Author: Media Point

Изминатиот викенд, во просториите на СУГС „Никола Карев„ – Скопје и Интернационалниот Универзитет – Еуропа Прима, Младинскиот образовен форум го организираше Националното дебатно првенство 2024. Од Македонска Каменица на Националното дебатно првенство учествуваа 3 тима со 9 натпреварувачи и 2 двајца судии. Покрај тимовите „Пантери“ и „Наса“ беше и тимот на “Дабест” (Магдалена, Ирена и Анастасија) кои го освоија одличното 13 место, во конкуренција од 50 тимови од државата. Исто така, тимовите “Пантери” и “Наса“ исто остварија солиден пласман. – Ова беше 154 дебатен турнир во организација на Младинскиот образовен форум во последниве 25 години. Изминатите три дена…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на пензионери од Македонска Каменица се подготвува за уште едно издание на најголемата традиционална манифестација “Бабина Баница 2024” која и годинава ќе се одржи на манастирско – туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, Македонска Каменица. – Повелете, на 02. Јуни со почеток од 10:30 часот, заеднички да го проследиме настанот со традиционално приготвување на баница под вршник, со богата културно уметничка програма, музика, песни и ора, – велат во поканата од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, кои се и организатори на манифестацијата чија реализација е помогната од Општина Македонска Каменица и Културно информативниот центар “Романса”.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица во соработка со Културно информативниот центар “Романса” со пригодна програма ќе ја одбележи 80 годишнината од смртта на народниот херој Вера Јоциќ – македонска партизанка и југословенски првоборец од Втората светска војна. – По тој повод, КИЦ “Романса” ги поканува сите граѓани на општина Македонска Каменица, организации и институции од локалната самоуправа, на заедничко одбележување на годишнината од смртта на народниот херој Вера Јоциќ со пригодна програма и положување на свежо цвеќе, – стои во поканата од Културно информативниот центар Романса Настанот ќе се одржи на 22. Мај во среда пред споменикот на Вера Јоциќ во Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Голем успех на шахистите од Македонска Каменица во квалификациите за пласман во Втората шаховска лига на Македонија. Тие во рамки на последниот турнир одигран минатиот викенд, успеаја да се пласираат на 5 место од 18 екипи. Највпечатлив настап имаше нашиот сограѓанин и општински првак Лазо Стаменковски, кој успеа да освои 5,5 од вкупно 6 поени. Од Шаховскиот клуб “Каменица Саса” упатуваат благодарност до спонзорите и помагателите на клубот. Исто така, упатуваат честитки до сите членови на тимот за остварените успеси, како и до сите членови на клубот.

ПОВЕЌЕ ...

Третата недела по Велигден, Православната Црква ја посветува на жените Мироносници. Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г. Марко, отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. За време на Светата Литургија епископот одржа пригодна беседа во која накратко го појасни денешното Свето Евангелие за жените Мироносници. Овие жени беа првите кои ја објавија веста за Воскресението на Спасителот. Во денешната проповед епископот апелираше до верниците дека овој ден, слободно може, да го посветиме како ден на православнита жена. Мироносници претставуваат најдобар пример за непоколеблива вера и несебична љубов кон Бога, без оглед…

ПОВЕЌЕ ...

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип. Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случила попладнево во угостителски објект во Штип. Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори. Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица се приклучи кон најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2024. Акцијата започна со чистење на влезот на општината кај магистрала А3 и во неа главно учествуваа вработените во ЈП Камена Река и дел од ЕЛС Македонска Каменица. – Целта е сите да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, – истакнува градоначалникот Атанасовски кој денеска зеде активно учество во акцијата На оваа акција, како што дополни градоначалникот Атанасовски, може да ни се приклучат сите заинтересирани граѓани,…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава / издава стан од 53 м2 во центарот на Македонска Каменица. Станот е комплетно реновиран. Се наоѓа на улица Александар Македонски бр. 13/18 (Џамија). Дополнително, станот поседува и подрумски простор од 6 м2. Цена по договор. Повеќе информации можете да добиете на следниов телефонски број +389 71 565 956 (Бранко) Маркетинг/ Медиа Поинт

ПОВЕЌЕ ...

СОУ „Миле Јаневски Џингар“ организира Отворен ден на како дополнителна можност за полуматурантите од Македонска Каменица и регионот за запознавање со условите и предностите при продолжување на нивното образование во училиштето. – На прагот на вашето завршување на основното образование многу е важна одлуката каде да го продолжите средното образование. Нашето училиште ви нуди можност на отворениот ден на училиштето, кој ќе се одржи на 17.05.2024 (петок), од блиску да се запознаете со струките и образовните профили кои ги нудиме, како и разгледување на училниците и кабинетите, – велат во поканата од средношколскиот центар од Македонска Каменица Полуматурантите и нивните…

ПОВЕЌЕ ...

Во првиот меч од серијата која носи титула, Баскет кам 2011 го победи Вардар со резултат (65:59) Предноста од првата четвртина во која екипата од Македонска Каменица поведе со (26:17), се покажа како доволна за првиот поен во серијата која ќе го даде шампионот… БАСКЕТ КАМ 2011 – ВАРДАР    65:59 (1-0) (26-17; 12-13; 13-14; 14-15) Баскет кам 2011: Кметовска 15, Димова 18, Османи, Поп Димитровска 5, Ѓуковиќ, Адамовска, Николов, Ѓоргиевска, Максимовска 7, Зубац 20; Вардар: Димитријевиќ 14, Николиќ, Џангаровска, Тасевска 7, Деловска 2, Наков 13, Зафировска 9, Пислевска, Матие 14, Начевска, Мариновска; Бранителоѕ тна титулата, екипата на Баскет кам 2011 со победа…

ПОВЕЌЕ ...