Author: Media Point

Здравите масти се суштински дел од урамнотежена исхрана и имаат бројни придобивки за целокупното здравје. Извор: кајгана.мк Овие типови на масти може да помогнат во контролата на телесната тежина и да го подобрат нивото на холестерол, па затоа треба почесто да се вклучуваат во исхраната. Додавањето храна која содржи здрави масти може да поттикне ситост, да го намали прејадувањето, па дури и да помогне во губење на тежината. Диететичарката и нутриционистка Јохана Ангман откри која храна богата со здрави масти треба да се јаде почесто за да се влијае на слабеењето и да се има низок холестерол. Авокадо Според She…

ПОВЕЌЕ ...

Искусни интернет-корисници знаат за постоењетона различни механизми за заштита, новите- НЕ, и тие најчесто наседнуваат на измами \ Фото: „Нова Македонија“ Претпазливоста и знаењето го чуваат домашниот буџет Купувањето со платежна картичка преку интернет не е нешто ново. Но сведоци сме дека купувањето на тој начин сѐ повеќе добива на популарност кај граѓаните а со тоа и на обем, па оние што се приклучуваат како нови корисници на таквиот вид пазарења не се докрај свесни за можните стапици што ги демнат при вршењето на ваквите трансакции. Новоприклучените на системот на онлајн купување станаа примарна цел на криминалците Напредните и поискусни…

ПОВЕЌЕ ...

Како што информираат од МВР, едниот случај бил во прилепско село, каде полициски службеници го лишиле од слобода А.Р. (36), постапувајќи по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријавила дека во временскиот период од 2021 година до вчера, нејзиниот татко А.Р., неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра. Од МВР велат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во Тетово, 31-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка. – На 28.06.2024…

ПОВЕЌЕ ...

Репрезентацијата на Србија не успеа да ја мине групната фаза на ЕП 2024, но тоа не беше пречка селекторот Драган Стојковиќ веднаш по враќањето во Белград да добие понуда вредна 10 милиони евра за извршување на истата функција, но во друга национална селекција. Според српските медиуми, тој бил бил контактиран од федерација на држава чие име засега се чува во тајност, а од каде што му бил понуден договор вреден огромни 10 милиони евра. Шпекулациите се дека Стојковиќ ваква богата понуда би можел да добие само од Блискиот Исток, поточно од Саудиска Арабија, која има премногу пари, но…

ПОВЕЌЕ ...

Повеќе Бугари од Македонци на пописот во Албанија Според резултатите од пописот што ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија живеат 2.281 граѓани кои се изјасниле како Македонци, додека како Бугари се попишале речиси осум илјади лица Се обистинија стравувањата на претставниците на македонската партија и здруженија во Албанија. Според извештаите на институтот за статистика ИНСТАТ, во Албанија по најновиот попис живеат повеќе Бугари од Македонци. Бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7.957, додека бројот на Македонци е 2 281. На претпоследниот попис во Албанија во 2011 година биле регистрирани 5.512 Македонци. Според најновите статистики податоци, голема бројка се декларирале како Eгипѓани…

ПОВЕЌЕ ...

Планинарска екипа на ПСК „Осогово“ од Кочани успешно ја заврши едонеделната експедиција за искачување на три врвови на Алпите, повисоки од четири илјади метри. Планинарите Тошо Антов, Зоран Николов, Душко Наумов и Маријан Стевановски, предводени од искусниот планински водич Александар Кирковски, се искачија на врвот Брајтхорн на 4160 метри, потоа на Пирамиде Винсент на 4250 метри и на крајот на врвот Балменхорн висок 4167 метри. -За време на експедицијата се соочивме многу лоши и тешки временски услови, проследени со силен ветер и снег, но сепак успеавме да ги поминеме сите пречки и да ја постигнеме нашата зацртана цел за искачување…

ПОВЕЌЕ ...

Известување од Општина Македонска Каменица до граѓаните во врска со надоместокот за јавно осветлување по донесеното Решение од Уставниот суд Известувањето ви го пренесуваме во целост: Во врска со надоместокот за јавно осветлување кој претставува законска обврска за плаќање согласно Законот за комунални такси, каде во член 3 став 3 јасно е предвидено дека под корисник на јавно осветлување се подразбира секој имател на броило од категоријата „домаќинство” и секој имател на броило од категоријата “останата потрошувачка”, Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски Ве информира дека, согласно законски преземените дејствија од страна на Општината, донесено е Решение од…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26. Јуни 2024 година – Општина Македонска Каменица започна до изградба на пречистителна станица во село Цера со што се решава повеќедецениски проблем на жителите од Стара Каменица и село Дулица со снабдувањето со чиста и здрава вода за пиење. – Денеска, започнавме со изградба на пречистителна станица за вода за пиење во село Цера, која во иднина ќе ги опслужува жителите на Стара Каменица и село Дулица со чиста и здрава вода за пиење, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски Овој капитален проект е во рамки на програмските активности на општина Македонска Каменица, кое опфаќа изградба на пречистителни…

ПОВЕЌЕ ...

ГРАДСКИОТ БАЗЕН ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ Македонска Каменица, 26. Јуни 2024 година – Јавното претпријатие Камена Река го најави почетокот со работа на Градскиот базен во Македонска Каменица. Вратите на градкиот базен за посетителите ќе бидат отворени утре, 27. Јуни четврток, во 12 часот. Во останатите денови од летната сезона, базенот ќе работи секој ден, во периодот од 10:00 до 18:00 часот. Почнувајќи од утре, како што изјави директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да го посетуваат Градскиот базен во Македонска Каменица како место за пливање, рекреација…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25. Јуни 2024 година – Репрезентативката Лекоска е нов чувар на мрежата на нашата екипа ЖФК Каменица САСА – Станува збор за репрезентативен голман и за еден од најдобрите голмани на балканот. Радосни сме што од денес Лекоска е чувар на нашата мрежа, – вели Зоран Златковски, стратег и тренер на шампионската екипа ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица Претходно, Лекоска има настапувано за Истатов, Скопје и Љуботен, каде ја носеше капитенската лента. – Со ангажманот на Лекоска добиваме екстра засилување, што дава сигурност дека целите на нашиот клуб ќе ги постигнеме заедно, – додава Златковски Екипата на…

ПОВЕЌЕ ...