Author: Media Point
ЕПИРОК има потреба од сервисери на рударски машини. Идеалните кандидати, пожелно е да имаат познавања од: Механика Хидраулика Електрика Доколку сте заинтересирани, за повеќе детали, јавете се на следните телефонски броеви: +38970359184 +38971267105 Или испратете CV (кратка биографија) на: goran.kalajdziski@epiroc.com; Stojche.novakov@epiroc.com Повеќе детали за компанијата на следниов линк: www.epiroc.com Маркетинг / Медиа Поинт
Денеска црквата го празнува споменот на Свети пророк Еремија, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г. Марко, отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Свети пророк Еремија” во Делчево. – За време на Светата Литургија епископот одржа пригодна беседа во која накратко го појасни житието на овој пророк кој живеел неколку векови пред раѓањето Христово. Истакна дека малку православни храмови има посветено на овој голем пророк. Исто така, г. Марко упати и кратки поуки до верниот народ околу традиција на соборите и ја појасни вистинската смисла и правилното сфаќање истите. Всушност секој ваков собир вистинската смисла ја добива само…
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 1,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат за 0,50 ден/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 74,00 ден/литар.
Се продава товарно возило ФОРД ТРАНЗИТ Возилото е во одлична состојба, целосно исправно. Погодно за транспорт на секаков вид материјали и стока со кипер приколка Возилото е регистрирано до 28. Март 2025 година Година на производство и прва регистрација на возилото: 2006 година Мотор Дизел 2.4 Максимална носивост на товар 970 кг Цена на возилото: 9000 евра Повеќе информации за возилото можете да добиете на следниот телефонски број: 075 752 800 (само на вибер) (маркетинг/медиа поинт)
Честување на христијанскиот празник Св. Тома (Томина недела) во манастирот Свети Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса. Со Светата литургија по повод денешниот христијански празник, од раните утрински часови, чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископ г. Марко во сослужение со свештенството при нашата Делчевско – каменичка епархија. Покрај многубројниот христијански народ од Македонска Каменица и поширокиот регион, на чествувањето на денешниот празник присуствува и градоначалникот Димчо Атанасовски заедно со директори и раководители од локалната самоуправа. Минатата година, токму на овој христијански празник Томина недела беше осветен манастирот Свети Архангел Михаил. Истиот, беше доизграден и реконструиран од локалното христијанско население од…
Во решавачкиот меч од полуфиналето, нашата екипа ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица беше убедлива против тимот полн со амбиции КК Крива Паланка (80:53) за конечни (2-1) во серијата Екипата на Баскет кам 2011 ќе има можност да ја брани шампионската титула откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналето, излезе како победник против екипата на Крива Паланка. На крајот, тоа делува и повеќе од убедливо (80:53), сосема доволно Баскет кам 2011 да ја затвори и оваа серија, која ги носи на мегдан односно финална серија против екипата на Вардар, која извесно, ќе стартува на 15.мај. БАСКЕТ КАМ 2011 –…
Нашата екипа ЖФК Каменица Саса и тетовски Љуботен ќе играат во битката за трофејот во Куп на Македонија, во реприза на минатогодишното финале во најмасовното клупско фудбалско натпреварување. Фудбалерките на Љуботен без поголеми проблеми во полуфиналето ја совладаа Тиверија со 5-1, додека Каменица Саса, на домашен терен, триумфираше против битолскиот Топ Гол со 2-1. Годинашното финале ќе се игра на 15 мај од 16 часот на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес. Трофејот го брани Љуботен кој лани во финалето во Ѓорче Петров славеше убедливо со 4-0. Двете екипи водат голема битка и за титулата во шампионатот. Во моментов, Љуботен има…
ДООЕЛ „ПАЈО ГО“ – како општествено одговорна компанија обезбеди бесплатен превоз за КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“ на сите гостувања во Македонија Општествено одговорната компанија ДООЕЛ „ПАЈО – ГО“ од Македонска Каменица продолжува да докажува дека елементарен приоритет во нивното работење е подобрувањето на условите за живот во заедницата. Нивната последна донација опфаќа значителна поддршка на нашето Културно уметничко друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, со која во иднина ќе биде помогнато работењето и развојот на друштвото. По завршувањето на денешниот работен состанок со Гоце Атнасовски – директор на ДООЕЛ „ПАЈО ГО“ – Македонска Каменица, претседателот на КУД „Вера Јоциќ“, Драго Лазаревски…
Здружението на пензионери Македонска Каменица ја најави 22. Ревија на песни, музика и игра. Ревијата ќе се одржи во среда на 15. Мај 2024 година, во Домот на култура во нашиот град Македонска Каменица. – Повелете заеднички да го проследиме настанот каде учесници ќе бидеме ние пензионерите од Македонска Каменица и Здруженијата на пензионери од Кочани, Виница, Пехчево, Берово и Делчево.
На 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
