Author: Media Point

Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица ја спроведе третата обука од проектот „Младите можат“ Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе и третата обука, со потенцијалните членови на Локалниот Младински Совет во Македонска Каменица. Младите од Македонска Каменица се запознаа со Организирање на работата на Локалниот младински совет. Во нивниот делокруг на работа, младите се запознаа со процедурите за работа и водење на потребната документација, начини на организирање на консултации со младите во општината, состаноци за информирање, консултации со локалното собрание на млади, подготовка на предлози и иницијативи до градоначалникот и претседател на…

ПОВЕЌЕ ...

Емисијата на стакленички гасови од еден хектар оризово поле, кое се одгледува под вода, е приближно колку едно возило кое поминува 100.000 километри. Ако во Кочани има 3,5 илјади хектари површина под ориз, може да се заклучи дека овој град двојно повеќе загадува со производството на оризот, отколку со возилата кои ги користат неговите жители. Преку овој пример, директорот на Земјоделскиот институт Виктор Ѓамовски пред учесниците на настанот „Проект NATI00NS – Мисија Договор за почвата за Европа“, укажа дека во земјава сè уште многу малку се води сметка за примената на одржливите практики во агро-секторот, а одговорноста за тоа ја…

ПОВЕЌЕ ...

Пронајдено е младото момче Стефан Ангеловски од Битола, за кого вчера беше објавено дека му се губи трага. Момчето било пронајдено во текот на утринските часови. Нема подетални информации каде е пронајдено. Претходно беше објавено дека Стефан е од битолската населба Горно Оризари и беше упатен апел за негово пронаоѓање.

ПОВЕЌЕ ...

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес,…

ПОВЕЌЕ ...

Исчезнато е лицето Стефан Ангеловски од нас. Горно Оризари. Младоро момче е восоко 190см. има тежина од околу 90 килограми. Стефан е облечен во црна маица, бермуди и бели патики. За било каква информација јавете се на 192. Добивајте вести на Viber

ПОВЕЌЕ ...

Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани за прв пат организира планинска велосипедска тура „Манданата 2024“ на јужните падини на Осоговските Планини. Настанот е закажан за ден 23 јуни (недела) со почеток во 9 часот во дворот на манастирот „Св.Илија“ во месноста Бочвенец, во аратот на с.Речани на околу 12 km оддалеченост од градот Кочани. Од стартот ќе се вози кон с. Крушка, потоа по сртот Дл”ги Дел, па патеката се спушта во Бела Река, за да потоа повторно се искачува кон планинското маало Мишино. Таму е планирана пауза, а воедно ќе се оддаде почест на револуционерот Стефан Мандалов…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица започна работни активности за трајно решавање на проблемите со водоснабдувањето на домаќинствата во село Саса – Реализацијата на овој проект има огромно значење за жителите од Саса. Покрај постојаното снабдување, тие добиваат проверена чиста и здрава вода за пиење, – устакнува Димчо Атанасовски градоначалник на општина Македонска Каменица, кој додава дека, истовремено се работи на изградба на прочистителна станица во село Цера која ги опфаќа домаќинствата во Стара Каменица и село Дулица.

ПОВЕЌЕ ...

Овој четврток православните христијани го слават Спасовден. Спасовден – празникот на христовото вознесение е еден од најголемите христијански празници. Спасовден секогаш е во четврток и се празнува 40 дена по Велигден. Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност четириесет дена по воскреснувањето. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обесил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и…

ПОВЕЌЕ ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите. ”Во таков случај и по прва самопомош е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Важно е да се потсети дека ако змијата е отровна, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се…

ПОВЕЌЕ ...

И денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло врме со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура се движи од 13 до 19, додека максималмата соодветно ќе биде во интервалот меѓу 24 и 39 Целзиусови степени. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8. Во Македонска Каменица и околината, исто така, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Темепратурата ќе досигне до 35 степени.

ПОВЕЌЕ ...