Author: Media Point

Недостатокот на сон може да има негативно влијание врз здравјето, зголемувајќи го ризикот од проблеми како што се замор, намалена концентрација и меморија, па дури и хронични болести како срцеви заболувања. Ова го потврди неодамнешното истражување во кое беа опфатени еден милион луѓе во шест земји. Студијата покажа дека спиењето помалку од седум часа го зголемува ризикот од развој на висок крвен притисок за 7 отсто, а помалку од пет часа го зголемува тој ризик за 11 отсто. Наодите, претставени на годишниот научен состанок на Американскиот колеџ за кардиологија во САД, покажаа дека жените се изложени на поголем ризик…

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва (31 март) започнува летното сметање на времето. Па така, со поместување за еден час нанапред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот. Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот, се смета како 2 часот. Одлука за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви, соопштија претходно од Владата.

ПОВЕЌЕ ...

Во неделата на православието, нашиот сограѓанин и патохиски свештеник при МПЦО – “Св. Кирил и Методиј” – Пантан, протоереј отец Даниел Стојчевски, на градските гробишта во градот Бонди, отслужи Панихида во спомен на големиот македонски научник д-р. Анастас Коцарев. Во рамки на настанот, градоначалникот на град Бонди г-дин Стефан Ерве, претставниците на Македонското здружение – “Заборавени Македонци” и еден од потомците на д-р. Анастас Коцарев, д-р. Предраг Николовски од Италија) и семејството Пинел (Женевјев Брине од Париз), положија венци. Потоа во Македонската Православна Црква – ” Св. Кирил и Методиј” – Пантан, беше отслужена Света литургија. По завршувањето на службата…

ПОВЕЌЕ ...

Започна асфалтирањето на локален пат во село Дулица со должина од 950 метри – Важно е да останеме посветени за поубава и подобра Македонска Каменица, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски. Атанасовски, во претходниот период го објави завршувањето на изградбата на неколку локалните пристапни патишта во село Моштица, со должина од приближно 1400 метри. Исто така, завршена е изградбата на улица Новопроектирана во централното градско подрачје на Македонска Каменица, каде претходно беа инсталирани водоводната и канализациона мрежа, а активностите продолжуваат со поставување на улично осветлување.

ПОВЕЌЕ ...

Ако се консумира во мали количини, црвеното вино  има одредени здравствени придобивки, но помалку е познато дека промовира губење на тежината. Имено, црвеното вино  содржи ресвератрол, растителна материја која влијае на процесот на слабеење, особено ако се пие пред спиење. Една студија покажа дека ресвератролот помага да се намали апетитот. Истражувањето спроведено од универзитетскиот професор Џејсон Дајк покажа дека здравствените придобивки од ресвератролот, соединение кое се наоѓа во црвеното вино, се слични на оние што ги добиваме од вежбањето. Ресвератролот делува така што ги спречува масните клетки да добиваат повеќе маснотии. Оваа добра вест е поддржана од научниците од Државниот универзитет во Вашингтон и Харвард, кои…

ПОВЕЌЕ ...

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба” и две „тешка кражба” на дрзок начин  извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени…

ПОВЕЌЕ ...

Со обраќање до публиката, Националната установа- Центар за култура “Бели мугри” од Кочани ја објави богатата Програма за претстојниот период *28.03.2024- Цветко и неговата градина- детска претстава *29.03.2024- Премиерот- хит комедија *02.04.2024- “Ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски” *03.04.2024- Бојан Велевски *05.04.2024- Сашко Коцев- ШИРОК ДИЈАФАЗОН (билетите се распродадени) *10.04.2024- РАЗГАЛЕНИОТ ЧОРБАЏИЈА детска претстава *11.04.2024- Сашко Коцев- ШИРОК ДИЈАФАЗОН (билетите се распродадени) *18.04.2024- кино проекција на филмот НЕДЕЛА *19.04.2024- кино проекција на филмот НЕДЕЛА *20.04.2024- Кино проекција на филмот НЕДЕЛА *22.04.2024- Фестивал на песни за деца ВЕСЕЛО ШТУРЧЕ За секој од горенаведените наслови, како што истакнаа на НУЦК “Бели Мугри” ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М.(49) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.03.2024 во трговски центар во Кочани, пријавениот се заканувал на адвокат од Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

Горан Иванишевиќ повеќе не е тренер на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Двајцата ја прекинаа соработката по речиси шест години. Веста дојде неочекувано, а ја објави Ѓоковиќ преку својот Инстаграм профил. „Јасно се сеќавам на денот кога штотуку го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Беше во 2018 година и јас и Маријан баравме некоја иновација, да донесеме некоја магија на сервисот во нашето дуо. Всушност, не само што добивме сервис, добивме и многу смеење, забава, години на првото место, соборени рекорди и уште 12 Грен слемови и неколку финалиња од тогаш. Спомнав ли малку драма? Нолефам…

ПОВЕЌЕ ...

Куманово-Гризли го доби дуелот со Баскет Кам со убедливи (76:61), и влезе во жестока битка со МЗТ Скопје за позицијата број 3 Со 22. реализации Муса ја предводеше екипата од Куманово до изненадувачки убедливата победа над бранителот на титулата. Американскиот двоец, Џане и Џонсон реализираа по 20.поени, додека искусната Алексиќ имаше 16. реализации во победата која ги држи девојките од Куманово во трката за третото мето на табелата. Во слабото издание на екипата од Македонска Каменица (трет пораз во сезоната), Зубац реализираше 25.поени, и беше најефикасен актер на овој дуел, Кметовска постигна 18, а Димова уште 10. поени.

ПОВЕЌЕ ...