Author: Media Point
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен правец. Попладне, во јужните и југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до…
Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос пред четвртфиналето поради повреда на коленото. Тој денеска беше на лекарски прегледи откако се пожали дека лизгавата подлога на вчерашниот меч придонела за влошување на проблемот со коленото. По две маратонски победи во пет сета, Ѓоковиќ утре требаше да игра со Норвежанецот Каспер Руд, но претходно најави дека не е сигурен дали ќе биде способен за тоа. „Скенирањата покажаа дека Ѓоковиќ има скинат менискус во десното колено“, кажаа организаторите на Ролан Гарос. Ова е само продолжение на проблематичната сезона за Ѓоковиќ, кој нема освоено турнир, ниту има играно финале оваа…
Здружението Надеж – Норе од Македонска Каменица ја спроведе втората обука од проектот „Младите можат“ Македонска Каменица, 30. Мај 2024 година – Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска Каменица, во среда на 29.05.2024 година, ја спроведе втората од предвидените три обуки, со потенцијалните членови на Локалниот Младински Совет (ЛМС) во Македонска Каменица. Заинтересираноста на младите за учество на обуката се зголеми и 14 млади лица од Македонска Каменица се запознаа со Законот за младинско учество и младински политики, Младинските политики во Република Северна Македонија и Вовед во застапување за реализација на младински политики. Обуката ќе им…
Јуниорски Женски Евробаскет, 2-11. август, 2024 година Јуниорската женска селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркарки до 18 години односно на јуниорскиот Евробаскет, Дивизија Б. Одличните игри и постигнатите резултати во младинските лиги за шампионскиот тим на Баскет Кам, ја носат нашата Матеја Владимирова од Македонска Каменица, во составот на репрезентацијата на Македонија за кошаркарки до 18 години. Покрај Валдимирова, од составот на Баскет Кам – Македонска Каменица, учество ќе земат и Благица Илијева и Ана Ѓорѓиевска. Кошаркарките, предводени од селекторот Горан Крстевски и неговите асистенти Методија Бешлиовски и Јана Петрова ќе настапат на континенталниот собир од дивизија…
Како што истакнуваат од Општина Македонска Каменица, интензивирани се активностите на терен за чистење и уредување на локалните патишта, одводните атмосферски канали и водоводните линии во приградските и руралните средини и санација на штетите врз нив предизвикани од обилните врнежи во изминатиот период. Преку активностите на екипи од ЈП Камена Река, продолжуваме посветено да работиме во секое населено место. Паралелно вршиме подготвителни активности за изградба и реконструкција на повеќе патни правци во повеќе населени места на целата територија на општината, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски
Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, за јунската сесија се пријавени 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати…
Младински Евробаскет, 13-21. јули, 2024 година Младинската машка селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркари до 20 години односно на младинскиот Евробаскет, Дивизија А. Нашиот млад сограѓанин, 20-годишниот Стефан Гоцевски се најде во поширокиот состав на младинската машка репрезентација на Македонија. Гоцевски годинава бележи успешни настапи за скопски Работнички, а репрезентативно искуство има запишано со младинскиот состав до 15 години. Кошаркарите, предводени од селекторот Боро Смилковски и неговите асистенти Методија Бешлиовски и Миодраг Тодоровиќ, ќе настапат во Гдиња, Полска, во период од 13. до 21. јули. Првиот собир на оваа национална селекција е закажан за 10. Јуни,…
Змија вчера попладнето влегла во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Скопје. На фотографиите кои ги објави редакцијата на агенцијата Мета.мк, а ги испратиле студенти сместени во домот, се гледа змијата како е притисната на влезната врата од објектот. Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека се запознаени со настанот. Велевски вели дека вработените во институцијата уште вчера ја коселе тревата, а поради зголемениот обем на работа, помош побарале и од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“. Тој додава дека е потребно да се одржува теренот…
Гром удрил во авионот на македонските одбојкари Македонските одбојкари имаа ново патешествие, грум удрил во авионот на летот кон Скопје, па морале итно да се вратат во Цирих и принудно да слетаат. Одбојкарската репрезентација на Македонија во изминативе години имаше најразлични авантури, а популарните „спартанци“ сега можат да се „пофалат“ со нова неверојатна случка. На летот кон Скопје, гром удрил во нивниот авион, па пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих, каде принудно слетал. За среќа се поминало без посериозни проблеми, нашите одбојкари се сместиле во хотел, преноќиле во Цирих, и утрово со нов лет тргнале кон Скопје.…
Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на село Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Ф.Л. од село Град, делчевско и патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Н.Д. од Делчево, извести МВР. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Л., кој од здобиените повреди починал на пат кон болница. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопшти МВР. Возачот Н.Д. се здобил со телесни…
