вкупна должина од околу 300 метри притоа поставувајќи цевки и пропусти на критични делови од патот. – Во изминатиот период, во селските и приградските средини како и во централното градско подрачје имаме извршено пробивање на нови земјени патишта и реконструкција на веќе постоечките во вкупна должина од околу 18 километри, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски за градежната офанзива која се случува во повеќе населени места во општината. Како одговорна локална самоуправа, додава Атанасовски, ќе продолжиме со рамномерното развивање…

ПОВЕЌЕ ...

26 годишен маж од Македонска Каменица е лишен од слобода, бидејќи се обидел да изврши обљуба врз 68 годишна жена. На 15.04.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.04.2024 се обидел да изврши обљуба врз 68-годишна жена од друго село во Македонска Каменица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Дваесет и едногодишно момче е тешко повредено откако со своето возило излетал од патот Делчево-Берово. „На 15.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, на место викано „Даштица“, атар на село Тработивиште-делчевско, патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.У.(21) од Делчево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

Атанасовски: Продолжуваме со градежната офанзива во општина Македонска Каменица Продолжува градежната офанзива во Македонска Каменица, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски во краткото соопштение каде додава дека целосно е завршено асфалтирањето на крак во село Дулица во должина од 400 метри. Исто така, како што истакна градоначалникот Атанасовски, започна изградбата на локален пат и во населеното место кај Филтер станицата во село Моштица.

ПОВЕЌЕ ...

Како ден за паметење, го оценија членовите на Копачката нивниот вчерашен настап на 28. Фолклорно изворен фестивал “Гајда” Ињево 2024. Освоената втора награда на овој престижен фестивал е круна за нивната посветеност, редовните проби и тимското работење. – Нашата автентична изведба на пијанечкиот изворен фолклор се состоеше од: Обичај „Жетвари“, со песната „Снце се слага да зајде“ во исполнение на Вида Илиевска, потоа со придружба на Мирко Симоновски на тамбура, жените го изведоа орото „Копачката“, по што тапанџиите направија езгија на тапани и мажите ги изиграа ората „Ситно“ и „Копачка“со Адријан Стаменовски-прв тапан и Ана, Матеј и Николче- придружба, -…

ПОВЕЌЕ ...

Остра реакција од ЖФК Каменица САСА по завршувањето на дерби натпреварот со ЖФК Љуботен во Тетово. Срамното судење на Пилешков, како што истакнуваат од каменичкиот женски фудбалски клуб го реши натпреварот. Во продолжение текстот на соопштението од ЖФК Каменица САСА. Грабеж на Годината ЖФК Пилешков 2:2 ЖФК Каменица САСА 2 пенали , измислени фаули , за жал не можеше да шутне да даде гол за хет трик. Сега разбра цела Македонија зошто мораше тој да биде актерот иако вчера судеше Прва Лига Мажи! Други судии јавно немаме за вакви работи па сабота,недела,понеделник пинг понг тој ќе биде! 💰 Коментари од…

ПОВЕЌЕ ...

Некои велат, плукнат Даме Груев, други пак, Христо Ботев. Споредбата е главно поради брадите, иако тие не се единствената сличност. Сите се револуционери…Првите двајца, во борбата за ослободување од османлиското ропство, а нашиов, Дејан Донев прави револуција во винската култура…Тивко, полека, со многу дегустации и круг на вински пријатели кои концентрично се шири, а центарот е – неговата Винска соба Не е скопјанец, туку е наш каменичанец! А поради него Скопје е побогато за еден од најзначајните настани кој се чека со нетрпение секоја година. Станува збор за Скопскиот вински салон – Винодонија. И не е само тоа. Дејан Донев…

ПОВЕЌЕ ...

На 12.04.2024 во 22.30 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле С.М.(43) од с.Цера, Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и А.С.(50) од с.Цера, во која бил употребен и тврд предмет. Исто така, С.М. агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Нашата екипа Каменица Саса се враќа непоразена од натпреварот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, каде во рамки на 24. Коло од Втората македонска фудбалска лига одигра со нерешен резултат од 1:1 против Беласица. Првото полувреме, иако заврши без погодоци, бројни беа шансите за погодок и на двете страни. Во вториот дел, извонредниот Смилков погоди за 0:1 за водство на нашата екипа Каменица Саса, по добро нафрлена корнер топка од Ајрули. Сепак, домаќините дојдоа до израмнување на резултатот по ударот од белата точка. Нашиот Николоски одбрани, но по одбиената топка Милушев од втор обид погоди за конечни 1:1. Следното 25.…

ПОВЕЌЕ ...

Едно лице е тешко повредено, а друго уапсено по сообраќајна незгода која се случила вчера во Кочани. Како што известува Министерството за внатрешни работи, еден од учесниците во сообраќајката, по ударот избегал од местото на настанот, и ја оставил повредената жена од другото возило без да и пружи помош. – На 12.04.2024 во 07:40 часот било пријавено дека во Кочани на улица „Димитар Влахов“, над Градскиот стадион, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Д.Т.(24) од Кочани и патничко возило „шевролет спарк“, управувано од Ф.Г.(47) од Кочани, двете со кочански регистарски ознаки. По ударот Д.Т со возилото…

ПОВЕЌЕ ...