Author: Media Point

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕШТЕНСТВОТО ПРИ СВЕТИОТ ХРАМ “СВ. УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА” ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА В недела, на 12. Мај 2024 година, во манастирот Св. Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса ќе биде чествувана Томина недела литургија на св.Јован Златоуст. Како што известуваат од свештенството, со чинот ќе чиночалствува Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г.Марко, во сослужение со свештенството од епископијата! – Со голема радост ги покануваме сите верници од општина Македонска Каменица и поширокиот регион, на заедничка молитва во Воскреснатиот Господ Исус Христос, а по завршувањето на Светата Литургија во дворот на манастирот ке биде поделен ручек за…

ПОВЕЌЕ ...

Граѓаните кои поднеле барање до 3 мај, ќе можат да ги подигнат своите изготвени лични карти и утре, на денот на двојните избори од 8 до 19часот. – Од 8 до 19 часот утре ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, – информираат од Министерството.

ПОВЕЌЕ ...

Се издава деловен простор на први и четврти кат во поранешна Управна зграда – строг ценар на Македонска Каменица. Просторот на први кат (поранешен Смарт маркет и игротека Детелника) има површина од 145 м², додека четвртиот кат има корисна површина од 165 м². Двата простори се целосно опремени и истите се погодни за повеќе видови на услужни дејности. Цена по договор. Повеќе информации можете да добиете на контакт телефонскиот број +39 3406164489 (Вибер).

ПОВЕЌЕ ...

На територијата на општина Македонска Каменица има вкупно 47 болни и изнемоштени лица, кои денеска во домашни услови ќе го искористат своето право на глас на претседателските и парламентарните избори, истакнуваат од Општинската изборна комисија во Македонска Каменица. Вкупен број на избирачи на претседателските избори во општина Македонска Каменица има 6641, додека за парламентарните избори тој број изнесува 6652 лица со право на глас. Сите избирачки места, во текот на утрешниот ден, ќе бидат отворени од 07:00 часот. Гласањето за парламентарните и претседателските избори ќе се одвива до 19:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска е Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден, најголемиот христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 23 април по новиот календар, односно на 6 мај по стариот календар. Овој празник го празнува не само христијанското, туку и целото население воопшто. Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и во Македонија, што значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на растителноста и на животот воопшто. Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка…

ПОВЕЌЕ ...

За утре, синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло, ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во попладневните часови во планинските подрачја има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата наутро ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а попладне ќе се движи во интервал од 16 до 25 степени. Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно сончево и тивко, а температурата ќе се искачи до…

ПОВЕЌЕ ...

ВОСКРЕСЕНИЕ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС – ВЕЛИГДЕН – пат до вечниот живот Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“. Затоа на Велигден пееме: „Христос воскресна од мртвите,/ со смртта, смртта ја победи,/ и на оние што се во гробовите/ живот им дарува“. Со право повеќемина истражувачи истакнуваат дека ако не постоеше Христово воскресение тоа требаше да се измисли, зашто…

ПОВЕЌЕ ...

По меѓусебна пресметка, сопружници од Виница завршиле во притвор Вчера во Виница биле приведени сопружниците С.Ѓ. (37) и С.Ѓ. (25) откако било пријавено дека најпрво сопругот физички ја нападнал неговата сопруга, а потоа и таа со остар предмет упатила закани кон партнерот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Велика сабота, ден на кој според Христијанското учење се спојува тагата за Исусовото распнување и радоста која ќе следи за Неговото воскресение. Денеска православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Тие уште наутро ги посетуваат храмовите каде со желби за здравје, среќа и мир ја слушаат литургијата и се причестуваат. Здравје прво за сите па за другото не сме многу за жалење. Најубав ден што може да постои, среќа и само убави работи да се случуваат, мир. Радост среќа, здравје се за мене значи. Секоја година откако знам за себе јајца фарбам,…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се одбележуваат 121 година од смртта на револуционерот Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен…

ПОВЕЌЕ ...