Author: Media Point
Разводите во Македонија се зголемуваат секоја година, покажуваат податоците на Агенцијата за статистика. Зголемувањето во 2023 година е 9,4 отсто во однос на претходната година кога беа прекинати 1.765 бракови. Но, зошто, и што ја тера двојката да го надмине секој предизвик, за да избегне развод. За да дознаеме, ја прашавме најстарата, генерацијата која можеби го гледала разводот како последно средство. Граѓанин смета дека меѓу честите причини кои ги водат паровите до развод е и економската состојба. „Многу млади се мажат, а ја немаат таа семејна свест, потоа и „немањето“ ги тера да се разделат попрво, имаат многу деца, 2-3,…
Македонска Каменица, 19. Јуни 2024 година – Екипата на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, полека и сигурно, го гради тимот за новата натпреварувачка сезона. Вчера, во клубските простории македонскиот второлигаш ги претстави првите имиња. Дарко Алексовски – Пеле, Мартин Димоски – Робен и Александар Смилков остануваат во Македонска Каменица. Продолжувањето на соработката со играчите, кои со доаѓањето во редовите на ФК Каменица Саса во преодниот рок од минатата сезона донесоа поквалитетна игра и опстанок во второлигашкото друштво, ветува силен тим за претстојната сезона. – Чест и задоволство е продолжувањето на договорот со ФК Каменица Саса. Нашата цел со доаѓањето…
Откако секна водата за наводнување од АД Водостопанство „Брегалница“, земјоделците од општините Свети Николе и Лозово, денеска во 12:00 часот, целосно го блокираа експресниот пат Штип – Велес, кај местото викано Овче Поле. Блокадата траеше два часа, а причина за тоа е што немаат вода за наводнување на своите ниви од хидросистемот „Брегалница”. Директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов, потврдува дека од понеделникот е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот Регион и дека се следи план за наводнување. Јонче Додевски, земјоделец од селото Црнилиште, укажува дека имале вода за наводнување на земјоделските култури само во текот на викендот, дека…
Македонска Каменица, 18. Јуни 2024 година – На повеќе локации во Македонска Каменица се поставени контејнери за ситен електронски отпад и батерии. – Со ваквиот пристап и достапен сервис за селекција на опасниот отпад ќе спречиме истиот да заврши на неправилно место, – истакнуваат од општината, од каде упатуваат „Благодарност до Нула Отпад ДОО Скопје кои се меѓу првите редови за подигнување на јавната свест меѓу луѓето за правилна селекција на опасниот отпад и унапредување на квалитетот на животната средина“. Грижата на здравата и чиста средина е наш приоритет, а со промовирање на одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување…
Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. „Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво“, се додава во соопштението…
Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во четврток, на 20 јуни 2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (прво) терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.
Стојан Андов почина на 89 годишна возраст. Андов беше првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија. Тој е роден на 30 ноември 1935-тата година во Кавадарци. Беше лидер на Либералната партија и активен во политиката до неодамна.
Македонска Каменица, 16. Јуни 2024 година – Денеска, во црковниот двор од старата градска црква „Св. Пророк Илија“ во нашиот град Македонска Каменица, Неговото Преосвештенство Епископот делчевско – каменички г. Марко, во сослужение со епархиското свештенство, изврши осветување на темелите од новата епархиска резиденција во нашиот град. – „Голема радост ми претставува што денеска сме овде во Македонска Каменица и имаме таква радост и благослов од Бога да направиме осветување на темелите на резиденција на делчевско – каменичката епархија. Се ова се случува по иницијатива на градоначалникот Димчо Атанасовски на кого во оваа прилика сакаме јавно да му се заблагодариме…
Утре, в недела на 16. Јуни, во црквата Св. Пророк Илија во нашиот град Македонска Каменица, со Светата Божествена Архиерејска Литургија ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Делчевски каменички г.Марко. Пречекот на Епископот Марко ќе биде во 07:30 часот, а по завршувањето на Светата Литургија, ќе бидат поставени и осветени темелите на новата резиденција на нашата Делчевско каменичка Епископија. – За време на Светата Литургија и поставувањето на камен темелникот, покрај бројните верници и граѓани, ќе бидат присутни градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и претставници од локалната самоуправа.
Во рамки на програмата на Клубот на млади од Општинската организација на Црвен крст – Делчево во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица беше реализирана дисеминациска сесија. Истата беше спроведен со учениците од осмо одделение од страна на волонтер и обучен дисеминатор, Вања Ѓеоргиевска од ОО Црвен крст – Делчево.
