Author: Media Point
Денеска, 24 јуни на празникот посветен на св. ап. Вартоломеј и Варнава, Епископот и свештенството од Делчевско-каменичката Епархија одржаа редовно свештеничко собрание. После молитвата, збор зеде Неговото Преосвештенство епископот г. Марко, кој татковски како духовен отец, се обрати на свештениците и при тоа им даде духовни совети, како постојано да покажуваат братска љубов во меѓусебните односи. Разговара за најразлични тековни активности и проблеми. Исто така, усогласија и правило за тоа како понатамошно ќе се извршува чинот на сите црковните треби. На крајот, Епископот им посака успешна мисија и искажа задоволство за досегашното разбирање и соработка од страна на свештениците.
Македонска Каменица, 24. Јуни 2024 година – Прочистувањето на отворените одводни канали пред најавата за поројни дождови е од витално значење за спречување на поплави и други штети по имотите на граѓаните. – Со вклучена крупна механизација денеска бевме вклучени во отстранување на насобраниот отпад, листопад, кал и други пречки кои можат да го блокираат протокот на водата во Грчки дол кај Долно маало во Македонска Каменица, – истакнаа од ЈП Камена Река додавајќи дека ќе продолжат со преземање на мерки за навремено чистење на отворените канали и суводолици во останатите приградски и рурални средини од нашата општина. Редовното одржување…
Денес, на вториот ден од празникот Педесетница кога се празнуваат и Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко богослужеше во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. Епископот по читањето на Светото Евангелие одржа пригодна беседа во која накратко го појасни празникот Педесетница. Особено истакна ,, Дека Бог нас не создал за да не обожи и затоа постојано, на секоја света Литургија му благодариме за се што ни дал не по наша заслуга. Секако Светиот Дух е присутен на секоја Света Литургија и со Негово содејство се осветуваат даровите, претворајќи се во вистинско Тело и…
На 22.06.2024 во 23.42 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на улица ,,Ленинова“ во Виница настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“ со беровски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.Г.(19) од с,Будинарци, беровско. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница. На местото бил извршен увид.
Нови повисоки цени на горивата Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари дизелот. Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство 75 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76,50 денари за литар. Се…
Земјоделските производители од кочанското село Грдовци попладнево организираа протест во оризовите ниви затоа што повеќе од половина месец нивните површини се оставени без вода. Реагирале до водостопанската поружница „Брегалница“ во Кочани од каде им одговориле дека е добиена наредба водата да се дистрибуира за потребите на земјоделските површини кај Свети Николе. -Оризовите полиња веќе трета недела се оставени без капка вода, ова е катастрофа, штетата ќе биде ненадоместлива. Оризот е специфична земјоделска култура која не се наводнува, туку за време на вегетацијата треба да биде целосно под вода. Токму во перидот кога најмногу му е потребна водата, растението е оставено…
Оризовите ниви во Кочанско поле половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат Земјоделските производители од кочанското село Грдовци попладнево организираа протест во оризовите ниви затоа што повеќе од половина месец нивните површини се оставени без вода. Реагирале до водостопанската поружница „Брегалница“ во Кочани од каде им одговориле дека е добиена наредба водата да се дистрибуира за потребите на земјоделските површини кај Свети Николе. -Оризовите полиња веќе трета недела се оставени без капка вода, ова е катастрофа, штетата ќе биде ненадоместлива. Оризот е специфична земјоделска култура која не се наводнува, туку за време на вегетацијата треба да биде целосно под вода.…
Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе Завршната прес конференција на проектот „Младите Можат“ Исполнети се само 70 % од резултатите предвидени со проектот „Младите можат“ изјави координаторот на проектот Тодор Цонев од Здружението „Надеж“ од Македонска Каменица. Проектот се спроведе со цел да даде придонес кон идентификување и решавање на локални младински проблеми со користење на системот заснован на права, со крајна цел воспоставување на два Локални Младински Совети (ЛМС) во Македонска Каменица и Виница. Со воспоставувањето на Локалните Младински Совети (ЛМС) младите добиваат гарантиран канал за комуникација со лакалните власти, кој ќе придонесе кон вклучувањето на младите…
Македонија е меѓу земјите со највисоки загуби на вода во регионот. Согласно податоците за 2023 година, загубите на ниво на цела држава изнесуваат меѓу 62 и 63 отсто. Според Регулаторната Комисија за енергетика, за намалување на загубите на вода од извор до чаша потребен е континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа, како и оптимизирање на бројот на вработени во јавните комунални претпријатија. Крајното решение го гледаат во преземање на целосна надлежност на регулаторот во формирање на крајната цена за водните услуги. – Гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на команиите, гарантираме дека ќе овозможиме поголем број на инвестиции и за…
По повод големиот христијански празник Света Троица (Педесетница – Духовден), на 23. Јуни во недела, на Магилката во Македонска Каменица ќе се одржи традиционален црковно народен собир со послужување на благословен славски ручек за здравје на населението. Благословувањето и послужувањето на ручекот за здравје ќе започне во 17:00 часот. Сите верници, наши сограѓани и добронамерници, може да повелат на „Магилката“ и заедно во духот на христијанството да го чествуваме големиот празник Света Троица. За многу години празникот, браќа и сестри христијани, Македонци!
