Author: Media Point
Нови детали од утринската несреќа на експресниот пат Штип – Кочани. Според информациите, возилото изгубило контрола и удрило во четиресет и двегодишен работник од Штип кој ја косел тревата покрај коловозот, а потоа се превртело. Лицето е тешко повредено. Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми.
Шолја топол пијалак, направен дома со незасладено какао во прав, може да го зголеми внесот на влакна и да ве спречи да се чувствувате гладни. Здравствениот тренер Стив Бенет рече дека иако јаткастите плодови и семките се одлична храна со влакна, топлото чоколадо може да им помогне на луѓето кои сакаат благо. Влакната се варат полека, што ве прави да се чувствувате посити подолго време и може да ја намалат желбата за ужина, што често е поттик за зголемување на телесната тежина. Стив, автор на „Fiber First“, вели: „Ако имате повеќе влакна во вашата исхрана, ќе јадете помалку и ќе…
Утрово од 7 часот и 40 минути сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Дозволете ни да Ве воведеме во светот на совршената хармонија од неодоливите пица вкусови, – Пица Ресторан „Филитеа“ – Кочани Највкусните пици создадени со љубов! Искусно приготвени јадења со свежи состојки, полни со одбрани традиционални вкусови Пица ресторан „Филитеа“ Кочани Работно време: Секој ден од 08 – 24 часот Трговски центар Кочани – I кат Контакт телефон: 070 922 100 Дали сте подготвени за совршениот вкус на пица? Секое парче храна во „Филитеа“ ќе ве одведе на неверојатно патување со вкусовите на крцкавите и меки сирења, карамелизирани лукови со чили и пикантни сосови. Неодоливата комбинација на…
Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ ги прогласи најуспешните ученици од 2020/24 генерација. Првенец на генерацијата е Андреј Ѓорѓиевски – ученик во IVб клас при каменичкото средно училиште. – Секоја генерација е посебна и има свое обележје. Секоја генерација е дел од нас, дел од училиштето. Оваа година испраќаме уште една генерација, која несомнено беше уште една во низата успешни, – истакнуваат од училиштето за генерацијата 2020/24, која оваа учебна година го завршува средното образование Покрај Андреј Ѓорѓиевски кој се стекна со епитетот првенец на генерацијата, за истакнат ученик е прогласена Теона Илиевска. За најистакнат спортист во каменичкиот средношколски центар…
Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж – Норе од Македонска Каменица, во среда на 22.05.2024 година, ја спроведе првата од предвидените три обуки за воспоставување на ефикасен Локален младински совет во Македонска Каменица. На обуката 11 млади од Македонска Каменица се запознаа со основите на функционирање на општината, со структурата, надлежностите и со делокругот на работа. Оваа и следните обуки ќе им овозможат на младите да воспостават ефикасен Локален младински совет (ЛМС), кој од друга страна ќе придонесе кон вклучување на младите во процесите на креирање политики на локално ниво, унапредување на нивната положба во заедницата и градење…
Екипата на Баскет Кам 2011 е ново-стар шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција, откако вечерва, во третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, уште еднаш беше подобра од Вардар. По двете победи на свој терен во Македонска Каменица, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска славеа во „Кале“. Уште еднаш, доста тешко, но заслужено, со резултат 77-74, за максимални 3-0 во серијата која го даде новиот првак на Македонија. На тој начин, Баскет кам 2011 стигна до еден историски подвиг кога станува збор за македонската женска кошарка. Стана прва екипа на која ѝ пошло до рака да ги обедини трите…
Цветанка Димова е најкорисниот играч на финалната серија Имаше навистина одлични изданија во текот на трите натпревари во оваа финална серија на плеј-фот во женска конкуренција. И сосема заслужено, Цветанка Димова беше прогласена и за најкорисен играч на финалето на плеј-офот во кое сериозно му помогна на својот тим, Баскет кам 2011 да ја одбрани шампионската титула. Особено доминантни беа нејзините изданија на првите два меча од финалето, кога практично го одбрани домашниот терен. А играта на ново-стариот шампион не може(ше) да се замисли без нејзиното присуство на теренот и на третиот, и решавачки меч во серијата.
Девојките од Македонска Каменица беа подобри од Вардар и во третиот натпревар од финалето, славеа со (77:74) Екипата на баскет кам 2011 е ново-стар шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција, откако вечерва, во третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, уште еднаш беа подобри од Вардар. По двете победи на свој терен во Македонска Каменица, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска славеа и „Под Кале“. Уште еднаш, доста тешко, но заслужено, со резултат (77:74), за макасимални (3-0) во серијата која го даде новиот првак на Македонија. На тој начин, Баскет кам 2011 стигна до еден историски подвиг кога станува збор…
Македонска Каменица одбележа 80 години од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ Македонска Каменица, 22. Мај 2024 година – Oливера Верa Јоциќ е родена во Сингелиќ, Скопско на 21 август 1923 година, а животот го загубила во село Саса, Македонска Каменица, на 22 мај 1944 година. Таа е партизанка, македонски и југословенски првоборец и воено лице одликувано со Орден на народен херој. Денес, во Македонска Каменица, со пригодна програма и букети цвеќе беа одбележани 80 години откако Вера Јоциќ го положи животот за слободна татковина. На одбележувањето на годишнината од смртта, покрај делегација со градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски…
