Author: Media Point
Преку Соопштение за јавност, директорката на детската градинка „Бамби“ – Македонска Каменица, Тодорка Велиновска ги известува родителите дека установата започна да врши упис на деца од 9 (девет) месеци до 6 (шест) годишна возраст. Поради потребата од навремено формирање на групите, пожелно е уписот да бидде извршен до 15. Август 2024 година. Уписот може да биде извршен во секој работен ден, од 08:00 до 15:00 часот во просториите на ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и В.П.(55) од Кочани, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ во врска со „надрилекарство“. Од 2020 година до поднесување на пријавата, второпријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со тие што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и електро полнач, кои ги употребувал како бренер за загревање и за инхалација кај граѓаните, преку вдишување на оксиводородна смеса во гасовидна состојба, која се користела за индустриски цели.
Пораснавме со овој цртан: Пајо Паторот наполни 90 години! Цртаниот херој Пајо Паторот ја „виде светлината на денот“ денеска, односно на 9 јуни, само многу години порано, поточно во 1934 година. Пајо, бела патка, облечена во сино морнарско одело со сина капа и црвена машна, претставува еден од најпознатите ликови на Волт Дизни веќе 90 години. Доналд Дак, како што е оригиналното име на овој цртан херој, првпат се појави во цртаниот филм кој носи наслов Паметна мала кокошка. Една од главните причини за неговото појавување е тоа што Мики (Мики Маус) се намалуваше во популарноста и Волт Дизни сакаше…
Вчера, во Скопје се одржаа XIV Републичка пензионерска музичка ревија каде пензионерите од Македонска Каменица остварија солиден успех и во одлично светло го претставија нашиот град. Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија додели Признание за учество на 14. Музичка ревија на песни, музика и игри за Здружението на пензионери од Македонска Каменица, што своевидно доаѓа и како признание за целокупното успешно работење и организација на нашите пензионери раководени од претседателката Јаворка Соколова Како едно од најактивните Здруженија на пензионери во регионот, пензионерите од Македонска Каменица беа домаќини и победници на Регионалната ревија помеѓу здруженијата на пензионери од Кочани, Виница,…
Никогаш не се радувај пред време Во самиот финиш на трката во брзо одење на 20 километри на Европско првенство во Рим, Шпанката Лаура Гарсија-Каро самоуверено пред самиот крај крена раце во вис и со шпанско знаме во рацете почна да слави бронза. Ама во последен момент Украинката Људмила Ољановска ја претрка и и го зеде медалот од рака. izvor> off.net.mk
Пензионерите од нашиот град Македонска Каменица патуваат кон Скопје каде денеска ќе учествуваат на Републичката музичка пензионерска ревија. Минатиот месец, како домаќини беа победници на Регионалната ревија помеѓу здруженијата на пензионери од Кочани, Виница, Берово, Пехчево, Делчево и други градови од регионот. Им посакуваме многу успех, среќа и победа во денешниот натпревар.
Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски ги објави тековните работни активности поврзани со расчистување на постоечката и изградба на нова земјена патна инфраструктура во руралните средини. – Изминативе денови интензивно се работеше на расчистување и тампонирање на патишта во село Дулица со помош на расположливата механизација. Активностите ќе продолжат се до целосно завршување во сите селски средини во градот, а целта во наредниот период е асфалтирање на најгусто населените места, – истакнува Атанасовски во објавата на официјалниот налог од социјалните мрежи Линк до објавата: https://www.facebook.com/share/ArUDdKvxQLNVyqbS/?mibextid=oFDknk
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,892%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,433% и кај мазутот намалувањето е за 1,756%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е…
Општинската организација на Црвен крст – Делчево организира крводарителска акција во Домот на култура во Македонска Каменица Крводарителската акција, ќе се одржи во петок, на 07. Јуни 2024 година, со почеток во 09:30 часот, до 14:00 часот. -Оваа акција е со цел да се помогне на луѓето на кои им е потребна крв, за да останат во живот, бидејќи потребата од крв е универзална, велат од Општинската организација на Црвен крст – Делчево.
Средба на Епископот Марко со Митрополитот Серафим од Бугарската православна црква 04.06.2024 На 3 јуни 2024 год., на празникот посветен на Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, придружуван од претставници на свештенството и монаштвото од епархијата оствари средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Неврокопски г. Серафим, во соседна Бугарија. Средбата се одржа во седиштето на Митрополијата кое се наоѓа во градот Гоце Делчев. Оваа посета е прва од ваков карактер помеѓу двете соседни епархии откако е интронизиран Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Двајцата великодостојници најпрво меѓусебно разговараа за историјата на Неврокопската епархија и за новоформираната…
