Author: Media Point

По повод големиот христијански празник Св. Дух, Духовден, месната заедница во село Саса број 1, ги известува граѓаните на Македонска Каменица и регионот дека на 23. Јуни 2024 година, организира ццрковно народен собир со ручек за здравје. Послужувањето на славскиот ручек започнува во 16:00 часот. – Ќе бидеме почестени со вашето присуство и однапред се заблагодарувам што заедно ќе го чествуваме овој голем христијански празник. Само така можеме да ги зачуваме христијснските и традиционалните вредности, – вели претседателот на Црковниот одбор во село Саса 1, Драган Маринковски.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20. Јуни 2024 година – Денеска, Општинското основно училиште “Св. Кирил и Методиј” ги додели свидетелствата на полуматурантите. – Им посакуваме да бидат горди на себе, на своите дела, како што и ние се гордееме на нивните успеси. Поминавме заедно девет години во школските клупи. Заедно ги доживувавме сите ваши радости, таги, успеси и неуспеси! Секоја генерација е посебна, секоја генерација има свое обележје, секоја генерација е дел од нас, – кажаа од училиштето по повод денешниот настан Годинава, првенец на генерацијата во каменичката деветолетка е Јана Димитровска – наш пример за ученик, кој го покажа патот по…

ПОВЕЌЕ ...

Десниот бек Дејан Гошевски од претстојното лето ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата. Oдличниот 24-годишен десен бек се сели во Хрватска, откако потпиша договор со тимот на Метковиќ Механика. Гошевски ги мина сите младински категории на составот на Металург, потоа играше една сезона за Охрид, пред да се пресели во Кавадарци. За Тиквеш настапуваше две сезони, а исто толку мина и во Голден Арт, од каде заминува во хрватскиот суперлигаш. Гошевски ќе биде вториот Македонец што ќе настапува за Метковиќ, откако Иван Марковски остави длабока трага и таму играше од 2000 до 2002 година.

ПОВЕЌЕ ...

Веќе една седмица главна тема во фудбалскиот свет се случувањата на Европското првенство, а за жал освен спортот имаше и други моменти кои се најдоа во центарот на вниманието. Така беше и на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска (2-2). Двете навивачки групи за време на натпреврот заеднички ги навредуваа Србите со националистички испади. Сепак, скандал се случи и по крајот на мечот. Имено, репрезентативецот Мирлинд Даку го зеде мегафонот и пријде пред трибината полна со албански навивачи. Тој почна да извикува пцовки против Македонците, а тоа секако дека го следеше и целата група. Ќе видиме дали УЕФА ќе реагира за овој испад на Албанецот…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20. Јуни 2024 година – Вчера, со почеток од 18.00 часот во ресторанот Шизик, од страна на претставници на здружението Надеж Норе од Македонска Каменица, на пригодна свеченост, им беа доделени сертификати, на членовите на дебатниот клуб од Македонска Каменица. Оваа година во Македонска Каменица преку здружението Надеж Норе, во соработка со Младинскиот Образовен Форум (МОФ) од Скопје, за прв пат во Македонска Каменица беше отворен дебатен клуб. Во истиот членуваат околу 30 младинци (средношколци) од општината Македонска Каменица, кои што почнувајки од месец Октомври 2023 па заклучно со данашниот ден, одржаа над 30 тренинзи и предавања…

ПОВЕЌЕ ...

Како што наведува спортскиот магазин Екипа, скандалозното навивање и заедничко скандирање на Хрватите и Албанците „Убиј го Србинот“ очекувано е главна тема кај нашиот северен сосед по вчерашниот меч одигран во Хамбург. Генералниот Секретар на Фудбалскиот Сојуз на Србија, Јован Шурбатовиќ, најви дека ќе се бараат најостри казни за двете селекции, заканувајќи се дури и со повлекување од ЕВРО 2024. „Она што се случи е скандалозно. Од УЕФА ќе бараме санкции, дури и по цена ние да не го продолжиме натпреварувањето. Сигурни сме дека ќе ги казнат, бидејќи УЕФА не трпи вакви провокации, па го избрка таканаречениот новинар кој ги…

ПОВЕЌЕ ...

Православната христијанска црква и верниците в сабота, на 22. Јуни 2024 година, ја одбележуваат задушница пред големиот празник Духовден. За таа цел, свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица упати Известување до верниците за распоредот и времето на присуство на свештените лица на вечните почивалишта на територија на општина Македонска Каменица. Р А С П О Р Е Д – с. Моштица 05:00 часот отец Мартин – с. Саса 05:00 часот отец Дарко – с. Луковица 07:00 часот отец Дарко – Грчки гробишта 07:00 часот отец Мартин – Стари градски гробишта Св.Илија 08:00 часот, отец Мартин…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе и третата обука со младите од Виница Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска Каменица, во среда на 14.06.2024 од 10:00 – 15:30 часот, ја спроведе и третата обука, со членови на Локалниот Младински Совет и Локалното собрание од Виница. Членови на локалните младински тела од Виница се запознаа со Организирање на работата на Локалниот младински совет, како и за ефикасно застапување на младинските политики. Во нивниот делокруг на работа, младите се запознаа со процедурите за работа и водење на потребната документација, начини на организирање на консултации со младите во…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе втората обука со младите од Виница Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска Каменица, во четврток на 13.06.2024 од 10:00 – 15:30 часот, ја спроведе втората од предвидените три обуки, со членови на Локалниот Младински Совет и Локалното собрание на млади во Виница. Младите од Виница се запознаа со Законот за младинско учество и младински политики, Младинските политики во Република Северна Македонија и Вовед во застапување за реализација на младински политики. Обуката ќе им овозможат на младите преку Локалниот младински совет, со заедничко учество, партиципација и консултации ефикасно и ефективно…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението Надеж од Македонска Каменица започна со градење на капацитетите на Локалниот младински совет во Виница Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска Каменица, во среда на 12.06.2024 од 10:00 – 15:30 часот, ја спроведе првата од предвидените три обуки, со членовите од Локалниот Младински Совет и Локалното собрание на млади во Виница. На обуката младите од Виница се запознаа со Основите на функционирање на општината, структура, делокруг на работа и надлежности. Оваа и следните обуки ќе им овозможат на младите да воспостават ефикасен Локален младински совет (ЛМС), кој од друга страна ќе придонесе кон вклучување…

ПОВЕЌЕ ...